Исламска држава презела пет села од сириските бунтовници во северна Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, додавајќи дека џихадистичката организација напредува во регионот во кој Турција и САД планифраат да отворат нов фронт против радикалната група.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Цавусоглу во понеделникот изјави дека два НАТО сојузника наскоро ќе започнат „сеопфатна“ воздушна операција со цел да се протераат милитантите од пограничниот регион.