fbpx
Таг: сојуз на средношколци

таг: сојуз на средношколци

Сојузот на средношколци го продолжува бојкотот на наставата, МОН вели дека тоа е „неоправдано“

По вчерашната одлука на Сојузот на средношколци и следнава седмица да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите, денеска реагираше Министерството за образование и наука, кое порача дека барањата се неприфатливи, а бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите. Од Сојузот бараат на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои едниот задолжителен мајчин...

Сојузот на средношколци од Собранието бара привремена законска измена за државната матура

Денеска е последен ден од бојкотот на средношколците, а викендов тие ќе одлучуваат кои ќе бидат нивните идни чекори во врска со наставата, велат од Сојузот на средношколци. Како што потенцираат оттаму, до Собранието е доставено и барање до пратениците да одржат јавна дебата за нивните барања на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои...

Дел од средношколците продолжуваат со бојкот на наставата, МОН вели матурата ќе се одржи

Бојкотот на онлајн наставата на дел од средношколците во земјава продолжи и денеска, при што Министерството за образование и наука (МОН) и Сојузот на средношколци не отстапуваат од своите позиции. Од МОН информираат дека министерката Мила Царовска денеска одржала онлајн состанок со директорите на средните училишта, на кој е донесен заклучок дека МОН има законска обврска да ја организира...

Зимскиот рапуст заврши, дел од матурантите ја бојкотираат онлајн наставата

Од денеска учениците ја продолжуваат наставата од второто полугодие од учебната 2020/2021 година, откако вчера заврши тринеделниот зимскиот распуст. Наставата како и досега, ќе се одвива онлајн преку електронските алатки, со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, како и учениците во средните стручни училишта. Од Сојузот на средношколци велат дека...

Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата од второто полугодие

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија соопшти дека заедно со матурантите ќе ја бојкотира наставата од второто полугодие која започнува во четврток, 21 јануари, се додека нивните барања не бидат прифатени од образовните институции. Тие бараат на државната матура да има испити по два предмети, по примерот на Франција, со што задолжителен прв предмет да биде мајчин јазик (македонски,...

Пандемијата наметна промени во образованието како никогаш досега, средношколците бараа вклученост во носењето одлуки

Минатата година ова време никој не насетуваше дека образованието ќе се соочи со еден од најголемите предизвици досега. Со појавата на пандемијата со корона вирусот, минатогодишниот март беше клучната точка кога работите почнаа да се менуваат. Тогаш се затворија училиштата, градинките, па дури и факултетите. Беа забранети собири, наставата се пренесе на електронски алатки преку онлајн пристап, а студентите...

Сојузот на средношколци бара наместо четири да се полагаат два предмета на државната матура

Едно од нашите барања во врска со државната матура е да се намали бројот на предметите кои се полагаат. Од четири, предлагаме учениците да полагаат два предмета. Второто барање се однесува на материјалот што се учеше преку далечинско учење кога започна кризата, односно истиот да не биде вклучен во државната матура, изјави денеска Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на...

Оваа година не треба да се одржи државна матура бидејќи нема да биде ефективна, смета Сојузот на средношколци

Имајќи ги во предвид состојбите со менталното здравје на средношколците, како и стресот предизвикан од несигурностите со пандемијата со ковид-19, државната матура нема да биде ефективно тестирање за матурантите во оваа учебна година. Лошата состојба со наставата од далечина од март до јуни 2020 година, дополнета со скратените наставни програми поради пролонгираниот почеток на оваа учебна година, само ја...

Поради состојбата со ковид-19, Сојузот на средношколци одлучи засега да не ја бојкотира онлајн наставата

Викендов Сојузот на средношколци донесе одлука да не организира бојкот на онлајн настава во моментов. Иако уште од пред почетокот на учебната година Сојузот бараше настава со физичко присуство, овој пат го сменија својот став бидејќи како што велат тие, “сегашната ситуација со пандемијата тоа го направи невозможно, барем за овој момент“. Претходно, од Сојузот на средношколци најавија дека ќе...

Ако се подобри ситуацијата со ковид-19, Сојузот на средношколци бара во ноември учениците да се вратат во училиштата

Од утре ќе започнеме со онлајн настава и ќе ја следиме епидемиолошката состојба во државата, ако е стабилна, тогаш од 1 ноември ќе бараме постепено да се вратиме во училиштата со комбиниран пристап, во спротивно ќе ја бојкотираме онлајн наставата, изјави Бленди Ходаи, претседателот на Сојузот на средношколци, на денешното свое излагање пред Министерството за образование и наука, непосредно...

Нема повеќе протести, средношколците се помирија со одлуката за настава од далечина

„Порталб.мк“ дознава дека Сојузот на средношколци има донесено одлука за прекин на организираните протести против онлајн наставата и учениците ќе ја почитуваат одлуката на Министерството за образование во соработка со Комисијата за инфективни болести, односно за одржување настава од дистанца. Сепак, Ходаи најави дека постојано ќе ја следат епидемиолошката состојба за можноста за враќање во училници, пишува „Порталб.мк“. Дека ваквата...

Сојузот на средношколци најави дека ќе продолжи со активностите додека не им се прифатат сите барања

Од Сојузот на средношколци упатија потсетување до надлежните институции дека иако дел од нивните барања се исполнети, сепак остануваат уште две неисполнети. Како што велат тие, на многуте средби со владините претставници, станува јасно дека нивните барања стануваат сè повеќе прифатени од Владата, како на пример барањето учебната година да започне на 1 октомври. Изјавите на министерката за образование и...

Средношколците во понеделник на протест: „Комплексни проблеми не може да се решаваат со едноставни одговори“

Комбинирано или хибридно учење како најефикасен начин за настава во време на пандемија и децентрализиран пристап – секоја општина и училиште посебно да одлучат за најбезбедниот начин за одвивање на наставата, ќе бараат средношколците на протестот кој е закажан за во понеделник. Истиот ќе започне пред Министерството за образование и наука, а ќе заврши пред Влада, најавија организаторите од...

Хелсиншки: Закани и навреди кон Ходаи за да се омаловажи и нападне неговиот активистички ангажман

Бруталните закани и говорот на омраза упатени кон младиот активист Бленди Ходаи се најсвеж пример дека на нашето општество му е неопходно темелно справување со овој феномен, кој има долгорочни разорувачки ефекти во меѓуетничките односи и севкупната општествена кохезија, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права по последните објави кои Ходаи ги сподели на социјалните мрежи откако кон него...

Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат за моделот на наставата

Денеска премиерот Оливер Спасовски, заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за образование, Арбер Адеми, министерот за здравство, Венко Филипче и заменик-министерката за образование, Елизабета Наумоска, се сретнаа со делегација на Сојузот на средношколци, предводена од претседателот на сојузот, Бленди Ходаи. „Моделот за комбинирано организирање на наставата онлајн со алатки за интернет комуникација и со...

Корупцијата во (не)платеното образованието, на учениците им се земаат пари на незаконски начин

Некои по 50 денари, а другите по 100 денари, така, според учениците, некои средни училишта во Северна Македонија, со години противзаконски земале пари од учениците, за да овие добијат свидетелството. Иако сите директори кои ги контактиравме негираат такво нешто, „Порталб.мк“ обезбеди порака на еден професор кој бара пари од учениците за ова, а разговаравме и со неколку ученици. За нив, оваа практика веќе...

Средношколците се жалат дека класните раководители им барале пари за свидетелства, директорите негираат

Според Сојузот на средношколци на РСМ, класните раководители во средните училишта во државава на учениците им барале пари за свидетелства, во спротивно учениците не ги добивале истите сè додека не ја платат предвидената такса. Во Сојузот на средношколци сметаат дека барањето пари од учениците го загрозува јавниот и бесплатниот карактер на државното образование. „Знаевме дека овие појави се случуваат поради...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...