fbpx

Безбедни се сите 300 ученици од Тетово кои се во Истанбул

-

Околу 300 ученици од Тетово, кои минатата недела заминаа во извиднички камп во околината на Истанбул, се очекува да пристигнат дома во текот на денешниот ден. Учениците се испратени преку Здружението за просвета уметност и култура „Калкан“ од Тетово. Во извидничкиот камп за воениот удар дознале од медиумите.

– Сите се безбедни и здрави. Во контакт и во соработка сме со Министерството за надворешни работи на Македонија, македонската амбасада во Анкара и со федерацијата на извидници во Турција. Уште еднаш да повторам, сите се здрави и кај нив не владее никаква паника. Денеска беше планирано да се вратат дома и со поддршка на турската полиција ќе ја преминат границата и во текот на денешниот ден ќе пристигнат дома – изјави Џингис Дестани од здружението „Калкан“ од Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Мадрид физички нападната српската амбасадорка Ирена Шарац

Во центарот на Мадрид, вчера млад човек физички ја нападнал амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Сарач, на улицата каде што живее, при што ѝ го повредил грбот. Шефот...