fbpx
Таг: Сирија

таг: Сирија

Дводневен прекин на огнот во сирискиот град Забадани

Дводневен прекин на огнот стапи на сила утринава во шест часот во сирискиот град Забадани и во две села во североисточната провинција Идлиб, јавија медиумите блиски до либанската група Хезболах. Хезболах, кој има поддршка од Иран, се бори во Сирија на страна на вооружените сили на земјата против бунтовниците. Либиската група склучи примирје со бунтовниците кои соработуваат со Нусра фронт. Завојуваните...

Сирија: Уапсен роднина на Асад

Сириските власти уапсиле роднина на претседателот Башар ел Асад поради сомнеж дека со огнено оружје убил воен офицер додека претекнувал во сообраќај, поради што се организирани протести во крајбрежното упориште на семејството на Асад. Гувернерот на Латакија, Кодр ел Салем, рекол дека синоќа е уапсен Сулејман Асад и додаде дека против него ќе бидат применети законски мерки како во кој...

Повеќе од 240.000 жртви во војната во Сирија

Повеќе од 240.000 луѓе, вклучувајќи и 12.000 деца, загинале во војната во Сирија што почна во март 2011 година, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права. Според најновите податоци на оваа група за надзор со седиште во Лондон, во Сирија животот го загубиле 240.381 лице, што е за 10.000 повеќе во однос на податокот што го соопштија на 9 јуни. Во конфликтот загинале 71.781...

ИД киднапира 12 христијани во Сирија

Борците на Исламска држава, наводно, заробиле 12 сириски христијани, откако презедоа град во провинцијата Хомс. Заложниците се заробени во градот Ел-Карјатин. Ова е најголемо киднапирање на ИД во Сирија откако џихадистите го презедоа Палмира во мај. Џихадистичката група бара заробените да преминат во ислам или ќе бидат протерани или ликвидирани.

ИД зазеде уште еден град во Сирија

Исламска држава денеска зазеде важен град во Централна Сирија, по судирите со силите на претседателот Башар ел Асад, соопштија опозициски активисти. Заземањето на градот Ел-Карјатин ќе ѝ овозможи на Исламска држава да ги поврзе областите околу Палмира, кои ги зазеде во мај, со регионот Каламун, северно од Дамаск. Сириската организација за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека ИД...

САД се вклучија во војната во Сирија

САД го изведоа првиот воздушен напад за да ги заштитат бунтовниците кои во Сирија се борат против режимот на Башар ал Асад и џихадистите од Исламска држава, соопшти синоќа Пентагон. Првиот американски одбранбен напад на сиријска територија беше спроведен во петокот за да се заштитат бунтовничките групи Нова Сирија. - Сакавме да ја заштитиме Нова Сирија која ја обучувавме - изјавија официјални лица...

Се урна воен авион на сириската влада, 12 лица загинаа

Дванаесет луѓе загинале откако воен авион на сириската влада се урнал денеска во градот Ариха, во северозападниот дел на земјата, соопштиле активистите на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија. Според информациите, авионот се урнал среде воени дејства и бомбардирања во околината на градот. Градот Ариха беше едно од последните упоришта на сириската влада во провинцијата Идлиб, во...

Курдите против планот на Турција за „безбедносна зона“ во Сирија

„Безбедносната зона“, која САД и Турција ја планираат во Сирија, е обид на Анкара да ги запре Курдите во нивниот обид да воспостават своја територија, изјавил за „Би-Би-Си“ лидерот на турската прокурдска партија, Селахатин Демиртас. Според Демитрас, операциите на Турција против милитантите на Исламска држава (ИД) долж граничната линија со Сирија е само параван за нападите на Анкара врз курдските...

Вонреден состанок на членките на НАТО поради кризата на турско-сириската граница

Сите 28 членки на Северноатланската алијанса (НАТО) ќе одржат вонреден состанок на кој ќе се дискутира за воената кампања на Турција насочена против Исламска држава (ИД) и курдските милитанти, јавуваат медиумите. Состанокот е на барање на Турција, чија политика во однос на сирискиот конфликт изминативе десетина дена доживеа драматичен пресврт. Претходно колебливиот партнер на коалицијата предводена од САД, во моментов спроведува воздушни...

САД и Турција се договорија да ги истераат милитантите од сириска територија

Да се обидат да ги истераат милитантите на Исламската држава од сириската територија по должината на турската граница, се договориле САД и Турција. Како што се наведува, би се создала безбедна зона за илјадниците сириски бегалци и би се прекинале рутите преку кои ИД се снабдува со опрема и со странски припадници. Американски официјални претставници наведуваат дека разговорите со Анкара се...

Обама за „Би-Би-Си“: Законите за оружје во САД се мојата најголема фрустрација

Претседателот на САД, Барак Обама, во интервју за британскиот национален медиумски сервис „Би-Би-Си“, изјавил дека неуспехот да го спроведе законот за контрола на носењето оружје во САД е најголемата фрустрација во неговиот претседателски мандат. Во интервјуто, Обама рекол дека е вознемирувачки тоа што нема прогрес по ова прашање и покрај тоа што земјата „се соочува со масовни убиства што се...

Турски воени авиони нападнаа позиции на ИД во Сирија

Турските воздухопловни сили утринава бомбардираа три цели на џихадистичката група Исламска држава во северниот дел на Сирија, соопшти кабинетот на турскиот премиер, Ахмет Давутоглу. Во соопштението се наведува дека при нападите, кои се извршени од турскиот воздушен простор, се уништени три објекти на ИД. Официјална Анкара вчера соопшти дека им одобриле на САД да ја користат базата Инџирлик за напади врз...

Убиен лидер на терористичка организација

Мухсин ал Фадли, кој важи за клучен човек на групата Хорасан, која е разгранок на Ал каеда, е убиен во воздушните напади на коалицијата предводена од САД во Сирија, соопшти денеска Пентагон. Ал Фадли е убиен на 8 јули при напад од воздух на возилото со кое патувал во северозападниот дел на Сирија, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис. Убиениот Ал...

Давутоглу: Турција ќе ја зголеми безбедноста на границата со Сирија

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, соопштил и дал уверување дека Турција ќе ги зголеми безбедносните мерки на границата со Сирија по вчерашниот бомбашки напад во градот Сурук, во кој загинаа 30 луѓе, јавуваат медиумите. Турските истражни органи сметаат дека експлозијата била предизвикана од жена-самоубиец од редовите на Исламска држава (ИД). Во бомбашкиот напад, кој се случи вчера, настрада група млади активисти, кои...

Десетици загинати и ранети во експлозија во труски град на границата со Сирија

Најмалку 10 лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија во културен центар во југоисточниот турски град Суруч, во близина на границата со Сирија. Весникот „Туркиш стар“ јавува дека експлозијата однела 30 животи, додека порталот „Туркијегазетеси“ наведува дека најмалку 45 лица се повредени во експлозијата, која, наводно, е од автомобил-бомба. Претставници на локалните власти засега потврдуваат само 10 загинати и околу...

ФБИ: 200 Американци заминале или сакале да заминат во ИД

Повеќе од 200 Американци отпатувале или се обиделе да заминат во Сирија за да се борат на страна на исламските милитанти, објави денеска шефот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Џејмс Комеј. - Продолжуваме со идентификување поединци што сакаат да се приклучат на странските борци... а, исто така, и на домашните екстремисти, кои би можеле да извршат напади во САД – рече...

ОН: Повеќе од четири милиони луѓе побегнале од Сирија

Обединетите нации соопштија дека повеќе од четири милиони Сиријци побегнале од своите земји откако почна граѓанската војна пред четири години. Неодамнешниот бран мигранти и статистичките податоци на Турција потврдуваат дека вкупниот број бегалци поради конфликтот во Сирија е поголем од бројот на раселени лица во која било друга криза во последните 25 години, се наведува во соопштението УНХЦР. Според податоците на...

Исламска држава погубила 3.000 луѓе во Сирија за една година

Сунитските екстремисти од Исламска држава, откако прогласија калифат, погубија најмалку 3.000 луѓе во Сирија и во Ирак, поголемиот број цивили, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права. Според нивните податоци, од 29 јуни 2014 година, погубени се точно 3.027 лица. Меѓу убиените, 1.787 се цивили, од кои 74 се деца. Помеѓу жртвите се и цивилите кои неодамна беа убиени во Кобане, градот...

Мигрантка од Сирија се породи во Македонија

Мигрантка од Сирија се породила денеска со здраво женско дете во здравствениот дом Гевгелија. „Во близина на граничната линија, патролен тим од Полициската станица Богородица пронајде две лица, илегални мигранти од Сирија, од кои едното лице веднаш побарало медицинска помош. Веднаш е утврдено дека се работи жена која имала породилни болки. Патролнот тим веднаш известил за потребата од доктор, кој...

Велика Британија ќе прими 500 бегалци од Сирија

Во рамките на тригодишната програма развиена со Агенцијата за бегалци при Обединетите за нации, Лондон прифати да прими 500 сириски бегалци, жени и деца. Работничката партија побара од владата на Дејвид Камерон да ја зголеми помошта за Сиријците, кои бегаат од земјите во кои се водат војни. Зборувајќи на конференција во Словачка, Камерон најави дека британска помош ќе биде скромно зголемена. Моментно...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...