fbpx

СДСМ: Грција сè уште живее во минатото

-

Недозволиво е министерот за надоворешни работи на Грција, Евангелос Велизелос, да го злоупотребува членството на неговата земја во Европска Унија и од таа позиција да си дозволува да ја условува Македонија во врска со наметнатиот спор. „Ерга омнес“ е нелогично барање на Грција, што не води кон решавање на проблемот, реагираат денеска од СДСМ на вчерашната изјава на грчкиот шеф на дипломатијата, кој рече дека грчката влада останува на барањето за име со географска одредница, која се инсистира да стои пред името Македонија и кое ќе биде за севкупна, односно и за внатрешна и за надворешна употреба.

„Со ваквите ставови, грчкиот министер уште еднаш потврди дека наместо да се води од европските политики на 21 век, што подразбираат интегрирање, дијалог и меѓусебно почитување, Република Грција, за жал, сè уште живее во минатото. Погрешните политики на Никола Груевски, за контрола на медиумскиот простор, судството, државните институции, отвораат простор за злоупотреба од грчката политика и од секој недобронамерен политичар, кон Република Македонија“, се вели во соопштението од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...