fbpx
Таг: ПрофесорскиПленум

таг: ПрофесорскиПленум

„Професорски пленум“ одби средба со „контрапленумот“

На средбата меѓу студентскиот и професорскиот пленум, претседателот Ѓорге Иванов предложил утре, на 14 јануари, да се одржи средба меѓу „Професорски пленум“ и „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“. Од „Професорски пленум“ велат дека не се согласуваат со предлогот на претседателот за таква средба бидејќи, според нив, не постојат спротивставени мислења во однос на потребата од реформи...

Пленумците му побараа вето, Иванов повика на единство и на дијалог

Претседателот Ѓорге Иванов, кога ќе одлучува дали ќе го потпише законот за високо образование, ќе настапи како државник, а не како професор. Тој ова им го соопштил на претставниците на професорскиот и на студентскиот пленум на денешната средба, на која тие побараа тој да стави вето на законските измени. На средбата кај Иванов, која траеше еден час и дваесет минути,...

„Професорски пленум“ со писмо бара средба со претседателот Иванов

Претставници на „Професорски пленум“ денеска испратија писмо до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во кое се бара средба на која претставници на професорскиот и на студентскиот пленум би му ги образложиле своите ставови за предложените измени на Законот за високо образование, кој наскоро ќе се најде во Собранието. Интегрално ви го пренесуваме писмото: „Почитуван Претседателе Иванов, Во пресрет на собраниската седница...

„Професорски пленум“ бара ЕУ да интервенира кај Владата

„Професорски пленум“ испрати писмо до eврокомесарот за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачич, eврокомесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, и до шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав, во кое ги повикуваат да се изјаснат и да упатат повик до Владата да ги повлече предложените закони за високо образование и да почне нова,...

„Професорски пленум“: Претседателе, застанете до вашите колеги и до студентите

„Професорски пленум“, преку соопштение, извести дека е отворена петиција за собирање потписи што ќе му бидат испратени на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за да стави вето на Законот за високото образование. Преку петицијата, професорите се надеваат дека ќе го натераат шефот на државата да застане на страната на колегите професори, но и студентите. „Професорски пленум“ денеска испрати еден предлог до премиерот...

„Студентски пленум“ бара да се повлече законот, па потоа да дебатираат

Барањето на „Студентски пленум“ е да се повлече законот за високо образование кој предвидува воведување државен испит на факултетите, па дури тогаш може да се води дебата. Ова, преку својата фејсбук-страница, студентите му го порачаа на премиерот Никола Груевски. Во соопштението на „Студентски пленум“, пишува дека нема да ги изложуваат своите ставови во дебати кои не можат да влијаат на...

„Професорски пленум“ бара да се повлечат измените на Законот за високо образование

Иницијативата „Професорски пленум“ денеска објави соопштение во кое се вели дека имаат само една сугестија до Владата за измените на Законот за високо образование (државниот испит), а тоа е тие веднаш да бидат повлечени. „Почитуван Премиер на Република Македонија, Професорскиот пленум со особено задоволство Ви соопштува дека има една сугестија за предлог-измените на Законот за високото образование: Повлечете ги веднаш“,...

„Професорски пленум“: Вчерашната „дебата“ е нелегална, нелегитимна и многу задоцнета

„Професорски пленум“ денеска преку соопштение реагираше на вчерашната дебата во Собранието за предложените законски измени во високото образование. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението. „Почитуван Премиере, Професорскиот пленум нема да биде соучесник во кршењето на принципот на владеење на правото, на поделбата на власта и на деловнички утврдената процедура при изменувањето на Законот за високо образование. Упатената „покана“ од Ваша...

„Професорски пленум“ објави десет најлоши чекори на Владата за образованието

„Професорски пленум“ денеска на својата фејсбук-страница објави табела насловена „Десет најлоши чекори на Владата на Груевски кои го урнисаа квалитетот на високото образование во Македонија“.

Законот за високо образование на второ читање на 8 јануари

На осми јануари, само еден ден по Божик, членовите на Собраниската комисија за образование, наука и спорт ќе расправаат за измените на Законот за високо образование во второ читање. На истата комисија закажани се и расправите за законите за основно и за средно образование во второ читање. Пратениците вчера во 19 часот ги усвоија заклучоците од измените на Законот за високо...

Законот за високо образование оди на второ читање

Пратениците со 71 глас „за“ и осум гласови „против“, вечерва во Собранието го изгласаа и го пратија на второ читање Законот за високо образование. Павле Трајанов во расправата побара поширока јавна дебата пред да се воведе државниот испит. На ова министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, одговори дека се разговарало речиси три месеци и дека тоа било доволно време за...

Пратениците расправаат за Законот за високо образование

Пратениците во Собранието ги испратија законите за основно и за средно образование на второ читање. Во расправата за Законот учествуваа пратениците Роза Топузова-Каревска, Артан Груби, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, Димко Трајчев и Ласковска Благица. Во моментов пратениците расправаат за измените во законот за високо образование.

Професорите им напишаа отворено писмо на пратениците

Професорите им напишаа отворено писмо на пратениците. Во писмото, професорите ги повикуваат народните избраници да ја запрат понатамошната постапка и да ги сослушаат пред да донесеат одлука што може скапо да го чини целото општество. Ви пренесуваме дел од писмото, а целото можете да го најдете на „Факултети.мк“. „Почитувани пратеници, пред Вас наскоро ќе се најдат предлог-закони што се оспорија...

Студентскиот и професорскиот пленум ќе имаат отворено заседание пред Собранието

Утре, во 11 часот, пред Собранието, „Студентски пленум“ и „Професорски пленум“ ќе организираат отворено заседание. На заедничкото заседание ќе се дискутираат прашањата за организирање масовни демонстрации на незадоволство и револт, како и за начинот на организиран отпор кон предложените измени во законот за образование. Настанот е најавен на социјалната мрежа „Фејсбук“. Исто така, утре, на народните избраници ќе им се достават писмата на...

Реакции за основањето „Професорски пленум“

Создавањето „Професорски пленум“ предизвика различни реакции кај професорите на социјалните мрежи. Ви пренесуваме дел од нив. Нано Ружин: „Јас сум во дилема. Можеби тој форум може да послужи како некој вид форма на транзиција кон охрабрување на уплашените професори. Знаеме дека меѓу нив има и поливалентни, но подобро да се направи нешто отколку ништо. Ако се ориентираат провладино брзо ке бидат провалени....

Професорите учат од студентите, и тие основаат „Пленум“

Реформите во високото образование ги натераа професорите да ги следат постапките на студентите. Утре, во 13 часот, на Филозофскиот факултет во Скопје, професорите што го потпишаа отвореното писмо до Владата и уште стотина други кои им се приклучиле ќе го основаат „Професорски пленум“. Денеска на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави нова страница „Професорски пленум“, каде што е објавено и соопштението за...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...