За да се намали сообраќајниот метеж: Користете јавен превоз или возете велосипед

-

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за да се намали сообраќајниот метеж во градовите им препорачува на граѓаните да користат јавен превоз секогаш кога можат, да возат велосипед, а кога веќе управуваат со автомобил, да ги почитуваат сообраќајните правила и по можност со еден автомобил да се превезуваат повеќемина.

„Истражувањата покажуваат дека патувањето со јавен превоз е побезбедно и поефтино, отколку користењето на автомобил. Покрај тоа, јавниот превоз нуди можност за одмор, дружење и создавање нови познанства“, велат од РСБСП.

Во препораката за пешачење или возење велосипед, од советот велат дека најголем дел од релациите што секојдневно ги поминуваме во урбана средина, се на растојание до 5 километри. Дополнително, потсетуваат на логиката на тоа повеќе луѓе да се организираат и да се патуваат со едно возило до иста дестинација.

„Намалете ја брзината и држете безбедно растојание. Сообраќајниот метеж  изнудува грешки од возачите. Затоа намалете ја брзината и држете безбедно растојание, со цел да бидете во можност да избегнете несакани ситуации. Останете смирени и не возете слалом. Нервозата, нетрпеливоста и слалом возењето, дополнително го зголемува сообраќајниот метеж и го загрозува безбедното одвивање на сообраќајот.Не користете звучни сигнали непотребно. Звучниот сигнал создава нервоза и паника кај останатите учесници во сообраќајот и создава притисок кој води до непромислено однесување во сообраќајот“, велат од РСБСП.

Скопската Зоолошка градина од денеска е повторно отворена

Зоолошката градина во Скопје од денеска е повторно отворена за посетители, откако пред три недели Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврди случај на птичји грип кај угината гуска...