петок, 8 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: приведени | 94 резултати

По вчерашните протести, приведени се четири лица

мај 7, 2015

По вчерашните протести приведени се четири лица против кои МВР поднесе прекршочни пријави, изјави денеска Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста на МВР, на одбележувањето на Денот на полицијата. Котевски рече и дека идентификувани се уште девет учесници на протестот кои предизвикувале насилство, но сè уште се работи на квалификација на нивните дела во соработка […]

„Цивил“: 27 лица се сè уште во притвор

мај 6, 2015

„Засега непознат број граѓанки и граѓани беа тепани, малтретирани и навредувани, а дел од нив и приведувани без никаква основа и објаснување. Според информациите, сѐ уште се во полициски притвор 10 лица во полициската станица Пролет, а 17, вклучувајќи три жени, се во полициската станица во Автокоманда“, се вели во реакцијата на невладината „Цивил“. Според […]

Момче ограбено на улица во Чаир

февруари 11, 2015

Дваесет и двегодишно момче вчеравечер било нападнато и ограбено од двајца разбојници на улицата Христијан Тодоровски-Карпош, во населбата Чаир, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 21 часот, кога две непознати лица му пришле од зад грб на С.М. (22), почнале да го удираат со раце и со нозе по телото, а потоа му го […]

Нападнале полицајци во центарот на Скопје

февруари 8, 2015

Вчера, околу 4 часот во Скопје, на улица 11-ти Октомври бб, кај Порта „Македонија“, при преземање службени дејства, полициски службеници биле попречувани и физички нападнати со тупаници по телата, туркани и влечени за униформите од Ф.Н. (22) и од К.С. (22), двајцата од Скопје, и истите се приведени. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен […]

Десет жени приведени во локал во Тетово

декември 27, 2014

Десет жени на возраст од 19 до 27 години биле откриени од полицијата при акциската контрола што изминатата ноќ била спроведена во угостителскиот објект „Енерџи клуб“ на излезот од Тетово, на локалниот пат кон Сараќино. Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, од девојките девет биле странски државјанки, пет од Србија, две од Бугарија […]

Приведени тројца возачи и поголема група илегални мигранти

декември 15, 2014

Полициски екипи вчеравечер во два одделни случаи привеле тројца возачи што превезувале поголема група илегални мигранти, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, синоќа, околу 23.30 часот, на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници забележале две паркирани возила, автомобил „форд фиеста“ и товарно возило „фиат дукато“, во кое се качувала поголема група мигранти. Кога ги виделе […]

Двајца разбојници му го украле возилото на кавадаречки таксист

декември 9, 2014

Двајца разбојници вчера во Прилеп нападнале такси-возач и, заканувајќи му се со нож, му го украле возилото, информираат од МВР. Според полицијата, настанот се случил околу 22.30 часот, кога двајцата патници физички го нападнале такси-возачот А.К. (29), кој ги превезувал од Кавадарци до Прилеп, и заканувајќи му се со нож, насила го исфрлиле од возилото, […]

Тројца Сиријци се обиделе да преминат граница со лажни пасоши

декември 3, 2014

Полициски службеници, на граничниот премин Табановце, вчера привеле три лица кои се обиделе да ја преминат границата со лажни пасоши. Според полициските информации, вчераутро, околу 5.30 часот, на граничниот премин за излез од земјата се пријавило возило, марка „сеат леон“, што го управувало лице со холандска лична карта, а во автомобилот со него патувале и […]

Приведениот градоначалник подолг период под лупа на истражните органи

ноември 21, 2014

Покрај поранешниот градоначалник, во денешната полициска акција во Охрид приведени се и негови блиски соработници од општината, меѓу кои имало и жени, како и лица кои ги добивале тендерските договори за одредени активности во градот вредни околу два милиони евра, јавува охридското „Супер Радио“. Градоначалникот бил под лупа на истражните органи откако минатата година ја […]

Приведени странски државјанки во гостиварско Чегране

ноември 20, 2014

Гостиварската полиција, вчера, при контрола на угостителксиот објект „Нота“ во селото Чегране, сопственост на А.Ш. (46), привела шест странски државјанки кои нелегално работеле како пејачки и танчерки во локалот. Според полицијата, станува збор за пет албански и една бугарска државјанка, на возраст од 19 до 34 години, кои биле задржани во полициската станица во Гостивар. […]

Страна 5 од 5