fbpx
Таг: потврди

таг: потврди

Мигрант тешко повреден во железничка незгода кај Куманово

Мигрант, чиј идентитет засега е непознат, бил тешко повреден во железничка незгода, што денеска претпладне се случила во кумановската населба Карпош. Според Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила околу 10.30 часот, кога товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце - Куманово, удрил во непознато лице, „најверојатно илегален мигрант кој во критична состојба е префрлен во Медицинскиот центар...

За 24 часа издадени потврди на 614 мигранти

Мобилните тимови на Црвениот крст, вчера до 17 часот, укажале прва помош на вкупно 142 лица, илегални мигранти, меѓу нив и 29 трудници, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Од вкупниот број интервенции, 79 биле на железничката станица во Гевгелија, а 63 интервенции екипите на Црвен крст имале на Табановце. Според МВР, во текот на изминатите 24 часа, биле издадени...

Од 19 јуни до денеска МВР издало потврди на вкупно 28.297 мигранти

Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и за привремена заштита (на 19 јуни) до денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил во земјава на вкупно 28.297 мигранти, кои илегално влегле на територијата на Македонија, соопштуваат од МВР. Вчера, вакви потврди МВР издало на нови 1.064 странски државјани, од кои...

За 24 часа издадени потврди на 775 мигранти, на 91 укажана прва помош

Во текот на изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил во Македонија, на вкупно 775 илегални мигранти кои влегле на територијата на земјата. Со тоа, како што соопштуваат од МВР, од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита, на 19 јуни годинава, досега биле издадени вкупно...

Речиси 3.000 потврди издадени на мигранти за време на продолжениот викенд

Во деновите од продолжениот викенд, односно од петокот до денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало вкупо 2.924 потврди за искажана намера за барање азил во Македонија, на странски државјани кои илегално влегле на територијата на државата. „Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, односно 2.437, потоа Ирак (169), Авганистан (113), Пакистан...

До денеска издадени вкупно 22.208 потврди за барање азил

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера, врз основа на измените на Законот за азил и привремена заштита, издало 633 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија, на странски државјани кои илегално влегле во земјава. Според МВР, од 19 јуни, кога стапија на сила измените на законот до денеска, издадени се потврди на вкупно 22.208 илегални мигранти,...

За три дена издадени 1.853 потврди за барање азил

Изминативе три дена, врз основа на измените и на дополнувањето на Законот за азил и привремена заштита, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало нови 1.853 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија на странски државјани кои илегално влегле на територијата на земјата, соопшти МВР. Според МВР, од донесувањето на Законот заклучно со денеска до 8 часот,...

Нови седум мигранти побарале азил во земјава

Вчера до Одделението за азил седуммина мигранти поднеле барања за азил во земјава, соопшти Министерсвото за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, петмина од барателите на азил биле од Ирак, а другите двајца од Сирија. Најстариот бил на возраст од 33 години, додека најмладиот е дете на двегодишна возраст. Според МВР, од почетокот на издавањето на потврдите за искажана намера...

Викендов издадени нови 2.208 потврди на илегални мигранти

Изминативе три дена, Министерството за внатрешни работи издало 2.208 потврди за искажана намера за поднесување барање азил на странски државјани кои илегално влегле на македонска територија. Како што информираат од МВР, од почетокот на издавање на потврдите, односно со стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита на 19 јуни, заклучно до 8 часот утрово, потврди...

Нови 587 мигранти добиле потврди за барање азил

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера издало потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија на 587 странски државјани, кои илегално влегле на територијата на земјава. Според МВР, од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита на 19 јуни, заклучно со денеска во 8 часот, потврди биле издадени на вкупо 14.311 странски...

До денеска издадени потврди за барање азил на 12.175 мигранти

Изминативе три дена, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил и привремена заштита, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало 1.706 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија на странски државјани кои илегално влегле на територијата на земјата. Како што соопштуваат од МВР, од донесувањето на измените на Законот за азил досега биле издадени...

До денеска МВР издало потврди на 9.955 потенцијални баратели на азил

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера издало 445 потврди за искажана намера за барање азил на странски државјани, кои илегално влегле во земјава, соопшти МВР. Од донесувањето на измените на Законот за азил и привремена заштита на 19 јуни, до денеска изутрина, МВР издало потврди на вкупно 9.955 странски државјани, најголем дел од Сирија (6.878), потоа Авганистан (868), Ирак (538),...

МВР: Нови 253 мигранти откриени во товарен воз од Грција

Министерството за внатрешни работи (МВР), во изминатите 24 часа, издало нови 253 потврди на мигранти, од кои дел биле откриени во товарен воз што од Грција пристигнал на железничката станица во Гевгелија, соопшти МВР. Според Министерството, мигрантите, меѓу кои имало и деца, биле откриени откако самите почнале да удираат по внатрешноста од вагонот, од страв да не се задушат, поради неподносливите...

МВР им издало потврди на 5.005 бегалци

За десет дена, откако стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди на 5.005 странски државјани, со кои им се овозможува 72 часа легално да престојуваат на територијата на државата, соопшти МВР. Измените на Законот, Собранието ги изгласа на 18 јуни, по скратена постапка, и стапија на сила уште наредниот...

Двајца осомничени за фалсификување потврди за хомологација

Гостиварската полиција поднела кривични пријави против скопјанецот А.О. (48) и Т.З. (42) од Прилеп, осомничени за фалсификување исправа. Како што информираат од полицијата, осомничените со помош на скенер и на компјутер, во домот на Т.З. изработувале фалсификувани потврди за хомологација, кои потоа ги продавале на лица што увезувале возила од странство.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...