fbpx

Исламска држава објави фотографии од уништувањето на Палмира

-

Исламска држава (ИД) објави фотографии од, како што може да се види од нив, уништувањето на храмот Балшамин во античкиот град Палмира во Сирија, кој е на листата на УНЕСКО на светски културни богатства.

На фотографиите кои циркулираат меѓу поддржувачите на џихадистичката група, можеле да се видат милитанти на ИД како поставуваат експлозив во храмот, а на една од фотографиите се гледа голема експлозија.

Сириските власти и активисти во неделата, објавија дека милитанти на ИД го кренале во воздух древниот храм во Палмира изграден пред речиси 2.000 години.

Од УНЕСКО вчера соопштија дека намерното уништување на сириското културно наследство е воено злосторство.

Генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова ја обвини ИД дека сака да го „лиши сирискиот народ од своето знаење, својот идентитет и историја“

Како што пренесува „Би-Би-Си“, таа истовремено изразила згрозеност и револт поради убиството на пензионираниот главен археолог во Палмира, Калед ал-Асад, кој минатата недела беше обезглавен бидејќи одбил да соработува со ИД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...