fbpx
Таг: политика

таг: политика

Меркел: Одвратно е ако убиецот е азилант, но нe ја менуваме политиката кон бегалците

„Она што синоќа се случи во Берлин, Германија го разбира како терористички напад. Би било одвратно ако убиецот е некој кој како мигрант добил заштита од Германија“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по синоќешниот напад во Берлин, зад коj, според првичните информации на германските власти, стои мигрант од Пакистан. Таа истакна дека е згрозена од тоа што синоќа се случи на Брајтшедплац...

Во Струга се одржа панел-дискусија за економска и политичка вклученост на младите

Во организација на „Порака нова“ и „Млади инфо“, денеска во Струга се одржува панел-дискусија „Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија“. Поголема вклученост на младите во јавниот живот и во процесите на донесување одлуки на локално ниво се едни од клучните цели на регионалниот проект „Средиште на младински банки на Западен Балкан и Турција“,...

Обама: Мишел никогаш нема да се кандидира за политичка функција

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, ги отфрли шпекулациите дека досегашната прва дама, Мишел Обама, би можела еден ден да се кандидира за политичка функција. Обама во интервју за магазинот „Ролинг стоун“, дадено еден ден по претседателските избори во САД, а кое е објавено денеска, вели дека Мишел Обама има неверојатен одѕив кај американскиот народ. - Таа е талентирана личност, тоа...

Бејли: Не очекувам промена на политиката кон Македонија по изборите во САД

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на „Фејсбук“ оствари комуникација во живо со македонските граѓани за претседателските избори во САД. На прашањето да ги прокоментира надворешните политики на двајцата кандидати, Хилари Клинтон и Донал Трамп, Бејли истакна дека како федерален претставник, тој не смее да дава поддршка на некој од кандидатите, но истакна дека политика кон Македонија нема да се промени. –...

Заев: Ние имаме план за живот во Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на средба со граѓаните во чаршијата во Велес им вети дека планот на СДСМ е да направи децата да не заминуваат од државата. - Најголемата болка за сите нас е нашите деца да останат овде. Јас имам ќерка средношколец, син во основно образование. Мојот план како родител е децата да се запишат на високо образование овде,...

Хан – Груевски: Исполнети се условите за одржување предвремени избори

Актуелните политички случувања, изборите и мигрантската криза биле темите на разговор на средбата меѓу еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Соговорниците констатирале дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Груевски посочил дека изборите се единствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот...

Иванов: Неодлучноста на ЕУ да ја деблокира интеграцијата е една од причините за кризата

Неодлучноста на Европската Унија и на НАТО да ја деблокираат интеграцијата на Македонија беше една од главните причини за политичката криза во Македонија, што кулминираше оваа година. Ова, меѓу другото, го кажа претседателот Ѓорге Иванов на панел-дискусијата посветена на проширувањето на Европската Унија на конгресот на Паневропската унија во Виена. - Неодлучноста на Унијата да ги надмине блокадите и заморот од проширувањето...

Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“ во Скопје

Во летниот Научен центар на МАНУ, Куќата на Уранија во Охрид, денеска се одржува вториот Меѓународен филозофски дијалог „Исток - Запад“. Годинашна тема е „Правото меѓу политиката и етиката“, а го организираат Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите, Филозофското друштво на Македонија и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“. Учествуваат повеќе реномирани излагачи од Полска, Србија,...

Димовски: СДСМ тргува со националните и со државните интереси

ВМРО-ДПМНЕ е против воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија, изјави денеска на прес-конференција Илија Димовски, член на извршниот комитет на владејачката партија. Тој рече дека евентуално изедначување на македонскиот и на албанскиот јазик на целата територија е апсолутно неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ. Според Димовски, со најавите за воведување на двојазичност на цела територија на Македонија се напаѓа Уставот и...

Богоев: За студентите на 11 декември доаѓа најважното прашање за заокружување

Претседателот на СДММ, Стефан Богоев, денеска на прес-конференција обвини дека студентите и оваа академската година ја почнуваат со трошоци кои се поголеми од она што може да си го дозволат просечните македонски семејствата. Тој рече дека минималната месечна плата во Македонија е 10.080 денари, а минималните трошоци за живеење и за студирање на студент сместен во студентски дом изнесуваат 10.277...

Груевски: СЈО е златната рипка на Заев

Работата на Специјалното јавно обвинителство претставува политичка пресметка, оцени поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервјуто за српскиот весник „Политика“. - Ме обвинуваат дури и дека би ја напуштил државата. СЈО треба да биде независно, а сега настапува како златна рипка и ги исполнува желбите на Зоран Заев. Токму негова единствена и најсилна желба е мене да...

ЗНМ: Менаџментот на „Телма“ смислено ја чисти телевизијата од критички новинари

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразува загриженост за последните случувања во телевизија „Телма“. Бркањето на 12 искусни и познати новинари претставува сериозно кршење на социјалните права на новинарите и понатамошно влошување на состојбата со слободата на медиумите - велат од ЗНМ. „Тврдењата на менаџментот на телевизијата дека укинувањето на работни места се прави поради лошата економска состојба на компанијата се неуверливи. Компанија која има проблем...

Бан Ки-мун ја критикува политиката на Австрија кон бегалците

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ја критикуваше сè порестриктивната политика на ЕУ кон бегалците. - Загрижен сум бидејќи европските држави усвојуваат сè порестриктивни политики за имиграцијата и за бегалците. Таквата политика има негативно влијание врз обврските на земјите членки кон меѓународното хуманитарно и европско право – изјави Ки-мун во обраќањето во австрискиот паралмент. Тој ова го истакна откако австрискиот парламент усвои еден...

„Македонија 2025“: Политичките несогласувања се бариера и сопирачка на економскиот развој

Одборот на директори на платформата „Македонија 2025“ е длабоко загрижен поради продолжувањето на политичката криза и смета дека земјата не смее да го губи времето на политички несогласувања кои се бариера и сопирачка на економскиот развој. Од платформата велат дека кризата му штети на процесот на намалување на невработеноста, промовирањето на извозот и на привлекувањето странски инвестиции. - Сите политички фактори во земјата...

Богов: Економијата е стабилна, нема опасност од девалвација на денарот

„Македонската економија е стабилна и нема опасност од девалвација на валутата. Деновиве Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) излезе со проекција за економскиот пораст во оваа година од 3,6 проценти, но беше искажана загриженост дека најновите политички случувања и политичка несигурност што владее во Македонија, може да го загрози овој потенцијален економски пораст“, оценил гувернерот Димитар Богов на учеството на пролетниот...

Коѕиас ги заладува односите и Ципрас и со Македонија?

Напукнуваат ли добрите врски меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас? Грчкиот весник „То Вима“ повикувајќи се на владини извори пренесува дека климата меѓу владиниот кабинет и грчкото Министерство за надворешни работи е заладена поради контрадикторниот однос на шефот на грчката дипломатија во врска со владините политики и одлуки за комуникација со македонската влада,...

Манчевски: Застануваме на патот на урбаната мафија во Карпош

„Ќе застанеме на патот на урбаната мафија. Не е дозволиво во подножјето на Водно да се градат висококатници и да се уништува зеленилото, а на неколку метри оттука да нема ни водовод ни канализација, да нема основни услови за живот“, изјави вчера потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој беше меѓу граѓаните во Карпош. Тој истакна дека сè додека во секоја општина, град,...

Иванов: Партиите не смеат да ја злоупотребуваат кризата за теснопартиски интереси

Испраќање јасна порака дека мигрантските коридори се затворени и заеднички пристап во борбата против нелегалната миграција се неопходни за решавање на бегалската криза, порача претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на денешната конференција „Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза“, што се одржа во МАНУ. - Партиите не смеат да ја злоупотребуваат кризата за...

Ангелов: Не Македонија, туку Европа ја затвори границата

Сè додека постои бегалскиот камп на Идомени, не се исклучува можноста за нов обид за масовно илегално преминување во Македонија, вели македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, во интервју за грчкиот веб-портал „Њузбист“, говорејќи за бегалската криза и за позицијата на Македонија во целата ситуација. Ангелов демантира дека Македонија одлучила да ја затвори границата и објаснува дека државите од Северна...

Ременски: 50 отсто застапеност на жените во политиката до 2020 година

„Со измените на Изборниот законик на Македонија, се изборивме за 40 проценти застапеност на жените во политичкиот живот и во процесите на одлучување, кандидирање и на избирање на важни позиции. Стратегија на идната влада е континуирано зголемување на тој процент до 50 отсто до 2020 година“, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски, на конференцијата „10...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...