fbpx

Делови од Скопје утре без струја

-

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населбите Бутел, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров.

Како што информираат оттаму, од 8.30 до 9.30 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од улица Максим Горки и од дел од улица Никола Вапцаров во општина Центар. Во периодот од од 8.30 до 14.30 часот, дел од корисниците во село Љубанци, општина Бутел ќе бидат без електрично напојување, а од 9 до 13 часот, и дел од корисниците од улица Христо Татарчев,поранешна Сава Ковачевиќ, во општина Кисела Вода. Во периодот од 9 до 15 часот, корисниците од булевар Митрополит Теодосиј Гологанов од број 160 до број 186, како и корисниците од улица Јуриј Гагарин, ТЦ „Олимпико“ и корисниците од булевар Партизански одреди број 70 и број 72а, во општина Карпош, ќе бидат привремени исклучени од електричното напојување. Од 10 до 13 часот, пак, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица Крчин, дел од улицата Загрепска и дел од улица Леринска, исто така во општина Карпош. Без електрична енергија во периодот од 10 до 15.30 часот, ќе бидат дел од корисниците на улицата Арсениј Јовков и на улицата Црногорска, во општина Ѓорче Петров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...