fbpx
Таг: Сенат

таг: Сенат

Трамп ќе стави потпис на законот за санкции кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобрува предлог-законот за воведување санкции кон Русија и планира да го потпише, соопшти Белата куќа. „Претседателот ги прочита првичните верзии на законот и договорените крајно важни делови од него. Сега тој ја разгледува конечната верзија и врз основа на отвореноста кон забелешките ќе го одобри предлог-законот и има намера да го потпише“, стои во соопштението. Сенатот...

Уште еден неуспешен обид на републиканците да го повлечат „Обамакер“

Американскиот Сенат, во кој републиканците се мнозинство, повторно го отфрли предлогот за повлекување на законот на поранешниот претседател Барак Обама, „Обамакер“. Републиканеците Џон Мекејн, Сузан Колинс и Лиса Мурковски гласаа против отфрлањето на законот за здравствена заштита што го воведе претходниот американски претседател. Предлогот е отфрлен со 51 спрема 49 гласа. Ова е трет неуспешен обид неделава на републиканците да го...

Путин: Одговорот на Русија на санкциите од САД ќе зависи од конечната верзија на законот

Русија ќе протера 35 американски дипломати и максимално ќе го ограничи нивниот број доколку американскиот претседател Доналд Трамп го потпише законот кој се однесува на санкции против Русија, пишуваат руските медиуми, повикувајќи се на извори од руското министерство за надворешни работи. Руското МНР ја разгледувало можноста и за непропорционален одговор, на тој начин што Москва може да ја одбие соработката со...

Нова шлаканица за Трамп – републиканците го спасија „Обамакер“

Американскиот Сенат, во кој републиканците имаат мнозинство, го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп да се повлече Законот за здравствена заштита (познат како Обамакер) на поранешниот претседател Барак Обама. Седум републиканци синоќа им се приклучија на демократите во Сенатот и предлогот е отфрлен со 55 гласа на спрема 45 гласови „за“. Ова е вторпат неделава републиканците да не успеат да...

Претставничкиот дом на САД усвои нови санкции за Русија, Иран и за Северна Кореја

Со 419 гласови „за“ и само три „против“, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа го усвои предлог-законoт за воведување дополнителни санкции кон Русија, Иран и кон Северна Кореја. Законот го поддржаа и републиканците и демократите, и покрај противењето на американскиот претседател Доналд Трамп. Законот сега треба да оди на гласање во Сенатот, по што треба да биде одобрен и од...

Пропадна обидот на републиканците да го заменат „Обамакер“

Републиканците во Сенатот на САД не успеаја да ги соберат неопходните 60 гласови за целосна или делумна замена на Законот за здравствена заштита (Обамакер). Сенатот го отфрли предлог-законот со 43 гласа „за“ и 57 „против“, од кои девет гласа беа од редовите на републиканците. Сенаторите гласаа за отворање дебата за новиот републикански закон за здравствена заштита, што се смета за...

Средбите со Русите беа „изгубено време“, тврди зетот на Трамп

Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, тврди дека за време на претседателската кампања имал четири состаноци со Русите, но демантираше дека соработувал со нив за да му помогне на сегашниот претседател. Ниту еден од состаноците со руските граѓани и претставници, меѓу кои и со рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кишљаков, не бил непримерен, наведува во соопштението Џаред Кушнер,...

Зетот на Трамп ќе сведочи пред Сенатот за врските со Русија

Џаред Кушнер, зетот на претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ќе сведочи пред сенатскиот Комитет за разузнавачки прашања во врска со истрагата за вмешаноста на Русија во претседателските извори. Кушнер на затворена седница ќе одговара на прашања на членови на одборот на долниот дом на Конгресот, а утре ќе разговара со членови на Комитетот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом. Двата...

Комисијата на Сенатот ја одобри номинацијата на Кристофер Вреј за нов шеф на ФБИ

Комисијата за правосудство на американскиот Сенат едногласно ја одобри номинацијата на Кристофер Вреј за нов директор на Федералното истражно биро (ФБИ), јавуваат медиумите во САД. Сите 20 членови на комисијата гласале за номинацијата на Вреј, кој по професија е адвокат, а во администрацијата на Џорџ Буш Помладиот ја вршеше функцијата помошник-министер за правосудство. Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Вреј за...

Меланија Трамп „заробена“ во вила во Хамбург поради демонстрациите против Г20

Првата дама на САД, Меланија Трамп, останала заробена во луксузната вила-хотел во Хамбург, поради насилните демонстрации против самитот на Г20, кој денеска почнува во северниот германски град. Меланија Трамп требало да учествува на настан за партнерите на лидерите што присуствуваат на самитот, а бил организиран од Јоаким Сауер, сопругот на германската канцеларка Ангела Меркел. Сепак, поради насилните протести, не било дозволено првата...

И САД на чекор до давање „виза“ на Црна Гора за НАТО

Сенатот на САД вчера со 97 гласови „за“ даде одобрение за завршување на расправата за ратификација на договорот за зачленување на Црна Гора во НАТО. Расправата и ратификацијата се очекува да се случат во наредните денови. Протоколот е ратификуван од страна на 24 од вкупно 28 членки на Северноатлантската алијанса. Кога сите 28 членки ќе го ратификуваат, Црна Гора ќе...

Американскиот Сенат на пат да ги укине здравствените реформи на Обама

Горниот дом на американскиот парламент денеска одобри мерка која е прв чекор за укинување на законот на претседателот во заминување, Барак Обама, за здравствена заштита. Со тесно мнозинство, со 51 гласови „за“ и со 48 „против“, Сенатот ја усвои мерката која го олеснува подоцнежното укинување на законот, што би можело да биде предмет на гласање следниот месец. Долниот, Претставнички дом на Конгресот...

Американскиот Сенат за 10 години го продолжи законот за санкциите кон Иран

Американскиот Сенат синоќа одлучи да го продолжи за уште десет години законот кој на властите во САД им возможува да воведат санкции кон компаниите што соработуваат со Иран. Со 99 гласови „за“, сенаторите го поддржаа предлог-законот за обновување на санкциите, откако Конгресот тоа го стори минатиот месец. Конгресмените сметаат дека законот ќе ѝ овозможи на американската администрација да го казни Иран доколку...

Холандскиот парламент изгласа делумна забрана за носење бурка и зар

Долниот дом на холандскиот парламент го поддржа предлог-законот за делумна забрана за носење зар (дел од муслиманска женска облека што го покрива лицето) и бурка на јавни места, како што се школите, болниците и јавниот превоз, јавуваат светските медиуми. Ваквата мерка, која ја има владината поддршка, треба да помине и во холандскиот Сенат за да добие статус на закон. „Облеката што го покрива...

„Студентски пленум“: Вчера студентите одржаа час по демократија

На првиот студентски референдум организиран од „Студентски пленум“, 94 отсто од студентите што гласале се изјасниле дека не сакаат Студентскиот парламент да остане невладина организација. Од пленумот велат дека изборите, кои се одржале на 21 факултет, поминале генерално мирно со одредени притисоци од членови на Студентскиот парламент. - Денот на референдумот помина генерално мирно, но мора да се забележи и да...

Никола Јанкуловски избран за нов ректор на УКИМ

Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, е избран за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Тој освои 43 гласа, наспроти неговиот противкандидат, професорот Ненад Новковски, кој освои шест гласа, додека шест ливчиња беа неважечки. Јанкуловски ќе биде ректор на УКИМ во наредните четири години. Пред почетокот на седницата на Сенатот на УКИМ, „Студентски пленум“ го блокираше влезот на Ректоратот за да ги...

„Студентски пленум“ ја напушти седницата на УКИМ откако им беа исклучени микрофоните

Четворицата претставници на „Студентски пленум“ ја напуштија седницата на Ректоратот на Универзитетот „Кирил и Методиј“ на која треба да се избира нов ректор, откако им беше одземен зборот и им ги исклучија микрофоните. Тие се побунија против одлуката на комисијата за верификација на Сенатот, да ги верификува мандатите на десетте претставници на Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ), тврдејќи дека...

Прва жена на чело на американската воена академија „Вест поинт“

Американскиот претседател Барак Обама именуваше жена за декан на американската воена академија „Вест поинт“, што е првпат во долгата 216-годишна историја на оваа институција. Функцијата ќе ја извршува Синди Џеб, која, исто така, дипломирала на „Вест поинт“. Нејзината номинација треба да ја потврди уште и американскиот Сенат. Џеб моментно ја води катедрата за општествени науки на воената академија. – Ова е историски...

„Професорски пленум“ бара од ректорот Стојковски да свика итна седница на Сенатот

Од „Професорскиот пленум“ упатија писмо до ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, со кое бараат најдоцна до среда свикување на итна, вонредна и јавна седница на Сенатот на УКИМ со претставниците на „Студентски пленум“, младинската организација „Мугра“, „Професорскиот пленум“ и со медиумите. На седницата на Сенатот бараат да се разгледаат следните точки на дневен ред: 1. Дали имало...

Американскиот Сенат го усвои буџетот, на потег е Обама

Американскиот Сенат го усвои буџетот за 2016 година, а предвидено е владата да се финансира со околу 1 милијарда долари. Се отвара можноста и за извоз на американската сурова нафта, што е првпат во последните 40 години. Законот за буџет ќе оди на потпишување кај американскиот претседател Барак Обама, а од Белата куќа соопштуваат дека претседателот ќе го поддржи, пренесува агенцијата „Ројтерс“.  

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...