fbpx
Таг: Солун

таг: Солун

Солунското пристаниште апелира да престанат блокадите на Евзони

Грчките земјоделци продолжуваат со блокадата на граничниот премин Евзони, а повремено ја затвораат и железничката пруга од Грција кон Македонија кај преминот Идомени. Ова е интензивирање на штрајкот на земјоделците, кои се закануваат дека ако нивните барања за средба со премиерот Алексис Ципрас не се остварат, може да го блокираат и граничниот премин Идомени. Нов апел да се стави крај на...

Грчките блокади и замрзнатиот Дунав ја оптоварија железницата, се бара вагон повеќе

Железничкиот превоз e оптоварен и капацитетите на возовите се целосно исполнети, алармираа македонските компании кои бараат алтернативен превоз поради блокадата на граничниот премин Евзони од страна на грчките земјоделци, која трае веќе една недела. Директорот на Македонска железница „Транспорт“, Никола Костов за „Мета“ вели дека нема прекин на железничкиот сообраќај и редовните коминтенти се сервисираат навремено, но побарувачката за железнички превоз...

Павлопулос повторно со радикална реторика за Македонија

Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција и затоплените односи меѓу двете страни не го менуваат радикалниот став на грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос. Павлопулос од Воден, на денот на ослободувањето на градот, уште еднаш отворено посочи дека Македонија била е и ќе остане грчка. Како што пренесува грчката информативна агенција АПЕ, Павлопулос, кој денес беше прогласен за почесен граѓанин на...

Пад на прометот на солунското пристаниште

Прометот на солунското пристаниште опаднал за 20,4 отсто во првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Пристаништето во првите шест месеци годинава има промет од 21,1 милиони евра, во споредба со 26,6 милиони во првите шест месеци од 2015 година. Причината за намалената заработка и опсег на работа се проценува дека се двомесечната блокада на железничката...

Во октомври истекува рокот за понудите за приватизација на солунското пристаниште

Грчкиот фонд за приватизација во октомври ги очекува финалните понуди за приватизација на солунското пристаниште. Заинтересираните компании ќе треба да ги поднесат своите понуди на отворениот тендер до почетокот на октомври за преземање на мнозинскиот пакет од 67 отсто од акциите на солунското пристаниште. Во првата фаза од тендерот за приватизација на второто најголемо пристаниште во државата, кое значително го...

Солунскиот градоначалник Бутарис денеска во Охрид, во школата на Иванов

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис денеска ќе одржи говор на Школата за млади лидери на претседателот Ѓорге Иванов во Охрид. Предвидено е тој да има и посебна средба со Иванов, како и да присуствува на свечената вечера што ја организира македонскиот претседател. Солунскиот градоначалник под своја палка има една од најуспешните грчки винарници, како и резерватот за мечки и за диви животни „Арктурос“,...

Закочен товарниот сообраќај од солунското пристаниште кон Македонија

Повторно е закочен товарниот сообраќај од солунското пристаниште кон Македонија и Европа. Проблемот овојпат не е кај пристаништето, туку грчката железница. По завршувањето на штрајкот на вработените на железницата, приоритет е даден на потребите на пристаништето Пиреја, ставајќи ги во втор план клиентите на солунското пристаниште. Како што информираат извори од солунското пристаниште за „Мета“, веќе една недела нема возови...

Нема крај за штрајковите на грчките пристаништа

Вработените на пристаништата во Солун и во Пиреја од денеска прогласија нов 48-часовен прекин на работата, со што се продолжува минатонеделниот штрајк. Штрајкот трае веќе 19 дена и ги блокира целосно товарниот транспорт и превозот на патници. Вработените бараат пишани гаранции за нивните работи места за да нема отпуштања откако ќе се приватизираат пристаништата. Поради штрајкот, остануваат заглавени илјадници контејнери полни со...

Продолжува штрајкот на пристаништата во Солун и во Пиреја

Вработените на пристаништата во Пиреја и во Солун продолжуваат со штрајковите, блокирајќи ја целосно работата, истоварот и товарењето стоки и производи, но и протекот на патници. Штрајкот ќе продолжи и викендов, со што дополнително се отежнува истоварањето на околу 14 товарни бродови со контејнери и на товарни камиони, од кои голем број се за Македонија и кои чекаат во...

Македонскиот хор „Проарс“ настапи на фестивал во Солун

Солунската публика имаше можност викендов да ужива во настапот на македонскиот хор „Проарс“, на шестиот Светски фестивал на хорови за мјузикли во Солун. Фестивалот важи за една од поинтересните културни манифестации и веќе шест години се одржува во Солун. „Проарс“ имаше можност двапати на фестивалот да воодушеви со своите вокални и драмски можности. Хорот настапи на официјалното отворање, во фантастичниот антички...

Пожар во бегалскиот центар кај Солун, нема потешко повредени

Пожар изби попладнево во прифатниот бегалски центар во Дијавата, во близина на Солун. Огнените јазици пеплосаа повеќе од 20 шатори, но, за среќа, нема жртви, ниту повредени бегалци во центарот. Пет противпожарни возила подолго време го гаснеа огнот, поради што бегалскиот центар беше обвиен во црн чад, предизвикувајќи голема вознемиреност кај бегалците. Бегалците и пожарникарите стравуваа пожарот да не се прошири и на...

Попоски утре во Солун на регионален состанок за бегалската криза

По иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, утре и задутре во Солун ќе се одржи четрилатерална средба за бегалската криза меѓу Грција, Македонија, Албанија и Бугарија. На средбата се поканети министрите за надворешни работи и министрите за внатрешни работи на четирите земји за да се засилат дијалогот и соработката за справување со бегалската криза. Состанокот е организиран во...

Бегалците од Идомени повторно го блокираа автопатот Солун – Евзони

Бегалците од Идомени започнаа нов протест и блокада на автопатот Солун - Евзони кон македонско-грчката граница, јавува грчката телевизија „Мега“. Според телевизијата неколку стотици бегалци се распоредени на двете страни на автопатот и покрај сите мали патчиња кои водат кон автопатот со цел да не дозволат пристап на возилата. Утринава на автопатот немало проблеми и македонските граѓани кои патуваат...

Солунските хотелиери се надеваат на добра туристичка сезона

Солун се надева на добра туристичка сезона оваа година. Иако 2016 започна проблематично поради едномесечниот штрајк на земјоделците и собирањето на илјадници бегалци на Идомени, од градот кој е еден од омилените туристички дестинации на Македонциите, но и на Србите и другите балкански народи се надеваат дека работите да се нормализираат за да имаат позитивни резултати од годинешната туристичка...

Протест на бегалците во Солун

Стотина бегалци од мигрантскиот центар Диавата, протестираат во центарот на Солун со барање да се отворат границите. Бегалците сместени во прифатниот центар во близина на градот, попладнево со транспаренти тргнаа пеш на протест кон градот, скандирајќи ги своите барања да се отворат границите и апелирајќи дека живеат во лоши услови и сакаат да заминат од Грција. Протестот заврши во центарот на Солун,...

Македонски студенти и професори во посета на универзитети во Солун

Околу 100 студенти и професори од Филолошки факултет, Академијата за ликовни уметности, Правниот и од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје се во тридневна посета на Солун, најголемиот студентски центар во Грција, на покана на Друштвото за македонски студии. Студентите и професорите имаа можност да се запознаат со детали за работењето и за можностите за студии и...

Во Солун за мигрантите разговараат директорите на македонската и на грчката полиција

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, денеска е на билатерален состанок во Солун со својот колега, директорот на грчката полиција, Константинос Сувалас, соопшти МВР. На средбата, која е на покана на шефот на грчката полиција, ќе се разговара за мигрантската криза и за подобрување на соработката меѓу двете полиции. Според МВР, состанокот е...

Грчки цариник со спреј оштетил регистарски ознаки на македонски камион

Македонски камионџија вчера на граничниот премин Богородица пријавил дека грчки цариник со спреј му ја оштетил задната регистерска табличка и ознаката „МК“ на товарното возило, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, додека возачот на камионот службено бил на солунското пристаниште, при извршувањето на царинските формалности, службеник на грчката царина со син спреј ја испрскал задната регистарска табличка на...

Македонската современа литература ги освои симпатиите на читателите на солунскиот Саем за книга

Саемот за книга во Солун отвори можност за продлабочување на македонско-грчката соработка на полето на културата, литературата и научно-истражувачката дејност. На саемот, по повеќе од една деценија одржување, првпат на иницијатива и со поддршка на Генералниот конзулат на Македонија во Солун и конзулот Маја Апостолова, беше поставен македонски штанд и беа претставени истражувачката дејност на врвниот славист проф. Вера Стојчевска Антиќ,...

Ќе се доделуваат стипендии „Борис Трајковски“

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска во Вила „Водно“, ќе се обрати на свеченоста по повод доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2014/2015 година. Стипендиите се доделуваат за студии од втор циклус на извршната програма за бизнис и администрација при „Сити-колеџ“ - Меѓународен факултет во состав на Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, од Солун, Република Грција. Стипендиите „Борис...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...