недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: разрешување | 131 резултати

СДСМ: Пропадна и последниот обид да се заштити криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

август 17, 2017

Со разрешувањето на Марко Зврлевски, пропадна последниот обид на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да го заштити криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. Од владејачката партија велат дека „наместо да спречува корупција, криминал и злоупотреби“, Комисијата во изминатите години работела селективно, непрофесионално и исклучиво во заштита на криминалот и корупцијата на […]

Рокови, процедури и можни сопки за изборот на новиот Јавен обвинител

август 17, 2017

Со разрешувањето на Марко Зврлевски од функцијата државен јавен обвинител, Владата може да почне со процедурата за именување на негов наследник. Ако разрешувањето на Зврлевски ја окупираше јавноста добар дел од летото, со развлекувањето на расправата од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш речиси извесно е дека постапката за именување на нов јавен обвинител, која […]

Беса се закани со граѓанска реакција, ако не се обелоденат „монтираните судски случаи“

август 17, 2017

Движењето Беса денеска побара од Владата да ги обелодени „монтираните судски случаи ‘Сопот’ и ‘Монструм’“ или во спротивност „ќе се соочи со силна граѓанска реакција“. „Инсистираме што побргу да се обелоденат познатите случаи како „Сопот“, „Монструм“ како и многу други, и вистинските виновници да се изнесат пред лицето на правдата, без разлика на нивната етничка […]

Собранието го разреши Марко Зврлевски

август 17, 2017

Со 64 гласа за, без гласови против и воздржани, Собранието на Република Македонија пред малку го разреши од функцијата Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Пред самото гласање, Илија Димовски кажа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да да присуствуваат и да гласаат и повтори дека целата постапка е незаконска и тие ја напуштија салата […]

ВМРО-ДПМНЕ: Постапката за разрешувањето на Зврлевски е целосно незаконска

август 17, 2017

Постапката за разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски која сакаат да ја истуркаат пратениците на СДС и Талат Џафери во Собранието е целосно незаконска, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој додаде дека „само за да се спаси од кривично гонење за делата како „Поткуп“, Зоран Заев е решен по незаконски пат и надвор од сите […]

Џафери ја помести седницата за 15 часот, Димовски најавува „повеќе реакции“

август 17, 2017

Наместо во 11 часот, како што утрово првично беше најавено од стручните служби на Собранието, првата пленарна седница денеска ќе почне во 15 часот. Според новото соопштение од Собранието, распоредот за работа нема да се смени – првин ќе се одржи продолжението на 8-та седница, на чиј дневен ред се 12 точки, меѓу кои и […]

Собраниските служби и официјално најавија дека денеска ќе се гласа за Зврлевски

август 17, 2017

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се одржи 13-то продолжение на 6-тата седница, на кое би требало да се гласа за разрешувањето на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски, според вчерашната најава од претседателот на Собранието, Талат Џафери. Прво, според денешната најава на собраниските служби, ќе одржи продолжението на 8-та седница, на чиј дневен […]

Џафери најави дека утре ќе се гласа за разрешување на Зврлевски

август 16, 2017

Претседателот на парламентот Талат Џафери најави дека утре ќе се гласа за предлогот на владата за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски, откако попладнево пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата повикувајќи се на писмото од Антикорупциската комисија која смета дека во периодот пред изборите не треба да се расправа и да се […]

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти расправата за Зврлевски оти била противзаконска

август 16, 2017

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на претседателот на Собранието, Талат Џафери му достави копија од мислењето на Државната комисија за спречување на корупција, во која се вели дека јавниот обвинител не може да биде разрешен до локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври. Ова мислење на Државната комисија за […]

Собрание: Повеќе за Дарко, отколку за Марко

август 16, 2017

Кадровските решенија на Владата во државните институции и откажувањето од функциите на дел од нив се една од главните теми на кои пратениците од ВМРО-ДПМНЕ меѓусебе си реплицираат на денешното продолжение на седницата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во своите реплики на […]

Поезија, вицови и исмевање на новите кадровски решенија на Владата во Собранието

август 15, 2017

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение од расправата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, покрај пофалбите за работата на јавниот обвинител, рецитираа поезија и раскажуваа вицови на сметка на новите кадровски решенија на власта во државните институции. Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница изјави дека за попрофесионален јавен обвинител тој не знае, […]

Антикорупционерите се вратија од одмор, ќе го разгледуваат барањето на ВМРО-ДПМНЕ

август 15, 2017

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата вчера се вратија од годишен одмор и почнаа со работа, велат за „Мета“ од Антикорупциска. На нивниот дневен ред би требало да се најде и барањето од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Државната комисија за спречување на корупцијата да даде толкување за примената на членот 8-а од Изборниот законик, […]

Продолжува расправата за Зврлевски, се чека мислењето од Антикорупциска

август 15, 2017

Собранието денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата на чиј дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Мали се шансите на денешното продолжение да дојде до разврска на расправата и да се премине на гласање за разрешувањето на јавниот обвинител. Вчерашната седница, како и претходните, мина во меѓусебни реплики и […]

Десетто продолжение на седницата за разрешување на Зврлевски

август 14, 2017

Во Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да ја продолжи шестата седница, на која се расправа за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Во саботата, на деветтото продолжение од собраниската расправа во најголем дел помина во реплики и контрареплики помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во процедурални забелешки. Иако првично се очекуваше продолжението да […]

Поради годишнината од Рамковниот, Џафери ја презакажа седницата за в понеделник

август 12, 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се премисли и расправата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, која требаше да продолжи утре, ја презакажа за в понеделник. На официјалната интернет-страница на Собранието стои дека за утре не се предвидени никакви активности во законодавниот дом, а продолжението на седницата е закажано за в понеделник во 11 […]

Џафери: Додека имаме работа ќе мора да работиме, продолжуваме утре

август 12, 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не го прифати барањето на кооридинаторот на една од 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, седницата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски да продолжи в понеделник и продолжението на расправата го закажа за утре во 11 часот. Денешното продолжение на седницата за разрешување на јавниот обвнител помина […]

Напладне продолжува тензичната собраниска расправа за разрешувањето на Зврлевски

август 12, 2017

Денеска напладне Собранието на Република Македонија треба да ја продолжи шестата седница, на која се расправа за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Вчерашното, осмо продолжение од собраниската расправа за разрешувањето на јавниот обвинител во најголем дел помина во реплики и контрареплики помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во процедурални забелешки. Пратениците на опозициската партија […]

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги штити Зврлевски и криминалот

август 11, 2017

„ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да ги штити Марко Зврлевски и криминалот во оваа земја. За жал, пратениците на оваа партија се инструментализирани и преку обид да направат целосна блокада на Собранието, дејствуваат всушност единствено во заштита на криминалот на нивното партиско раководство“, порача на прес-конференција во Собранието на Република Македонија пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов. – […]

Заврши одморот, Антикорупциска в понеделник ќе почне да го пишува одговорот

август 11, 2017

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) в понеделник се враќаат на работа, бидејќи в недела им завршува годишниот одмор, информираа од Комисијата за „Мета“. Антикорупциската комисија беше во центарот на политичките препирки, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во вторникот поднесоа барање за мислење до ДКСК, велејќи дека […]

Продолжува расправата за Зврлевски, мислењето од Антикорупциска сè уште го нема

август 11, 2017

Денеска во 11 часот во Собранието на Република Македонија треба да продолжи расправата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Собраниската расправа за разрешувањето на Зврлевски почна на 5 јули, а досегашните седум продолжнија на седницата поминаа во реплики и во контрареплики меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во процедурални забелешки, а во ваков дух […]

Страна 4 од 7