fbpx
Таг: РКЕ

таг: РКЕ

Бензините од ноќеска поскапи за денар и пол, дизелот за два и пол денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи од ноќеска малопродажните цени на нафтените деривати да се зголемат во просек за 1,9 отсто на бензинските станици во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно претходната одлука. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден и пол денари за литар. Еуросупер БС-95 од ноќеска...

Грејната сезона завршува денеска, но и наредните денови во Скопје ќе има парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска извести дека грејната сезона во Скопје завршува денеска, но и тие и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираа дека топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по 15 април. „Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и вторник, трите компании кои го...

Бензините од ноќеска поевтинуваат за денар, дизелот за два денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,4 отсто. Од ноќеска на бензинските станици низ земјава цената на бензините се намалува за 1 денар за литар, додека цената на дизелот се намалува за 2 денари за литар. Еуросупер БС-95 од...

Од полноќ поевтинуваат сите горива во земјава

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ ќе поевтинат сите горива. Одлуката се оправдува со падот на цените на нафтените деривати на светските берзи. Според денешната одлука, цените на бензините се намалуваат за 2,5 денари, па така малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81 денари за литар, а на...

Дизелот од денеска поскап за 8,5 денари, бензините за 3,5 денари, Собранието е на потег

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на цените на нафтените деривати од денеска за 8,5 денари за литар кај дизелот и за 3,5 денари кај бензините. Станува збор за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 6,88 отсто во однос на одлуката од 7 март. Од РКЕ веќе соопштија дека поради непредвидливоста на цените...

Цените на нафтените деривати го надминаа максимумот од 2012 година, редици по бензинските пумпи

Синоќешното поскапување на бензините за 5 и пол денари и на дизелот за 10 денари повторно создаде редици пред бензинските пумпи низ земјава. Колони автомобили чекаа по десетици минути за да набават гориво пред да се затворат бензинските пумпи. Војната што ја почна Русија во Украина и размислувањето на светските лидери за тоа дали треба или не да се...

Нафтени деривати има доволно, не си ја трошете безцелно семејната заштеда кога бензините се најскапи

Јавување по телефони на членови на семејството и на пријатели и споделувања по социјалните мрежи. На овој начин, во земјава вчера се создаде паника кај населението дека треба да се складираат нафтени деривати и да се оди на бензинските пумпи, бидејќи ќе снема гориво поради ограничувањето на купувањето на горива кај некои помали бензински пумпи. Низ Скопје, Штип и...

ЈСП уште чека одговор на барањето за владина помош поради зголемените цени на метанот

Помина еден месец од барањето на ЈСП-Скопје за Владата на РСМ да донесе одлука за субвенционирање на работењето на Јавното сообраќајно претпријатие, коешто од почетокот на годинава се соочи со повеќе од двојно зголемување на цената на метанот. „И покрај официјалното доставено барање до Владата преку Град Скопје, сѐ уште немаме добиено никаков одговор“, велат за Мета.мк од ЈСП-Скопје. Зголемувањето на...

Бензините и дизелот од ноќеска поскапуваат за дополнителни 2 денари за литар

Бензините, дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска ќе поскапат за дополнителни 2 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 отсто во споредба со досегашните цени. Од ноќеска моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од...

Од полноќ бензините поскапи за денар, дизелот за денар и половина

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,94 отсто. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1 денар за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се...

Скопјани нема да останат без парно, Владата може времено да го преземе работењето на БЕГ

Мандатарот Димитар Ковачевски вели дека Владата нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без парно греење во претстојниот период. Тие имаат решение за надминување на проблемот со високите цени за набавка на природниот гас, којшто им предизвикува проблеми на БЕГ и АД Скопје Север во натамошното обезбедување на топлинска енергија за жителите на Скопје. Ковачевски изјави дека топлинската енергија...

Тројца снабдувачи со парно во Скопје, секој различно грее, РКЕ со над 50 поплаки за квалитетот

Првиот снег во Скопје и најавите за минимални температури и под минус 10 степени во наредните денови го кренаа алармот кај жителите на главниот град во врска со централното парно греење. Во Скопје има тројца снабдувачи со парно греење кон граѓаните и во моментов секој ја обезбедува оваа обврска на различен начин. Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат...

Струјата за домаќинствата од 1 јануари поскапа за 9,5 отсто, дневната евтина тарифа се укинува

Од 1 јануари 2022 година, цената на струјата за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, односно струјата за домаќинствата се зголемува за 9,48 отсто, а ќе се укине дневната евтина тарифа, која досега важеше за периодот од 14 до 16 часот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Дневната евтина тарифа се укинува поради енергетската криза, а доколку...

Со руски гас, БЕГ сака да ги „загрее“ скопјани со тројно поскапо парно

Околу 56.000 корисници на централното парно греење во Скопје од 1 јануари би можеле да добијат енормно зголемени сметки, бидејќи БЕГ доставил барање до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) цената на градското парно да се зголеми за 300 отсто. Од Балкан енерџи груп го бранат ваквото поскапување со огромното зголемување на цените на природниот гас на светските берзи во...

Цената на струјата ќе расте, само 14 отсто од домаќинствата имаат соларни колектори [инфографик]

Додека се редат мноштво анализи за процентот на поскапување на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во земјава, статистичките податоци покажуваат дека мнозинството домаќинства немаат алтернативни извори за снабдување со струја, коишто би можеле да им ги намалат месечните сметки кон ЕВН Хоум. Државниот завод за статитистика деновиве излезе со податоци за тоа каква е ситуацијата со инсталираните сончеви...

Градот Скопје молчи за развојот на топловодната мрежа, Регулаторна со свој предлог

Новата градска администрација речиси еден месец не одговара на прашањата поставени од Мета.мк во однос на идниот развој на топловодната мрежа во Скопје. Владата во јули 2019 година ја донесе одлуката на Град Скопје да му ја даде на трајно користење топловодната мрежа, со која требаше да управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски...

Бензините и дизелот од ноќеска поевтинуваат за три и пол денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која од ноќеска се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,28 отсто. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се...

Бензините ќе поевтинат за еден и пол денар, дизелот поскапува за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто, информираат од РКЕ. Од полноќ, на бензинските станици низ земјава малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денари за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и...

Од ноќеска бензините ќе поскапат за половина денар, а дизелот за толку ќе поевтини

Од ноќеска бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапат за половина денар за литар, додека малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство ќе се намалат за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто во однос на...

Вистиномер: Не е точно дека цената на струјата „нема мрднато“ 4 години

Изјавата на премиерот, дека во Македонија четири години не мрднала цената на струјата, е неточна. Имено, цената на струјата во последните две години двапати се зголеми со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), при што едно од овие поскапувања беше нивелирано со намалување на даноците, но второто покачување е реално, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Зборувајќи за...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...