fbpx
Таг: сообраќај

таг: сообраќај

Снежните врнежи до понеделник ќе престанат, најмногу наврнало на Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Забрана за движење на тешки товарни возила има...

Снежните врнежи го отежнаа сообраќајот, забрана за камиони на неколку патни правци

Студениот бран со снежни врнежи што ја зафати Македонија, го отежна одвивањето на сообраќајот, но засега без застои и посериозни проблеми. Врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија, а поради ниските температури можна е и појава на голомразица, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Гостивар –...

Забрана за камиони кај Маврово и Стража, остатоци од снег на коловозите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа во Битола, Крива Паланка, Делчево, Демир Капија, Удово, Гостивар, Крушево, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар. АМСМ информира дека на регионалниот пат од село Рогачево до граничен премин Јажинце поради силен...

Старите возила загадуваат „со петта брзина“, власта мора итно да крене рачна (видео)

video
Користените возила донесени од странство од либерализацијата на нивниот увоз во март 2010 година ја преплавија Македонија, драстично го зголемија вкупниот број возила, а поради тоа што главно се увезуваа дизел автомобили, од пет наспрема еден претходно во корист на бензинските мотори, сега ситуацијата кај автомобилите е донесена во сооднос еден спрема еден. Тоа носи бројни ризици за состојбата...

Сугарески во Брисел побара поддршка од ЕУ за реализација на инфраструктурните проекти

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствува на вториот Министерски совет на ЕУ за Западен Балкан што се оддржува во Брисел во рамки на Договорот за основање на транспортната заедница. Во обраќањето пред присутните, Сугарески ја потенцираше важноста од примената на овој Договор, како основа за поврзување на Европската унија и земјите од Западен Балкан, а кој е во...

За да се намали сообраќајниот метеж: Користете јавен превоз или возете велосипед

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за да се намали сообраќајниот метеж во градовите им препорачува на граѓаните да користат јавен превоз секогаш кога можат, да возат велосипед, а кога веќе управуваат со автомобил, да ги почитуваат сообраќајните правила и по можност со еден автомобил да се превезуваат повеќемина. „Истражувањата покажуваат дека патувањето со јавен превоз е побезбедно...

Осумдесет отсто од дизелот го трошат камиони и автобуси (инфографик)

Половина од возилата кои се учесници во сообраќајот возат на дизел, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Дизел користат над 90 отсто од автобусите, 80 проценти од товарните возила и 48 отсто од автомобилите регистрирани во Македонија. „Речиси 80 отсто од дизел горивата кои се продаваат во Македонија се користат во транспортниот сектор, во тешките товарни возила и автобусите....

Макрадули: Со „Планот за чист воздух“ за 2 години аерозагадувањето ќе се намали до 50%

Намалување на загадувањето на воздухот за 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови во следните две години, предвидува „Планот за чист воздух“ на Владата кој денеска го презентираше заменикот-министер за животна средина, Јани Макрадули, а започна да се применува од вчера. За овој план во буџетот за 2019 година предвидени се 1,5 милиони евра почетни...

Мостот кај Градско е саниран, железничкиот сообраќај пуштен во употреба

Бетонскиот мост на железничката пруга кој се наоѓа меѓу станицата Градско и крстосница Кукуричани, поради кој железничкиот сообраќај на Kоридорот 10 беше во прекин, е комплетно саниран и од вечерва сообраќајот на овој дел ќе биде пуштен во употреба, информираа од МЖ „Инфраструктура“. „Пред пуштање на мостот за сообраќај, санацијата е извршена во специфични услови при што се извршени специјални прегледи и испитувања со пробно товарење согласно на член 27 од Правилникот за начинот...

Семафори на копче кои ќе ги палат/гасат пешаците за да се намали загадувањето

Кога наместо автоматските, наместени на одреден временски период, би се вовеле семафори на кои пешаците ќе може да вклучат зелено светло по потреба, би имало најмалку 6.000 непотребни запирања помалку секој ден, велат проф. д-р Кирил Сотировски и Бошко Цветковски од Шумарскиот факултет. Според проценките, секој ден во Скопје непотребно согоруваат најмалку по 100 литри гориво и непотребно се  испуштаат...

Затворена за сообраќај главната улица во Бутел 1 од кружниот тек до семафорите

Поради изградба на атмосферска канализација на улицата Александар Урдаревски во скопската населба Бутел 1, од денеска, во следниот месец, ќе биде затворена за сообраќај на потегот од кружниот тек до семафорите кај ТЦ „Живко Брајковски“, соопшти Општина Бутел. Поради зафатот што го реализираат општината и Град Скопје, сообраќајот ќе се одвива по улицата „Хо Ши Мин“  преку улицата „Цетинска“ или...

Продолжува сообраќајниот хаос во Тетово

Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, деновиве ги интензивира контролните активности за поголем ред со паркирањето во градот и законско санкционирање на непрописното паркираните возила. Сепак, граѓаните се жалат дека сообраќајниот хаос е секојдневна слика во Тетово, особено во попладневните часови. Велат, ниту зонското паркирање не ја регулира хаотичната ситуација во градот. Сликата за Тетово е таква веќе...

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од...

ЈСП: Дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека во пресрет на верските празници Св.Петка и Св.Пантелејмон, на ден 7, 8 и 9 август ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28. „Утре, 7 август (вторник), на линијата 69 која сообраќа од Транспортен центар до село Дивле, ќе се реализира едно поаѓање и тоа во 15.30 часот. На 8 август (среда), ќе...

АМСМ: Интензитетот надвор од градските средини е зголемен

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава...

Повеќе од еден милион патници патувале преку двата аеродрома, првите шест месеци

Повеќе од еден милион патници патувале преку двата аеродроми во Скопје и Охрид во првите шест месеци од годината, што претставува годишен пораст од 21 процент, во споредба со првата половина од 2017 година, информираат од „ТАВ Македонија“. Во истиот период, бројот на летови на двата македонски аеродроми достигнал 9.033, со годишен пораст од 16 проценти. - Додека европските аеродроми имаат...

Привремен сообраќаен режим претстојниот викенд на Водно

Градот Скопје информира дека на дел од улицата „Тодор Александров“ и патот кој води до Средно Водно, овој викенд ќе се одржи брзинско – ридски натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“. „За таа цел, дел од улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ул. Тодор Александров бр. 165) и патот до Средно Водно...

Посебен режим на сообраќај во центар попладнево

Поради посетата на британската премиерка Тереза Меј, попладнево во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај. За време на официјалната церемонија што ќе се одржи пред зградата на Владата околу 15.10 часот, сообраќајот на булеварот Илинден ќе биде целосно затворен и пренасочен по околните сообраќајници. Потоа за сообраќај околу 17 часот ќе биде целосно затворена и улицата„11 Октомври“ на...

Најмногу дожд во Куманово и Скопје, поплавени куќи и прекини на струјата

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово, 36 литри на метар квадратен и во Скопје - Петровец - 34 литри на метар квадратен, информираат од УХМР. Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци. Невремето, во одредени делови од Скопје, предизвика проблеми и во одвивањето на сообраќајот, како и...

Автопатот Демир Капија – Смоквица треба да обезбеди економски развој и безбедно патување

Со отворањето на 28,2 километри од автопатот Демир Капија – Смоквица го додадовме делот од Коридор 10 кој недостасуваше во земјата, рече генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон. Тој додаде дека овој автопат ќе го олесни движењето, ќе го поттикне економскиот развој и ќе обезбеди одржливо и побезбедно патување. Новата автопатска делница Демир...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...