Повик за учество на националниот натпревар во слем-поезија

Фото: Poetry Slam Macedonia

„Поетри слем Македонија“ го распиша конкурсот за учество на националниот слем-натпревар, кој годинава ќе се одржи по 11-ти пат.

Авторите на конкурсот можат да се пријават со два авторски текста, поезија или проза, на слободна тема, кои се соодветни за изведба во времетраење од 3 до 5 минути.

Организаторите на традиционалниот слем-натпревар појаснуваат дека текстовите треба да бидат приложени во еден ист Ворд документ и напишани со македонска поддршка со фонтот Times New Roman. Документот кој се испраќа треба да биде насловен со името и презимето на пријавените автори, а текстовите се испраќаат на електронската адреса: [email protected] најдоцна до 13 септември, до полноќ. Повеќе информации можат да се најдат на овој линк.

Избраните автори ќе се натпреваруваат на националниот слем-натпревар, кој на почетокот на октомври ќе се одржи во Прилеп. Текстовите на сите натпреварувачи ќе бидат објавени во заеднички зборник. Победникот/победничката на националниот слем-натпревар ќе ја претставува Македонија на Европското слем-првенство.

Инаку, минатата година претставник на нашата земја на Европското првенство во слем-поезија, кое се одржа во Марибор, Словенија, беше Игор Трпчески.