fbpx

Протест на бегалците во Солун

-

Стотина бегалци од мигрантскиот центар Диавата, протестираат во центарот на Солун со барање да се отворат границите.

Бегалците сместени во прифатниот центар во близина на градот, попладнево со транспаренти тргнаа пеш на протест кон градот, скандирајќи ги своите барања да се отворат границите и апелирајќи дека живеат во лоши услови и сакаат да заминат од Грција.

Протестот заврши во центарот на Солун, на плоштадот Аристотел. Неизвесно е засега дали бегалците ќе останат да кампуваат и да протестираат на плоштадот.

Протести имаше и на Идомени, на железничката пруга, по утринската блокада на автопатот Солун – Евзони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...