fbpx
Таг: слем-поезија

таг: слем-поезија

Отворен конкурсот за учество на националниот натпревар во слем-поезија

По 12 години одржување со над 100 изведувачи и изведувачки, седум национални претставници на Европското и два на Светското слем-првенство, повторно е отворен конкурсот за учество на традиционалниот национален слем-натпревар. Од Поетри слем – Македонија информираа дека националниот слем-шампионат ќе се одржи во Прилеп во текот на вториот или третиот викенд од октомври. Заинтересираните учесници можат да се пријават со два...

Македонија со свој учесник на Светското слем првенство на вицешампион(к)и

По долги години пауза, по вторпат македонски претставник ќе учествува на светско првенство во слем-поезија, соопштија од Поетри слем – Македонија. Станува збор за новото Светско првенство на вицешампион(к)и, што за првпат се организира по иницијатива на Светската организација за слем-поезија, во која членуваат сите земји во светот со активна слем сцена, вклучително и од кај нас. Светското првенство ќе се...

Никола Дукоски беше македонски претставник на Европското слем првенство во Брисел

Македонскиот слемер Никола Дукоски ја претставуваше Македонија на Европското слем првенство во Брисел, Белгија, кое се одржа од 8 до 10 декември годинава. Дукоски се натпреваруваше заедно со 19 други национални претставници и претставнички од вкупно 20 европски земји. Овогодинешна земја-победничка на Европското слем првенство е Белгија, а победата ѝ ја однесе претставничката Мари Дара. Како што соопштија од „Поетри Слем...

Горазд Китановски- Кени е победник на националниот слем натпревар

Во киното „Мис Стон“ во Прилеп викендов се одржа единаесеттиот национален слем натпревар, на кој за титулата национален победник/национална победничка се натпреваруваа дваесеттина слемери и слемерки. Национален победник во слем-поезија за 2021 година е младиот слемер и изведувач Горазд Китановски- Кени од Скопје, соопштија од Поетри слем на Македонија. Кени ѝ е познат на јавноста по својот поетски перформанс на изведување...

Прилеп во недела ќе биде домаќин на 11. национален слем-натпревар

На 10 октомври (недела), со почеток од 20.30 часот, во Прилеп ќе се одржи единаесеттиот национален слем-натпревар, информираат од Poetry SLAM Macedonia. Настанот со физичко присуство ќе се одржи на летната сцена на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“, но ќе се почитуваат сите мерки за спречување на ширењето на ковид-19. За титулата на национален победник/победничка годинава ќе се натпреваруваат:...

Во тек е пријавувањето за работилницата „Слем за животот во Скопје“

Во тек е конкурсот за пријавување на креативно-едукативната работилница „Слем за животот во Скопје“, која е отворена за лица од сите возрасти што живеат или престојуваат во главниот град. Работилницата е составена од три дела и на неа ќе се работи на пишување слем-поезија, вежби за слем-изведба и снимање слем-видео. Ментор(к) на работилниците ќе бидат Елена Пренџова, Игор Трпчески и...

Повик за учество на националниот натпревар во слем-поезија

„Поетри слем Македонија“ го распиша конкурсот за учество на националниот слем-натпревар, кој годинава ќе се одржи по 11-ти пат. Авторите на конкурсот можат да се пријават со два авторски текста, поезија или проза, на слободна тема, кои се соодветни за изведба во времетраење од 3 до 5 минути. Организаторите на традиционалниот слем-натпревар појаснуваат дека текстовите треба да бидат приложени во еден...

Денеска слем поезија во центарот на Скопје и промоција на Зборник на Поетри слем

Во покровителство на Град Скопје и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ - Скопје, Поетри слем Македонија денеска со почеток од 19 часот ќе го промовираат Зборникот на националниот слем од 2020 година. Организаторите од Поетри слем Македонија ги покануваат граѓаните за присуство на настанот, потенцирајќи дека тој ќе биде најалтернативната можна промоција на книга. Настанот ќе биде јавен,...

Во тек е пријавувањето за едукативно-креативната работилница „Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст“

Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст
Во тек е пријавување на учеснички и учесници за едукативно-креативната работилница за слем поезија „Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст“, која ќе се реализира во месец јуни. На работилницата можат да се пријават заинтересираните лица од сите возрасти и од цела Македонија, а повикот за пријавување е отворен до 30 мај. „Осовременувајќи ја Сирма Војвода во урбан контекст“ претставува...

Олза Олзета победи на Европското слем-првенство, Трпчески со „Духот на тишината“ не влезе во финале

Игор Трпчески
Олза Олзета од Шпанија е победничка на седмото Европско слем-првенство кое годинава се одржа целосно онлајн во организација на Младинскиот културен центар во Марибор, Словенија и СиСлем – словенечката мрежа за слем-поезија. Таа во полуфиналето настапи со поемата „Бегам“ (Huyo), додека победничката изведба ѝ беше насловена „Трахеотомија“ (Traqueotomía). Годинава слем-првенството за првпат се одржа онлајн. Однапред снимените изведби на 19...

Игор Трпчески е македонскиот претставник на Европското слем-првенство, јавноста ќе може да гласа онлајн

Европско слем првенство 2020
Игор Трпчески ќе ја претставува Македонија на годинешното Европско првенство во слем-поезија, кое ќе се одржи на 4 и 5 декември во Марибор во Словенија. Организатор на првенството е Младинскот културен центар во Марибор во коорганизација со СиСлем – Словенечката мрежа за слем-поезија. Поради вонредните услови, настанот годинава ќе се случува целосно онлајн, а гледачите ќе имаат можност да...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...