fbpx

Бензините од ноќеска поскапи за денар и пол, дизелот за два и пол денари

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи од ноќеска малопродажните цени на нафтените деривати да се зголемат во просек за 1,9 отсто на бензинските станици во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно претходната одлука.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден и пол денари за литар. Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе може да се набави за 81,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 83,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,50 денари за литар и со тоа дизелот од ноќеска ќе може да се набави за 82,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2 денари, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 80,50 денари за литар. Цената на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,064 денари за килограм и со тоа мазутот ќе се продава за 51,599 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,873 отсто, кај дизелот зголемување во просек за 2,983 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,270 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 0,937 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период е за околу 0,956 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...