fbpx
Таг: пуч

таг: пуч

Уапсени 7.543 лица поради обидот за пуч во Турција

Вкупно 7.543 лица досега се уапсени, меѓу кои 6.038 војници, под сомневање за поврзаност со обидот за државен удар во Турција, изјави денеска турскиот премиер, Бинали Јилдирим. Турскиот премиер рече дека при обидот за пуч се убиени 208 лица, а 1.500 се ранети. Јилдирим истакна дека турските власти, при „расчистувањето на сметките“ со извршителите на пучот, ќе дејствуваат во рамките на...

Ердоган: Ќе го исчистиме „вирусот“ од сите државни институции

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека ќе продолжи чистењето на сите државни институции од „вирусот“ што го предизвика обидот за државен удар во Турција. Ердоган ова го изјави на денешниот погреб на дел од убиените за време на пучот. Тој додаде дека апсењата на оние кои, како што рече, „ги уништиле“ вооружените сили, ќе бидат продолжени во сите редови...

Курц: Иако имаше обид за пуч, Турција мора да ја почитува правната држава

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Себастијан Курц, повика на трезвеност на властите во Турција и укажа дека обидот за пуч не претставува бланко овластување за произволност. - Човечките животи мора да се штитат, правната држава и демократијата мора да се почитуваат - порача Курц. Тој посебно му се обрати на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи дека овој пуч не смее да...

Путин му изрази сочувство на Ердоган

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, телефонски разговарал со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на иницијатива на руската страна, соопшти официјален Кремљ. „Сочувство поради многубројните жртви помеѓу цивилите и припадниците на органите за јавниот ред кои им се спротивставија на пучистите, како и желба за што побргу да дојде до обновување на стабилноста во Турција, му изрази претседателот Владимир Путин на...

Уапсени 6.000 лица по обидот за пуч во Турција

Најмалку 6.000 лица се уапсени по обидот за државен удар во Турција, изјави турскиот министер за правда, Бекир Боздаг. - Операцијата за чистење продолжува. Помеѓу уапсените има војници, офицери и судии – нагласи Боздаг. Во судирот кој изби откако војската се обиде да изведе пуч, загинаа најмалку 265 лица, а ранети се повеќе од 1.000. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави...

Турските војници се товарат за нелегален лет во Грција

Утре почнува судењето на турските војници во Александруполи. Грчкиот обвинител го смени обвинителниот акт и осумте војници кои со турскиот воен хеликоптер вчера слетаа во Грција и побараа азил, сега се товарат за нелегален лет во Грција. Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, исклучено е обвинувањето со кое војниците се товареа и за нарушување на односите меѓу Грција и...

Илјадници луѓе на улиците на Турција за поддршка на Ердоган

Илјадници луѓе синоќа се собраа во истанбулскиот кварт Кисикли во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Собраната маса луѓе со турски знамиња се одзва на повикот на Ердоган да излезат на улиците. Ердоган има куќа во квартот Кисикли, кој се наоѓа на азиската страна на Истанбул. Светските медиуми јавуваат дека луѓе се собирале и во Анкара пред џамијата „Бестепе“...

Меркел: Запрете го крвопролевањето во Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел го осуди обидот за државен удар во Турција и рече дека Берлин стои со оние кои ја бранат демократијата и владеењето на правото во Турција. - Трагично е што толку многу луѓе страдаа за време на обидот за пуч. Крвопролевањето во Турција мора да се запре веднаш – рече Меркел на прес-конференција во Берлин. Германската канцеларка наведе...

Во Турција по обидот за пуч, сменети речиси 3.000 судии

Турските власти сменија од должност 2.745 судии по неуспешниот обид за државен удар од страна на дел од војската. Ова го објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на соопштение од Високиот совет на судии и на обвинители. Од должност се сменети и пет членови на Советот, кој е највисоко судско тело во Турција, објави државната новинска агенција „Анадолија“. „Анадолија“ објави и дека поранешниот командант...

Исклучена струјата во базата Инџирлик

Локалните турски власти го спречуваат влезот и излезот од воздухопловната база Инџирлик во близина на градот Адана, каде што е исклучена електричната енергија, соопшти конзулатот на САД. Конзулатот ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат таа воена база сè додека не биде воспоставено нејзино нормално функционирање. https://twitter.com/CNN/status/754300666416394240 Воената база Инџирлик е база на единиците на турското воено воздухопловство, како и на американските...

Безбедни се сите 300 ученици од Тетово кои се во Истанбул

Околу 300 ученици од Тетово, кои минатата недела заминаа во извиднички камп во околината на Истанбул, се очекува да пристигнат дома во текот на денешниот ден. Учениците се испратени преку Здружението за просвета уметност и култура „Калкан“ од Тетово. Во извидничкиот камп за воениот удар дознале од медиумите. - Сите се безбедни и здрави. Во контакт и во соработка сме...

Грција ги разгледува барањата за азил на осумте војници – пучисти од Турција

Грција ќе ги разгледа барањата за азил на пучистите од Турција во согласност со меѓународните процедури за азил. Ова го изјави потпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, за случајот на осумте турски војници кои денеска напладне слетаа во Александруполи со турски воен хеликоптер и побараа грчки азил. Војниците беа уапсени од грчката полиција за нелегален влез во државата и се...

Чавков: Ќе се преземат безбедносни мерки за македонските граѓани во Турција

„Министерството за внатрешни работи ја следи состојбата во Турција, во постојан контакт сме со Министерството за надворешни работи и во координација сме со безбедносните сили“, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на плажата Конект на Преспанско Езеро. - Будно ги следиме состојбите во Турција. Во текот на денешниот ден, имаме координација со...

МНР: Македонските граѓани во Турција се безбедни

Македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Турција се безбедни и засега не е регистриран ниту еден повреден или загинат македонски граѓанин, информираат од Министерството за надворешни работи. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, остварил телефонски разговор со неговиот турски колега, Мевљут Чавушоглу, кој му потврдил дека турските власти работат на враќање на редот и на мирот во Турција...

Иванов: Македонија ја поддржува демократски избраната влада на Турција

Република Македонија ја поддржува демократски избраната влада на Република Турција, а во моментов се одржува состанок на групата за проценка за анализа на безбедносната состојба, информираат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. „По добивањето на податоците за намерите на вршење воен пуч во Република Турција, Армијата на Република Македонија презеде низа мерки и активности за заштита на државната граница. Претседателот...

Турски воен хеликоптер слета во Александруполи

Седум турски војници и еден цивил побараа политички азил во Грција. Осумтемина беа во турски воен хеликоптер, кој побара дозвола од грчките власти за вонредно слетување во Александруполи. Според информациите на грчката агенција АПЕ, веднаш штом слетале, турските државјани побарале политички азил во Грција. Сите се приведени и однесени во полицијата во Александруполи. Хеликоптерот емитувал сигнал дека се наоѓа во опасност...

Јилдирим: Во обидот за пуч загинаа 161 лице, 1.440 се повредени, 2.839 се уапсени

Турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес-конференција утринава во Анкара изјави дека во обидот за државен удар загинале 161 лице, а 1.440 се ранети. Тој истакна дека сепак овие бројки засега не се финални. Според неговите зборови, 2.839 припадници на војската се уапсени и ситуацијата сега е под целосна контрола на власта. Јилдирим соопшти дека командата ја презеле воени лица лојални на...

Што е државен удар, кој го изведува и која му е целта?

Државен удар или пуч (Coup d`etat на француски) е ненадеен и најчесто насилен обид за уривање на власта во една држава. Пучот најчесто го изведува мала воена или политичка група. Ова е и разликата меѓу државен удар и револуција, во која има масовно народно востание. Вообичаено, цел на државниот удар е уривање на владата или симнување од власт на диктатор. Покарактеристични примери за државен...

Ердоган предупреди дека е можен нов напад

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, преку официјалниот претседателски твитер-профил ги повика турските граѓани да бидат подготвени повторно да излезат на улица затоа што е можен нов напад на пучистите. „Овој напад може да дојде до уште една фаза, во која ќе мора повторно да излеземе на улица. Затоа што може да има ново движење“, напиша Ердоган на „Твитер“. https://twitter.com/tcbestepe/status/754217582601863168 Според неговите...

90 загинати, 1.150 повредени и 1.563 уапсени по обидот за пуч во Турција

Најмалку 90 лица загинаа во обидот за државен удар во Турција, а повеќе од 1.150 се повредени. Уапсени се повеќе од 1.563 војници кои учествувале во синоќешниот пуч, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на анонимен претставник на власта. Борбите продолжуваат и утринава, а силни експлозии се слушаат во Анкара и во Истанбул, додека бомба ја погоди и зградата на турскиот парламент. Илјадници...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...