ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека во пресрет на верските празници Св.Петка и Св.Пантелејмон, на ден 7, 8 и 9 август ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28.
„Утре, 7 август (вторник), на линијата 69 која сообраќа од Транспортен центар до село Дивле, ќе се реализира едно поаѓање и тоа во 15.30 часот. На 8 август (среда), ќе сообраќаат три автобуса од село Дивле кон Транспортен центар и тоа во 5.45, 15.30 и во 19.30 часот. Посочените поаѓања, всушност, се вонреден превоз имајќи предвид дека автобуската линија 69 сообраќа само за време на викенди. Во случајов, вонредниот превоз е по барање на црковниот одбор на „Св.Петка““, се вели во соопштението на ЈСП.
Од таму додаваат дека ЈСП Скопје ќе обезбеди и дополнителен број автобуси на линијата 28, в четврток и в петок.
„На 8 август (среда), освен редовните поаѓања утврдени со летниот возен ред, автобус на линијата 28 од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село) ќе има и во 17.20 часот, како и во 19.50 часот во обратен правец. На 9 август (четврток), вонреден автобус ќе има во 7.10 часот од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село), односно во 11.20 часот во обратен правец“, додаваат од Град Скопје.