fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Притворен скопски дилер на дрога

Дваесет и петгодишниот скопјанец Б.А. доби кривична пријава и 30 дена притвор поради основано сомневање дека сторил кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што соопшти МВР, Б.А., почнувајќи од крајот на минатата и во текот на оваа година, неовластено набавил, точно неутврдено количество наркотична дрога – марихуана, која ја држел во својот дом...

Скопје: Кумановец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Дваесет и четиригодишниот кумановец Д.К се наоѓа во критична состојба откако синоќа доживеал тешка сообраќајна несреќа на булеварот Борис Трајковски, во близина на „Стаклара“. Во несреќата учествувале возило „бе-ем-ве“ со кумановски регистарски таблички, со кој управувал Д.К и автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички. Во сообраќајката полесно се повредени возачот на „пасатот“, М.К (42), и неговата сопруга Љ.К. .

Почна пријавувањето за „Новогодишни бои на Скопје“

Градот Скопје и годинава, во рамките на новогодишните и божикните свечености, ја организира веќе традиционалната манифестација „Новогодишни бои на Скопје“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови и работни простории и да придонесат во разубавување на празничниот амбиент на градот. Заинтересираните граѓани и правни субјекти кои сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно...

Почнува „Скопје постер-фестивал“

Вечерва во Младинскиот културен центар, почнува седмото издание на „Скопје постер-фестивал“, под мотото „Дизајн за мир“. Жирито на Фестивалот ќе треба да избере победници од вкупно 2.023 постери. Организатори се Здружението за графички дизајн „Плакарт“ и МКЦ.

Владата ќе гради централа за производство на струја за клиниката „Мајка Тереза“

Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за почнување постапка за изградба на когенеративна електрична централа за произдводство на струја и на топлинска енергија, за снабдување на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со електрична и со топлинска енергија. Како што изјави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, од ноември 2013 година, Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ се затоплува на гас,...

Манчевски: Во два часот наутро, Коце и мнозинството донесоа буџет против интересите на Скопје

Коце Трајановски во текот на целиот ден не присуствуваше на седницата во расправата за буџетот на Град Скопје. Тој не беше тука да го брани сопствениот буџет и интересите на граѓаните, оние кои го гласале, рече на прес-конференција Дамјан Манчевски, координатор на советничката група „Сојуз за иднината“. - Коце Трајановски и владејачкото мнозинство, вечерва, во два часот наутро, го усвоија буџетот, којшто...

Почина истакнатиот македонски сликар Милош Коџоман

Синоќа, по кратко боледување, почина истакнатиот македонски сликар Милош Коџоман. Коџоман е роден во 1952 година во Скопје. За неговата уметничка дејност снимени се три филма, „Повик“, „Долап“ и „Бои на времето“.

Нова година скопјани ќе ја дочекаат пред Порта „Македонија“

Градот Скопје годинава централната прослава за дочекот на Нова година ќе ја организира пред Порта „Македонија“. Од Градот сè уште не откриваат кој ќе ги забавува скопјани за „најлудата ноќ“.

Привремен сообраќаен режим на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

В сабота, 22 ноември, поради изведување градежни активности, на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено поставен режим. Привремен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на булеварот, на потегот од крстосницата со булеварот 8 Септември до крстосницата со улицата Московска.

Делови од Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населбите Бутел, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров. Како што информираат оттаму, од 8.30 до 9.30 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од улица Максим Горки и од дел од улица Никола Вапцаров во општина Центар. Во периодот...

Коце Трајановски на средба со месните и урбаните заедници во Сарај

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Сарај, Беким Мурати, и директорите на јавните градски претпријатија денеска присуствуваа на акција за чистење и за уредување на реонскиот парк во Сарај. Оваа акција во општината Сарај е дел од единаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните и на месните заедници. Овие три дена...

Изложба на најдобри фотографии на конкурсот на Град Скопје

Вчеравечер во изложбениот салон на Културно-информативниот центар - Скопје, беше отворена изложба на фотографии од конкурсот за избор на најдобра фотографија, со мотиви од Скопје, како за наградените, така и за фотографиите, кои влегле во потесниот круг на избор од конкурсите во 2013 и во 2014 година Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во рамки на отворањето на изложбата на...

Генерал Патрик де Русиер во посета на Македонија

Од денеска во дводневна посета на Македонија ќе престојува претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русиер. Генерал Русиер ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средби со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, и со министерот за одбрана, Зоран Јолевски. За утре се планирани средби со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот...

Незири – Исмаили: Унапредување на економската соработка со поддршка од Европска Унија

Министерот за економија, Беким Незири, денеска во просториите на министерството, оствари средба со косовскиот министер за економски развој, Фадил Исмаили. На состанокот се разговарало за тековната соработка во трговската и во економската сфера. - Постојните билатерални односи помеѓу Реублика Македонија и Република Косово се добра основа за натамошно надградување и за унапредување на соработката. Денешната средба е резултат на договорот...

Детски саем во „Скопје сити мол“

Четвртиот саем за деца од четврток до недела, ќе се одржи „Скопје сити мол“. Богатата програма вклучува попусти и голем број едукативни игри, конкурси, натпревари, детска мини-олимпијада, дружење со македонските фудбалски ѕвезди, претстави, како и детска модна ревија.  

Грчки студенти во посета на Македонија

Студенти од солунскиот факултет „Македонија“ утре доаѓаат во посета и на предавања во Скопје. Околу 70 студенти од отсекот за балкански студии на факултетот, ќе присуствуваат на предавања на Факултетот за етнологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По предавањата е предвидена прошетка низ Скопје и посета на Музејот на македонската борба и жртвите од комунизмот. Целта на посетата е подобро...

Прогласени најдобрите угостителски објекти за 2014 година

Град Скопје и годинава ја продолжува традицијата и, во соработка со агенцијата „СВОТ рисрч“, го реализираше проектот за избор на најдобар угостителски објект. Овој проект се спроведува седма година по ред, а плакетите на најдобрите три гостилници и на најдобрите три ресторани, денеска им ги врачи Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој. Годинава најдобрите три гостилници се: 1....

Средба на урбаните заедници во Чаир

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити и директорите на јавните градски претпријатија, денеска присуствуваа на акција на јавните претпријатија, што во наредните три дена ќе се спроведува на територијата на оваа општина, како дел од единаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните и на месните заедници. Три...

Студентите се упатија кон Владата на Република Македонија

Повеќе стотици студенти денеска се собраа пред комплексот факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на марш против идејата на владата да воведе екстерно оценување на универзитетот. Тие маршот го продолжија кон седиштето на Владата на Република Македонија. Според најавите од Министерството за образование и наука, испитот треба да се спроведува двапати: првпат кога студентот ќе ја заврши втора година од студиите, со прашања...

Трајановски и Меџити ќе присуствуваат на акција за чистење во Чаир

Денеска, во 13 часот, на булевар Цветан Димов (во близина на супермаркетот „Веро“), градоначалниците на Град Скопје и на Општина Чаир, Коце Трајановски и Изет Меџити, ќе присуствуваат на акција за чистење што се спроведува во оваа општина. По посетата на терен, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со урбаните и со месните заедници од Општина Чаир, како дел од единаесеттиот...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...