fbpx
Таг: сообраќај

таг: сообраќај

За да го намали загадувањето, Град Скопје ќе ги следи препораките од државниот кризен штаб

Започна намалувањето на вонредните мерки со кои се ограничи движењето на граѓаните, кои беа воведени со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Со забавување на човековите активности што и штетат на Земјата се намали загадувањето. Тоа го покажуваат и последните податоци за намалувањето на присуството на ПМ-2,5, ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во скопскиот воздух во текот...

Велосипедски здруженија предлагаат антикорона простор за велосипедисти и пешаци

Неформалното здружение за урбан велосипедизам „НаТочак“ и Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“, со поддршка од 40 формални и неформални организации упатија отворено писмо до надлежните институции за иницијативата „Простор анти корона“. „Нашиот предлог итни мерки се состои во поттикнување на луѓето да користат велосипед или да одат пеш преку зголемување на површините за возење велосипед и за пешачење во вид...

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Задушница

Сообраќајната полиција ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради верскиот празник Задушница во текот на утрешниот ден (21.02) петок, како и во деновите од викендот (22 и 23.02), сабота и недела во периодот од 06 до 16 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот. Министерството за...

За Водици ќе има изменет сообраќаен режим

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром и населбата Хром поради верскиот празник Водици на 19 јануари недела. „Во периодот од 10 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје...

Во Тетово два километра со автомобил се возат половина час (ВИДЕО)

Растојанието од два и пол километри за новогодишните празници за тетовци се претвори во 20 до 30 минути минати во автомобил, а завршувањето на овој потфат значи нови главоболки, бидејќи кога ќе стаса, започнува „борбата“ за наоѓање место за паркирање. Преоптоварениот сообраќај во Тетово го зголемува загадувањето на воздухот, бидејќи повеќето од возилата се од ниски еколошки категории и...

Пониските казни во сообраќајот стапуваат на сила пред Нова година

Одлуката на Владата, што се усвои на 29 октомври годинава, за намалување на казните во сообраќајот, е доставена во Собрание, а се очекува да стапи во сила пред Нова година најавуваат од МВР за „Порталб.мк“. Ова значи дека граѓаните и понатаму се казнуваат со старите, односно високи казни. „Одлуката е испратена до Собрание и треба да се изгласа за да...

Изменет сообраќаен режим поради верскиот празник Задушница

МВР информира дека поради верскиот празник Задушница денеска од 14 часот и на 2 ноември (сабота), во периодот од 06 до 16 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените...

Два јавно-приватни хеликоптера ќе пружаат брза помош, Владата ги намалува сообраќајните казни

Владата на вчерашната седница донела одлука да се склучи јавно-приватно партнерство со кое два хеликоптера од приватна фирма ќе пружаат брза помош на граѓаните и ќе вршат спасувачки операции. Како што соопштија од Владата, Хеликоптерскиот итен медицински систем (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) ќе ги води САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, која била избрана по јавен повик. „Најдоцна...

Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево

Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево во близина на село Истибања, кај местото „Саваро“ со што целосно е прекинат сообраќајот на тој патен правец. Според информациите од вработени во „Македонија пат“ теренот е незбезбеден, камења се рушат на секои пет минути и затоа возилата се пренасочуваат преку алтернативни сообраќајници. -Свлечиштето започнало да се руши околу 11...

Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово ќе биде во функција за 24 часа

Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово (Табановци) и во обратен правец е во прекин, поради излизгувањето на вагони од товарен воз на излезната свртница во кумановската железничка станица, што се случи изутрината околу два часот, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници“ „Во несреќата на товарниот воз, што се движел на релација Куманово-Скопје, нема повредени лица, но е...

Утре изменет сообраќаен режим поради верскиот празник Задушница

По повод верскиот празник Задушница, утре и за време на викендот, во периодот од 06 до 16 часот ќе има изменет сообраќаен режим во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, информираат од МВР. „Во Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се...

Затворена една лента на дел од aвтопатот Скопје – Велес

Левата коловозна лента на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу наплатна станица Сопот и Башино Село, денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај, информираат од АМСМ. Затворањето на коловозната лента е поради изведување градежни активности.На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Треба многу работа за да се среди сообраќајниот хаос во Тетово 

Во текот на 2018 година во Тетово се регистрирани вкупно 39.026 возила со тетовски регистарски таблички. Со население од околу 200.000 жители, сегашната патна мрежа е несоодветна за овие бројки, што може да се забележи од преоптоварениот сообраќај, пренесува „Порталб.мк“. Сообраќајниот хаос во Тетово е проблем со кој граѓаните се соочуваат секојдневно, долги колони, голем број несреќи, оштетување на патот,...

Посебен сообраќаен режим од вечерва до утре, поради Скопскиот маратон

Поради утрешното одржување на традиционалната спортска манифестација „Виз ер Скопски маратон 2019“ со почеток во 08.30 часот, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим долж трите тркачки патеки во рамки, почнувајќи од денеска во 19 часот, до утре (04 мај) до 18 часот. Имајќи предвид дека ќе се одвиваат трки со различна должина...

Денот на посетата на папата, 7 мај, сепак е работен ден

Иако претходно имаше најави дека е можно поради посетата на папата Франциск на Скопје, 7 мај да биде прогласен за неработен ден, тоа сепак нема да се случи и денот ќе биде работен, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Во текот на неговата посета на Скопје, каде ќе допатува од Бугарија, поглаварот на Римокатоличката црква, покрај средби со државниот врв, ќе...

Промена на режимот на сообраќај на два патни правци

Режимот на сообраќај на автопатската делница Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија, ќе биде променет од денеска до 26 април. Во наредните четири дена на патот Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија во близина на бензинската станица ќе се изведуваат градежни активности  при поставување индуктивни јамки, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Поради изведување градежни работи  режимот на сообраќај ќе биде изменет и на регионалниот...

СВР: Во Тетово и Гостивар учениците се возат во претоварени комбиња и со возачи без дозволи

Учениците во Тетово и Гостивар на школо одат во претоварени комбиња со кои управуваат возачи што немаат возачка дозвола, открил СВР Тетово при контрола на сообраќајот, известува „Порталб.мк“. - Вчера од 6 до 9 часот во Гостивар имаше акциска контрола на 35 комбиња од јавниот превоз. Притоа беше утврдено дека девет комбиња се претоварени, осум возачи немале лекарско уверение, тројца...

Автопатот Штип – Миладиновци е пуштен со времен сообраќаен режим

Многу шпекулации излегоа деновиве за пуштањето на автопатот Штип – Миладиновци, каде веќе десетина дена нормално се вози. Без застој или пренасочување може да се помине целиот автопат и од Штип до Скопје се доаѓа за педесетина минути. Веројатно поради тоа се подгреаја шекулациите дека патот деновиве ќе биде пуштен во употреба. Неофицијално дури имаше најава дека свеченоста ќе се...

Железничката станица во Скопје зјае празна – чека идеи и средства за нејзин развој

Празни перони, чекални и билетара ги пречекуваат посетителите на Железничката станица во Скопје. Во најголем дел од денот, маркантното дело на архитектот Кензо Танге зјае неискористено во услови кога Скопје секојдневно се соочува со сообраќаен метеж. Помалку од 40 возови дневно поаѓаат и пристигнуваат од оваа железничка станица, што резултира со неискористување на огромниот потенцијал што го има ова здание...

Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово

Нормализиран е сообраќајот на релацијата Скопје – Тетово, кој беше во прекин повеќе од три часа поради тешката сообраќајна несреќа на автобус, во која загинаа 13 лица. Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е пуштен во двата правци во 20.45 часот.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...