Владата ќе гради централа за производство на струја за клиниката „Мајка Тереза“

Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за почнување постапка за изградба на когенеративна електрична централа за произдводство на струја и на топлинска енергија, за снабдување на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со електрична и со топлинска енергија.

Како што изјави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, од ноември 2013 година, Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ се затоплува на гас, а досега за целиот период (декември 2013 – ноември 2014) е евидентирана вкупна заштеда во износ поголем од 40 милиони денари (40.431.045 денари).