fbpx
Таг: полицајци

таг: полицајци

Четворица полицајци повредени во тепачка меѓу навивачки групи во Скопје

Четворица полицајци биле повредени во тепачка меѓу навивачките групи „Балисти“ и „Шверцери“, што вчера попладне се случила на стадионот „Чаир“ во Скопје, за време на натпреварот меѓу фудбалските екипи на ФК „Шкендија“ и ФК „Силекс“, информира МВР. Според полициските информации, вчера околу 17.30 часот, на стадионот „Чаир“ дошло од нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем со меѓусебна...

Роднините на полицајците убиени во Диво Насеље се појавија во судницата

Роднини на осумтемина полицајци што беа убиени во борбите во кумановско Диво Насеље на 9 и на 10 мај минатата година, денеска се појавија на рочиштето од судскиот процес. За висината на отштетата што ќе ја побараат во граѓанска парница, тие ќе се изјаснат дополнително преку своите законски застапници. Роднините, меѓу кои сопругите и татковците на убиените полицајци, не можеа да ги...

Тројца од повредените полицајци во Бутел пуштени на домашно лекување

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го посетил полицаецот Т. П. во Ургентниот центар во Скопје, при што му посакал брзо закрепнување. Од МВР, информираат дека во синоќешните настани во Бутел биле повредени уште тројца полицајци, но по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. - Полицајците беа повредени откако група од неколку стотини граѓани се обиде да го пробие...

Двајца полицајци убиени во бомбашки напад во Турција

Двајца полициски службеници се убиени, а најмалку 14 други, меѓу кои и неколкумина цивили, се повредени во експлозија на автомобил-бомба, што се случила рано утрово во југоисточниот дел на Турција, јавуваат светските агенции. Турските официјални власти соопштуваат дека зад нападот стојат милитанти на Курдската работничка партија (ПКК). Засега никоја не ја презел одговорноста за нападот. Бомбашкиот напад, како што пренесуваат медиумите, се...

МВР за инцидентот: Повредени двајца полицајци, употребен солзавeц и шок-бомби

Двајца полицајци биле повредени во вчерашните инциденти кај граничната кота 59 на македонско-грчката граница, кога неколку стотици мигранти се обидоа да ја пробијат жичената ограда и да влезат во земјава, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според официјалната информација од МВР за настанот, при интервенцијата не била употребена физичка сила и биле користени шок-бомби и солзавец. Оттаму велат дека нема повредени мигранти...

Во демонстрациите во Косово повредени се 21 полицаец и еден новинар

Еден новинар и 21 полицаец се повредени за време на насилните демонстрации во Приштина, соопшти полицијата во Косово, а пренесе новинската агенција „Танјуг“. Како што соопштија од полицијата, демонстрантите кои носеле фантомки на глава, ги почнале нередите нешто пред 17 часот кога со молотови коктели, шишиња со боја и со камења почнале да фрлаат во правец на собранието, каде биле...

Полицајците од Гошинце сведочеа за нападот на караулата на 21 април минатата година

На денешното рочиште од судењето за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, искази дале петмина сведоци на Обвинителството, четворица полицајци од караулата Гошинце и роднина на еден од обвинетите. Полицајците, како што пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на информации од официјални претставници на судот, раскажале дека биле нападнати од две групи, кои ги...

Можен терористички напад во Белгија на 15 јануари

Белгиското федерално обвинителство предупреди дека нов терористички напад би можел да се случи на 15 јануари, една година по спречувањето на нападот во Вервје, на истокот од земјата. - Постои ризик дека некој ќе се обиде да изврши напад во нашата земја на 15 јануари - изјави федералниот обвинител Фредерик ван Леув, за белгиски локален медиум. Групата исламисти планирале да извршат напади...

Чешки полицајци ќе им помагаат на македонските во справувањето со мигрантската криза

Чешката влада планира да испрати 25 полицајци во Македонија како помош за земјава во справувањето со мигрантската криза. Ова било соопштено денеска по состанокот на земјите од Вишеградската група (В4), кој се одржа во главниот град на земјата, Прага. Како што пренесуваат чешките медиуми, доколку владата на Чешка го одобри испраќањето на полицајците, тие треба да бидат распоредени во Македонија...

Нападнато полициско возило во Санкт Петерсбург – двајца загинати

Двајца полицајци се убиени во рускиот град Санкт Петерсбург, кога непознати напаѓачи отвориле оган врз полициско возило. Двајцата полицајци загинале, а третиот добил изгореници откако возилото се запалило. Засега не се знае каде се наоѓаат напаѓачите и во тек е потера по нив. Мотивот за нападот, исто така, сè уште не е утврден, иако според некои извештаи во руските медиуми, полицискиот автомобил следел...

Спасовски ги пофали полицајците, Чавков ги искара грчките колеги

Оддавам признание на македонските полицајци кои денеска добро се справија со целата оваа ситуација и покрај повредените колеги, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасвоски, кој синоќа заедно со заменикот-министер, Митко Чавков, ги посети полицајците што беа повредени при судирот со група мигранти на границата со Грција. Заменик-министерот Чавков рече дека поради специфичноста на состојбата, полицијата не можела соодветно да реагира...

Курдски бунтовници убиле тројца турски полицајци

Три турски полицајци загинаа во напад на полициско возило на југоистокот на земјата, во близина на границата со Ирак, од курдските бунтовници, соопштија безбедносните извори. Југоистокот на Турција честопати е место на судири меѓу владините сили и на бунтовниците. Во обновените судири, по двогодишниот прекин на огнот меѓу државните сили и Работничката партија на Курдистан (ПКК), кои почнаа во јули, загинаа стотина...

Авганистан: 18 полицајци исчезнале по нападите на талибанците

По нападот на талибанците во авганистанската провинција Фарјаб, на северозападот на земјата, исчезнале 18 полицајци. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Седик Седичи, рече дека шефот на регионалната полиција и 17 негови лица не се достапни од понеделникот. Милитантите тврдат дека го задржале шефот на регионалната полиција, кој е ранет во борбата, заедно со 13 полицајци. Талибанците ги напаѓаат авганистанските сили на...

„Коха“: Од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат Албанци

Процедурата за избор на кандидати кои ќе бидат вработени како полицајци во Министерството за внатрешни работи (МВР), е во финална фаза и за кратко време ќе се заокружи бројката од 600 лица што ќе ја облечат сината униформа, пишува во денешното издание дневниот весник на албански јазик „Коха“. Според информациите на весникот, од 600 нови полицајци, 46 ќе бидат од албанската...

Тројца полицајци ранети во Каиро

Тројца полицајци се ранети во експлозија на бомба во Каиро, соопштија извори од египетската влада. Оттаму наведуваат дека станува збор за продолжение на серија терористички напади. Експлозијата се случила во богатата населба Хелиополис, на северостокот на главниот град на Египет. Одговорноста за нападот засега никој не ја презел. Египетската влада се обидува да го запре насислството на Синајскиот Полуостров кое трае...

На конкурсот на МВР за вработување 600 полицајци, се пријавиле 2.622 кандидати

Министерството за внатрешни работи денеска почнало со првата фаза на селекција на кандидатите за полициски службеници. На конкурсот за вработување 600 полицајци, според МВР, се пријавиле вкупно 2.622 кандидати. Првата фаза на селекција на кандидатите опфаќа проверка на моторичките способности. „Во Центарот за обука во Идризово и во касарните „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, во согласност со подготвениот план и агенда за...

МВР го зголемува бројот на полицајци за 6 проценти

Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за прием на 600 полицајци. Како што се наведува во огласот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе бидат вработени 435, а другите во останатите градови во земјата. Според податоци кои „Блумберг“ ги објави во 2008 година, во Македонија имало 9.905 полицајци. Во 2014 година Иво Котевски изјавил дека имаме околу 8.500 полицијаци,...

Убиени тројца полицајци при судири со милитантите во Тунис

Тројца полицајци денеска се убиени во судир со милитантите на контролен пункт во централниот дел на Тунис, јавува државната агенција ТАП. Еден милитант е убиен, а еден е уапсен, се наведува во извештајот. Безбедносните сили на Тунис ги зајакнале мерките против џихадистичките групи откако вооружени лица во март годинава убија група странски туристи при напад на музејот Бордо, кој се наоѓа...

Општина Прилеп им изрази сочувство на семејствата на загинатите полицајци

Пo немилите настани што се случија вчера во Куманово, во кои загинаа осум полицајци, со порака на сочувство до семејствата на загинатите полицајци се огласи и Општина Прилеп. „Со длабока жал и тага ја прифативме веста за загинатите и повредени припадници на безбедносните сили. Општина Прилеп им изразува сочувство на фамилиите на загинатите херои, кои се наша гордост и секогаш ќе...

Повредените полицајци се во добра здравствена состојба

На Хируршките клиники во Скопје, во моментов, се згрижени 20 пациенти и сите се во стабилна здравствена состојба, информираат од Министерството за здравство во врска со здравствената состојба на хоспитализираните припадници на безбедносните сили на Република Македонија. „Во ГОБ „8 Септември“ се згрижени девет припадници на безбедносните сили на Македонија, сите се во добра здравствена состојба и се очекува во тек...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...