fbpx
Таг: приведени

таг: приведени

Пет лица уапсени поради пожарот во институтот во Брисел

Пет лица се приведени и сослушани во врска со инцидентот во бриселскиот Институт за криминологија, соопшти белгиското обвинителство. Според последните информации, тврдењата за подметната бомба во институтот се лажни и најверојатно во прашање е криминално дело, а не терористички акт, соопштија од обвинителството во Брисел. - Станува збор за намерно подметнат пожар во лабораторијата на сојузната полиција – соопшти портпаролот и...

Во Турција приведени 136 вработени во судската администрација

Во рамките на истрагата за неуспешниот обид за воен удар, турската полиција денеска приведе 136 вработени во судската администрација во Турција. Полицијата утрово извршила претрес во судските канцеларии и одзела компјутери, а други полициски тимови извршија претрес во домовите на осомничените. Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул издала налог за притворање на 173 вработени во судовите Чаглајан, Бакиркој и Газиосманпаша, од...

Во возило пронајдени 12 мигранти од Сирија, од нив осум деца

Вчераутро, околу 9 часот, полициска екипа на локалниот пат Кавадарци - Конопиште, во возило, марка „рено еспејс“, со скопски регистарски ознаки, пронашле 12 илегални мигранти со потекло од Сирија, информираат од МВР. Според полициските информации, од мигрантите четворица биле возрасни лица, додека другите осум биле деца. Мигрантите биле приведени, а според МВР, шестмина од нив ќе бидат задржани во Прифатниот центар за...

Приведени две Бугарки за кражба во Охрид

Полициски службеници од СВР од Охрид, привеле две Бугарки поради сторена кражба. Приведени се 30-годишната С.Н.Е. и 45-годишната М.П.С., двете државјанки на Република Бугарија, поради основан сомнеж дека извршиле кражба. Во текот на денешниот ден ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство во Охрид.

Голем одзив на донаторската забава за помош на казнетите демонстранти

Голем број граѓани денеска доаѓаат во кафе-барот „Излет“ да донираат средства за помош на казнетите демонстанти, учесници на протестите на „Шарената револуција“. - Денеска се собравме за да изразиме солидарност со настраданите во процесот на ослободување на Македонија. Покажуваме дека сме еден за сите, сите за еден – изјави Александар Младеновски од „Шарената револуција“. Тој додаде дека најголем дел од средствата ќе бидат...

Чавков: Купувањето испити на Економскиот факултет течело по добро разработена шема

Петмина од вкупно осумтемина осомничени во вчерашната акција на МВР на Економскиот факултет при УКИМ се приведени во полициската станица Кисела Вода и денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека на другите тројца, Т.Ф., С.Д. и Љ.Ј. во текот на денот ќе им бидат испратени покани за распит во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Заев: Да се потврди уставноста на СЈО и да се ослободат сите приведени

Уставниот суд да ја потврди уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство и сите приведени граѓани кои протестираат да бидат ослободени, побара денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како услов за да може да продолжат преговорите помеѓу партиите за подготовка на парламентарни избори. Тој за овие услови даде рок до 18 јуни. - Само ако се исполнат овие...

ОЈО: Професори примале поткуп и барале сексуални услуги за оценка

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по повеќемесечна оперативна обработка на податоци, прибра докази до степен на основано сомневање за сторени кривични дела со коруптивна природа, каде оштетени се студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Осомничени се осум лица од кои шест се универзитетски професори, еден демонстратор и еден управител на бифе во...

Нови судири меѓу бегалци во Грција

Само еден ден по насилството и пожарот во мигрантскиот центар на Лезбос, ноќеска избија два нови инциденти со десетици повредени во бегалските центри на островот Самос и во солунската населба Ореокастро. На Самос со часови имаше насилни инциденти и судири меѓу 150 луѓе, бегалци од Мароко, Алжир и од Пакистан. Покрај физичкото насилство и меѓусебната војна со камења, во судирите...

Откриени 39 мигранти во напуштено комби во Куманово

Полициска патрола вчераутро во населбата Доброшане, Кумановско, во напуштено комби пронашла 39 мигранти, од кои 21 биле малолетници, информираат од МВР. Како што информираат оттаму, вчера околу 3 часот, сообраќајна патрола на кумановската полиција, кај обиколницата Куманово - Свети Николе, забележала товарно возило, марка „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, кое било придружувано од две возила, марка „ауди а3“ и...

Скопјанец и државјанин на Србија фатени при транспорт на 34 мигранти

Полициски екипи, вчера, во два одвоени случаи откриле поголема група на илегални мигранти, кои биле превезувани со возила, што ги управувале жител на Скопје и државјанин на Србија. Во едниот случај, како што информираат од МВР, полициска екипа, вчера околу 5 часот, во возило, марка „цитроен“, со штипски регистарски ознаки, затекнала 10 мигранти, од кои девет биле со потекло...

Приведени 80 мигранти кои нелегално влегле во Македонија

Изминатите 24 часа, македонските безбедносни сили привеле 80 мигранти кои нелегално влегле во Македонија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија. Мигрантите се сместени во претприемниот шатор на Прифатно-транзитниот центар Гевгелија (ПТЦ). Откако од Министерството за внатрешни работи ќе завршат со проверките, мигрантите ќе бидат вратени на грчка територија. Во ПТЦ Гевгелија сè уште престојуваат стотина мигранти кои останаа...

Две лица повредени со нож во казиното „Адмирал“ во Охрид

Утрово полицијата го приведе и го лиши од слобода Б.Д. (35) од струшкото село Ливада. Приведениот е под сомнеж дека ноќеска, како учесник во нарушувањето на јавниот ред и мир во казиното „Адмирал“ на улицата Партизанска во Охрид, тешко повредил две лица. Тој употребил нож со кој ги повредил Н.М. (34) во пределот на градниот кош и Е.М. (35), кому му нанел...

Куќен притвор за две лица поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

Единицата за насилен криминал на скопската полиција поднела кривична пријава против две лица, осомничени дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за време на протестот што се одржа во средата против одлуката на претседателот да аболира 56 лица против кои се водат кривични постапки поврзани со незаконското прислушување. Како што соопшти МВР, станува збор...

Демонстрантите тргнаа кон ПС – Беко, каде се приведените од синоќешните протести

Граѓанските активисти на денешниот протест потсетија на прекумерна уптреба на сила од страна на полицијата, при што беа повредени новинари и фоторепортери, а беа приведени и 13 активисти на кои, според нив, не им се знае судбината. Демонстрантите од Собранието тргнаа кон полициската станица Беко, каде што се наоѓаат приведените од синоќешните протести. Благојче Ѓорѓиев, лице со телесен хендикеп, од својата инвалидска...

Неколку лица приведени по протестите во центарот на градот

Неколку лица се приведени во полициската акција вечерва, при растерувањето на демонстрантите кои го демолираа објектот на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Според неофицијални информации, има и неколку повредени, а во центарот на градот забележани се и возила на брза помош. Моментално состојбата е мирна, а демонстрантите немаат пристап до објектите на народната канцеларија, Министерството за правда и до штабот...

Полицијата запре неколку обиди за шверц на мигранти

Во текот на вчерашниот ден, полицијата во три одделни случаи кај Демир Капија открила вкупно 21 илегален мигрант од Пакистан и од Ирак. Полициски службеници од Неготино вчера, околу 1.30 часот, во близина Демир Капија, забележале две патнички возила во кои се превезувале илегални мигранти. Едното патничко возило, „пежо 206“ со бугарски национални ознаки, било управувано од Х.Д. (22) од Прилеп...

Кичевската полиција запленила повеќе од 50 лажни банкноти, три лица се приведени

Екипа на кичевската полиција вчера попладне извршила претрес на возило, сопственост на фирма од Скопје, и привела три лица кај кои биле пронајдени повеќе од 50 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари, информира МВР. Претресот на возилото и на трите лица во него бил извршен по наредба на Основниот суд Кичево поради постоење основан сомнеж дека се превезуваат фалсификувани пари. Како...

Двајца приведени кај Удово поради шверц на илегален мигрант

Двајца жители на скопските села Арачиново и Брест вчера попладне биле приведени од полициска екипа на автопатот Гевгелија - Скопје, откако во нивното возило бил пронајден илегален мигрант од Авганистан, информира МВР. Според полицијата, вчера, околу 17 часот, во близина на селото Удово, полициски службеници запреле автомобил, марка „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал 29-годишниот А.Б. од Арачиново,...

Пред Основниот суд Скопје 1 денеска биле уапсени пет лица

Во 14.30 часот пред Основниот суд Скопје 1  приведени биле пет лица од кои двајца биле државјани на Шведска, двајца државјани на Србија и еден македонски државјанин, потврдија од МВР. Кај едното лице биле пронајдени пиротехнички средства  и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава според Законот за заштита од експлозивни материјали. По разговорите со приведените, тие ќе бидат пуштени. Во времето...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...