fbpx
Таг: Сирија

таг: Сирија

Лавров: Руски авиони носат опрема и помош за Сирија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека руски авиони кои летаат во Сирија, на земјата ѝ испорачуваат воена опрема и хуманитарна помош, не коментирајќи ја загриженоста на САД и на НАТО дека руските сили почнале да учествуваат во операциите во Сирија. Русија го поддржуваше претседателот на Сирија, Башар ал Асад, во текот на четиригодишната граѓанска војна во...

Исламистички бунтовници ја зазеле воздухопловната база во Идлиб во Сирија

Сириски бунтовници поврзани со Ал Каеда, по двегодишна опсада ја презеле контролата на една од клучните воздухопловни бази во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на земјата, соопштила сириската државна телевизија, пренесува „Би-Би-Си“. Воздухопловната база Абу ал-Духур, беше последното упориште на режимот во Дамаск во провинцијата, која е под речиси целосна контрола на бунтовниците. Милитантите кои стојат зад нападот се верува дека...

ИД зазеде нафтено поле во Централна Сирија

Припадници на Исламска држава зазедоа нафтено поле во централниот дел на Сирија, соопштија денеска опозициските активисти. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека екстремистите синоќа го зазеле нафтеното поле во жесток конфликт со владините сили во провинцијата Хомс. Шефот на опсерваторијата, Рами Абдурахман, рекол дека инженерите од нафтеното поле се преместени во гасното поле Шаер, кое...

Франција планира воздушни напади против ИД во Сирија

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, наредил армијата да се подготви за почнување воздушни напади врз позиции на Исламска држава (ИД) во Сирија, јавуваат светските медиуми. Според информациите, Оланд изјавил дека Франција утре треба да почне со извидувачки прелети, како дел од подготовките за напад на милитантите на ИД. Тој, истовремено, отфрлил секаква можност за ангажирање копнени трупи во Сирија. Според Оланд, станува збор...

Како ИД профитира: Артефактите од Палмира веќе се на продажба во Лондон!

Исламска држава (ИД) ги продава статуите, ликовите изработени во камен и фреските што интернационалните дилери на археолошки артефакти ги бараат, ги зема парите, ги предава реликвиите и потоа ги крева во воздух храмовите и градбите од каде потекнуваат за да ги прикрие доказите за тоа што е ограбено. Ова е одговорот што либанско-францускиот археолог Џоан Фарках (Joanne Farchakh) го дава...

Малиот Ајлан Курди и семејството погребани во Кобане

Двете сириски момчиња, тригодишниот Ајлан и петгодишниот Галип Курди, и нивната мајка, Рехам, кои се удавија при обид да стигнат до Грција, денеска се погребани во сирискиот град Кобене, соопштија очевидци. Фотографијата од телото на тригодишниот Ајлан Курди, кое водата го исфрли на турскиот брег, е објавена во медиумите ширум светот и предизвика сочувство и бес поради недоволното залагање на...

Мекдад: Турција ги поттикнува бегалците да одат на Запад

Заменик-министерот за внатрешни работи на Сирија, Фаисал Мекдад, изјави дека сириската влада не може да се скрие пред одговорноста за ситуацијата во земјата и настанатата бегалска криза, но додаде дека Турција, која вдоми голем број бегалци, ги поттикнува бегалците да одат на Запад. - Ги повикуваме сите Сиријци да се вратат во земјата затоа што тоа е единственото вистинско место...

„Вашингтон пост“: ЦИА и специјалните единици убиваат исламисти во Сирија

ЦИА и американските специјалните сили почнале тајни операции во Сирија, чија цел е ликвидација на таканаречената Исламска држава, која важи за посебно опасна територија, објави весникот „Вашингтон пост“. Според весникот, ЦИА и Заедничката команда за специјални сили пратиле дронови во Сирија, а резултатите од таа соработка се неколкуте неодамнешни напади на високи оперативци на ИД. Меѓу убиените е и британскиот милитант...

ЕУ свика итен состанок за мигрантската криза

Европската унија (ЕУ) свика итен состанок на кој земјите-членки на унијата ќе разговараат околу ескалацијата на мигрантската криза, јавува „Би-Би-Си“. Според информациите, претседателството на ЕУ ги повика министрите за внатрешни работи на сите 28 земји-членки да одржат вонреден состанок на 14 септември, бидејќи, како што се наведува во изјавата на ЕУ, кризата достигнала „невидени размери“. „Ситуацијата со миграцијата надвор и во...

ИД зазеде пет села на северот на Сирија

Исламска држава презела пет села од сириските бунтовници во северна Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, додавајќи дека џихадистичката организација напредува во регионот во кој Турција и САД планифраат да отворат нов фронт против радикалната група. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Цавусоглу во понеделникот изјави дека два НАТО сојузника наскоро ќе започнат „сеопфатна“ воздушна операција со цел да...

Сирискиот претседател останува убеден во поддршката на Москва и Техеран

Сирискиот претседател, Башар ал-Асад е убеден дека континуираната поддршка што ја добива од Иран и Русија ќе продолжи и во иднина. Новиот бран преговори, кои се во тек, за разрешување на конфликтот во Сирија, како што јавува „Би-Би-Си“, ги подгрева шпекулациите дека Асад би можел да биде притиснат околу постигнувањето на конечен договор. Од друга страна сирискиот претседател, во контекст на...

Исламска држава објави фотографии од уништувањето на Палмира

Исламска држава (ИД) објави фотографии од, како што може да се види од нив, уништувањето на храмот Балшамин во античкиот град Палмира во Сирија, кој е на листата на УНЕСКО на светски културни богатства. На фотографиите кои циркулираат меѓу поддржувачите на џихадистичката група, можеле да се видат милитанти на ИД како поставуваат експлозив во храмот, а на една од фотографиите...

САД ќе прими една до две илјади бегалци од Сирија

САД би требало следната година да примат меѓу пет и осум илјади сириски бегалци, објави портпаролот на американското министерство за надворешни работи Џон Кирби. - Вашингтон би требало на своја територија да прими меѓу една и две илјади сириски бегалци оваа година и меѓу 5.000 и 8.000 следната година – рече Кирби. Шефот на УНХЦР, Антонио Гутерес во јули соопшти дека...

Милитанти на ИД го уништиле храмот Балшамин во Палмира

Милитанти на Исламска држава (ИД) го срушиле храмот Балшамин во античкиот град Палмира во Сирија, кој е дел од светското културно наследство и е на листата на УНЕСКО, соопштиле властите и активистите во Сирија. Според сириските власти, милитантите на ИД го кренале храмот во воздух вчера, додека пак според извештаите на сириската опсерваторија за човекови права со седиште во...

Сирија: 34 мртви во нападите на Дума

Најмалку 34 лица загинаа во бомбардирањето на сирискиот град Дума, во близина на Дамаск, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права со седиште во Бејрут. - Во нападите на владините сили на Дума загинаа 34 лица, меѓу кои 12 се деца и осум се жени – изјави директорот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман. Истовремено, во ракетен напад на сектор под контрола...

Самоубиствен напад против Курдите во Сирија, 11 загинати

Најмалку 11 луѓе, поголемиот дел припадници на курдските сили за безбедност, беа убиени денес во самоубиствениот бомбашки напад на главниот штаб на курдските сили во североисточниот сириски град Камишили, јави невладината Сириска опсерваторија за човекови права. Сириската новинска агенција „Сана“ исто така извести за нападот и наведе дека биле убиени 12 луѓе, а дека повредени се 50. Директорот на Опсерваторијата, Абдел...

ИД погуби научник во Палмира

Припадниците на терористичката организација Исламска држава го погубија еден од најистакнатите експерти за антиквитети Калед Асад (81) во сирискиот град Палмира, пренесоа сириските државни медиуми. Државната новинска агенција САНА и сириската Опсерваторија за човекови права соопштија дека екстремистите на ИД во вторникот му ја отсекле главата на Асад на плоштадот пред градскиот музеј. Шефот на музејскиот оддел за антиквитети во Дамаск,...

ОН: Жестока осуда за нападот на цивили во Сирија

Потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања и координаторот за итна помош, Стивен О’Брајан, жестоко го осуди нападот на цивили во Сирија. - Ужаснат сум од целосното непочитување на животот на цивилите во овој конфлит. Нападите врз цивили мора да престанат – рече О’Брајан на конференцијата за новинари во Дамаск. Бројот на жртвите во серијата воздушни напади на сириските сили во...

Воздушен напад на пазар во Сирија, 70 загинати

Најмалку 70 луѓе загинале во серија на воздушни напади на сириските силе на еден пазар во Дума, град кој го држат бунтовниците, во близина на Дамаск. Како што соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, ранети се околу 200 луѓе, а билансот на жртви, од кои повеќето се цивили, најверојатно ќе расте бидејќи многу од ранетите се во тешка состојба. Директорот на...

МВР уапси уште еден осомничен во акцијата „Ќелија“

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера, во рамките на акцијата „Ќелија“, привеле уште едно лице, кое е осомничено дека било дел од групата што врбувала македонски државјани за учество во борбите во Сирија и во Ирак, на страната на џихадистите од Исламска држава. Како што соопштува МВР, станува збор за 24-годишниот Ф.И. од Скопје, кој според досегашните сознанија од...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...