fbpx

Дизелот од денеска поскап за 8,5 денари, бензините за 3,5 денари, Собранието е на потег

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на цените на нафтените деривати од денеска за 8,5 денари за литар кај дизелот и за 3,5 денари кај бензините. Станува збор за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 6,88 отсто во однос на одлуката од 7 март.

Од РКЕ веќе соопштија дека поради непредвидливоста на цените на нафтените деривати на светските берзи, тие ќе пристапат кон менување и на дневна основа кај ваквите цени. Притоа, регулаторите со денешната одлука ја намалија трговската маржа за 33 отсто на сите трговци со нафтени деривати.

„Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33 отсто на сите трговци со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Со најновата одлука, Еуросупер БС-95 од денеска се продава по цена од 93 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 за 95 денари за литар. Дизел горивото може да се набави од бензинските пумпи по цена од 94 денари за литар, а екстра-лесното масло за домаќинство чини 90 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголеми на 59,165 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека цените на сите нафтени деривати на светските берзи бележат зголемување и тоа: кај бензинот за 8,971 отсто, кај дизелот за 16,811 отсто, кај екстра лесното масло за 14,445 отсто и кај мазутот зголемување за 9,336 отсто. Во исто време, курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 1,078 отсто.

По острото зголемување на цената на нафтените деривати, следно на потег е Собранието на РСМ, каде што пратениците ќе треба брзо да извршат законски измени за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто при промет на енергенсите, како и намалување на акцизата. Со ваквите мерки што вчера беа презентирани од премиерот Димитар Ковачевски, цената на дизелот ќе се намали за 10,5 денари за литар, додека бензините би поевтиниле за околу 11,5 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...