fbpx

Десетто продолжение на седницата за разрешување на Зврлевски

-

Во Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да ја продолжи шестата седница, на која се расправа за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Во саботата, на деветтото продолжение од собраниската расправа во најголем дел помина во реплики и контрареплики помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во процедурални забелешки.

Иако првично се очекуваше продолжението да се одржи вчера, претседателот на Собранието, Талат Џафери сепак вчера се премисли и расправата за разрешувањето на државниот јавен обвинител ја презакажа за денеска. Во саботата Илија Димовски, координатор на една од десетте пратенички групи побара да не се работи во неделата, но Џафери тоа го одби, а потоа се предомисли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски: Членството во ЕУ во 2030 е амбициозна, но остварлива цел

Заменикот претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со Претседателот на Владата Димитар Ковачевски учествуваа на денешната работна средба со европратениците на групата на Социјалистите и Демократите...