fbpx

Бензините и дизелот од ноќеска поевтинуваат за три и пол денари

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која од ноќеска се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,28 отсто.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денар за килограм и сега ќе изнесува 38,527 денари за килограм.

Од ноќеска на бензинските станици низ земјава Еуросупер БС-95 ќе може да се купи по 71 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 73 денари за литар. Дизелот ќе чини 63 денари, додека екстра-лесното масло за горење ќе се продава за 62,50 денари за литар.

Намалувањето на цената на бензините и дизелот се должи на два фактора. Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 8,896 отсто, кај дизелот за 8,559 отсто, кај екстра лесното масло за 8,364 отсто и кај мазутот намалувањето е за 8,599 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,599 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...