fbpx

Уапсени 7.543 лица поради обидот за пуч во Турција

-

Вкупно 7.543 лица досега се уапсени, меѓу кои 6.038 војници, под сомневање за поврзаност со обидот за државен удар во Турција, изјави денеска турскиот премиер, Бинали Јилдирим.

Турскиот премиер рече дека при обидот за пуч се убиени 208 лица, а 1.500 се ранети.

Јилдирим истакна дека турските власти, при „расчистувањето на сметките“ со извршителите на пучот, ќе дејствуваат во рамките на законот. Тој исто така увери дека финансиската состојба во земјата е добра и дека Централната банка е подготвена да ги преземе сите мерки за гарантирање на нејзината стабилност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...