недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ракомет | 61 резултати

Ракометарката Мечевска сè уште во критична состојба

февруари 12, 2015

Македонската репрезентативка Робертина Мечевска, која доби тешки повреди при пад од петтиот кат од зграда во скопски Аеродром, и понатаму дише со помош на апарати, јавува „Здравство24“. Од КАРИЛ велат дека добра околност е што нема дополнително влошување на состојбата. – Правиме напори таа да закрепне, но поради повредите на белите дробови, не може сама да […]

Македонскиот репрезентативец Вугринец заминува во Катар

февруари 11, 2015

Македонскиот репрезентативец Ренато Вугринец нема да остане до крајот на сезоната во редовите на шампионот Металург, туку ќе замине за Катар, каде ќе ги брани боите на Лахвија, пишува „Спортмедиа“. Десниот бек претходно потврди дека постои можност тој да остане во Автокоманда, но по финалните разговори со управата, тој сфатил дека клубот има нов план. […]

Вардар ја совлада Војводина во СЕХА-лигата

февруари 9, 2015

Ракометарите на Вардар го победија тимот на Војводина со 30:26 во дуелот од 18. коло на регионалната лига СЕХА, кој се одигра во салата „Јане Сандански“. Најефикасен во редовите на Вардар беше Стефан Терзиќ, кој постигна пет гола, а Сергеј Горбок и Немања Шрибак постигнаа по четири погодоци. Кај Војводина, Милан Јовановиќ постигна шест гола. […]

Хрватска ја победи Германија и се пласираше на Летните олимписки игри

јануари 30, 2015

Хрватската ракометна репрезентација ја совлада Германија на Светското првенство во Катар, во разигрувањето од 5 до 8 место со резултат 28:23. Најефикасни стрелци беа Мануел Штрлек со осум и Иван Чупиќ со пет голови, додека за Германците, Уве Генсхајмер погоди седум. Со тоа ракометарите на Хрватска обезбедија пласман на наредните Летни олимписки игри во Рио де Жанеиро во […]

Спортската сала во Битола ќе го носи името на Боро Чурлевски

јануари 27, 2015

Советот на Општина Битола на 29 јануари ќе одлучува дали спорстаката сала „Младост“ ќе се преименува и ќе го носи името на ракометниот виртуоз Боро Чурлевски, кој почина пред еден месец. Иницијативата за преименување на спортската сала во Битола ја поднесе советничката Габриела Илиевска од ВМРО-НП. Во иницијативата пишува дека името на Чурлевски е синоним за […]

Полска и Германија се новите четвртфиналисти на СП во Катар

јануари 26, 2015

Осминафиналните натпревари денеска завршија со победа на Германија и на Полска, кои ќе бидат новите четвртфиналисти на Светското ракометно првенство во Катар. Германија ја победи репрезентацијата на Египет со 23:16, а Полска славеше над Шведска со 24:20. Во тимот на Германија најефикасни беа Уве Генсхајмер, кој постигна шест гола, и Патрик Грецки, кој реализира пет погодоци. Во […]

За влез во полуфиналето, секој ракометар на Катар ќе добие автомобил, стан и еден милион долари

јануари 26, 2015

Откако селекцијата на Катар ја совлада Австрија со 29:27 на Светското првенство во ракомет, властите на оваа земја им ветија на ракометарите дека ако се пласираат во полуфиналето, секој од нив ќе добие автомобил „масерати“, стан во најелитниот кварт Перл и еден милион долари. Селекцијата на Катар, во четвртфиналето ќе игра со подобриот од денешниот дуел меѓу […]

Македонските ракометари денеска се враќаат дома

јануари 26, 2015

Денеска, во 11 часот, македонските ракометари со лет преку Истанбул се враќаат во Македонија. Наредната средба на репрезентацијата е на 29 или 30 април, кога во Скопје ќе гостува европскиот првак Франција, во третиот квалификациски натпревар за Европското првенство во Полска во 2016 година.  

Македонија елиминирана од Словенија на СП во Катар

јануари 25, 2015

Македонските ракометари загубија од репрезентацијата на Словенија со резултат 30:28 и не успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. –  Не постои ниеден сомнеж дека сакавме и дадовме сè од себе. Ова беше натпревар да се биде или не и нема шанси за поравен испит. Не треба да се срамиме, главите горе. […]

Македонија против Словенија за пласман во четвртфинале

јануари 25, 2015

Ракометната репрезентација на Македонија денеска, во 16.30 часот, ќе се сретне со репрезентацијата на Словенија во натпревар кој ќе одлучи која репрезентација ќе се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Двете селекции последен пат се сретнаа на Европското првенство во Србија, во 2012 година, кога Македонија ја совлада Словенија во дуелот за петто место, […]

Македонија ја совлада Австрија, во осминафиналето ја пречекува Словенија

јануари 23, 2015

Репрезентацијата на Македонија ја совлада Австрија во петиот натпревар од Светското првенство во ракомет, кое се одржува во Катар, со резултат 36:31. Ова е четвртата победа што ја остварија македонските ракометари. Со овој натпревар завршува играњето по групи, а по два дена пауза, в недела, почнуваат осминафиналните битки. Македонија ќе се сретне со Словенија за пласман […]

Тупурковски се сретна со претседателот на ИХФ, Мустафа, во Доха

јануари 23, 2015

Во Доха, Катар, претседателот на Македонсиот олипмиски комитет (МОК), Васил Тупурковски, се сретна со претседателот на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), Хасан Мустафа. На средбата, Мустафа изразил големо задоволство од досегашните активности на МОК, на финансиски и на логистички план, во насока на унапредување на ракометот во Македонија и достигнување на највисокото ниво на македонскиот ракомет, во глобални […]

Јоноски го повреди скочниот зглоб

јануари 22, 2015

Ацо Јоноски заработи незгодна повреда уште во првото полувреме од натпреварот со Хрватска, кога го повреди скочниот зглоб, пренесе „Екипа“. „Јоноски го доврши мечот против Хрватска, во текот на вечерта му беа ставани ладни облоги, но сепак на неговата нога има оток во пределот на скочниот зглоб. Врз него денеска ќе бидат извршени детални лекарски прегледи, […]

Македонија поразена од Хрватска во Катар

јануари 21, 2015

Во тензичен и мачен натпревар, репрезентацијата на Македонија загуби од Хрватска на Светското првенство во Катар, со резултат 26:29. Во првото полувреме (14:15), македонските ракометари беа на нивото на задачата, но играта полека паѓаше со почетокот на второто полувреме. Македонија има обезбедено влез во осминафиналето, а од групното натпреварување преостанува в петок, во 17 часот, да се сретне со репрезентацијата на Австрија. […]

Македонија во борба за првото место во групата, денеска игра против Хрватска

јануари 21, 2015

Попладнево, во 17 часот по македонско време, на Мундијалот во Катар ракометната репрезентацијата на Македонија игра со Хрватска во борба за првото место во групата. Поради труење од сладолед, пак, вчера во болница заврши Немања Прибак, а според доктор Никола Панчевски, по добиената инфузија неговата состојбата е стабилизирана. Денеска ќе се знае дали тој ќе […]

Обрван: Немам емоции за Хрватска

јануари 20, 2015

За утрешниот натпревар на македонската ракометна репрезентација, селекторот Ивица Обрван, иако доаѓа од Хрватска, вели дека размислува само за тоа како да одиграат добар меч против селекцијата со која се борат за првото место во групата и која се бори за едно од првите четири места на Светското ракометно првенство. – Горд сум на моите […]

Голужа: Ова е балканско дерби, шансите се еднакви

јануари 20, 2015

Хрватска и Македонија со три победи по првите три кола утре ќе имаат меѓусебен дуел за првото место во групата. Селекторот на Хрватите, Славко Голужа, смета дека шансите се еднакви и на двете селекции. – За Македонија не треба многу да се трошат зборови. Тоа е збир на играчи кои во текот на целата година […]

Грчката ракометна федерација реагира за именувањето на Македонија во Катар

јануари 20, 2015

Реакциите за користењето на уставното име на Македонија на меѓународни спортски настани не изостанаа ни за Светското првенство во ракомет во Катар. Грчката ракометна федерација испрати писмо до Меѓународната ракометна федерација, во кое реагира за погрешно именување на Македонија на 24. Светско првенство за мажи во ракомет во Катар и бара да се коригира ваквото […]

Македонија со победата над БИХ во осминафинале на СП во ракомет

јануари 19, 2015

Македонската ракометна репрезентација со победата над Босна и Херцеговина, со 25-22, обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Најдобар играч на натпреварот беше Дејан Манасков, кој постигна шест гола, а по три постигнаа Гоце Георгиевски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Немања Прибак и капитенот Кире Лазаров, кој сите погодоци ги постигна од пенал. Ова […]

Македонските ракометари подобри од Иран

јануари 17, 2015

Македонската машка ракометна репрезентација ја совлада селекцијата на Иран со 33:31, во својот втор натпревар на Светското првенство во Катар. Македонските ракометари имаа водство во поголемиот дел од натпреварот, а на полувреме заминаа со предност од два гола (19:17). Македонија има две победи во исто толку натпревари откако вчера ја совлада репрезантицијата на Тунис со […]

Страна 2 од 3