Денеска слем поезија во центарот на Скопје и промоција на Зборник на Поетри слем

Во покровителство на Град Скопје и во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје, Поетри слем Македонија денеска со почеток од 19 часот ќе го промовираат Зборникот на националниот слем од 2020 година.

Организаторите од Поетри слем Македонија ги покануваат граѓаните за присуство на настанот, потенцирајќи дека тој ќе биде најалтернативната можна промоција на книга.

Настанот ќе биде јавен, ќе се одржи под отворено небо и на него добредојдени се сите намерни и случајни минувач(к)и. Публиката заедно со слемер(к)ите ќе се движи од пред Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје спроти гимназијата Јосип Броз Тито до Старата скопска чаршија. Притоа, на неколку попатни локации во центарот на Скопје слемерите ќе застануваат за да изведуваат слем поезија.