fbpx

Коце Трајановски на средба со месните и урбаните заедници во Сарај

-

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Сарај, Беким Мурати, и директорите на јавните градски претпријатија денеска присуствуваа на акција за чистење и за уредување на реонскиот парк во Сарај.

Оваа акција во општината Сарај е дел од единаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните и на месните заедници.

Овие три дена јавните претпријатија на Градот Скопје на територијата на општина Сарај, со луѓе и со механизација ќе работат на терен во областите на нивно дејствување.

– Посетите на овие општини и средбите со претставниците од месните и од урбаните заедници придонесоа за зголемување на ефикасноста на јавните претпријатија, но и за подобрувањето на соработката меѓу Општина Сарај од една, и Градот Скопје и јавните претпријатија од друга страна. Оваа соработка придонесе и за реализација на голем број проекти на територијата на Општина Сарај, проекти кои со децении се одложуваа. Најважен проект, секако е изградбата на новиот мост на реката Вардар помеѓу општините Сарај и Ѓорче Петров. Изминатиот период целосно ја реконструиравме и асфалтиравме и главната улица во село Крушопек, изграден е нов пат меѓу селата Копаница и Рашче, а поставено е и ново улично осветлување на патот од село Глумово до влезот на хидроцентралата „Матка“ – рече Трајановски.

Како дел од најголемите инфраструктурни проекти што ќе се реализираат на територијата на Сарај во 2015 година, градоначалникот Трајановски го наведе проектот за реконструкција и за проширување на главната улица во Сарај. Наредната година ќе се работи на изработка на проекти, по што ќе почне и неговата реализација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...