Отворен конкурсот за учество на националниот натпревар во слем-поезија

фото: Поетри слем Македонија

По 12 години одржување со над 100 изведувачи и изведувачки, седум национални претставници на Европското и два на Светското слем-првенство, повторно е отворен конкурсот за учество на традиционалниот национален слем-натпревар.

Од Поетри слем – Македонија информираа дека националниот слем-шампионат ќе се одржи во Прилеп во текот на вториот или третиот викенд од октомври.

Заинтересираните учесници можат да се пријават со два авторски текста – проза или поезија, на слободна тема, соодветни за изведба во времетраење од три до пет минути.

Избраните учесници и учеснички ќе се натпреваруваат на националниот слем натпревар, додека нивните текстови ќе бидат објавени во заеднички зборник. Победникот или победничката ќе ја претставува Македонија на Европското слем-првенство.

Текстовите се испраќаат на е-адресата [email protected] најдоцна до 11 септември, а повеќе информации можат да се најдат на овој линк.