fbpx

Димовски: СДСМ тргува со националните и со државните интереси

-

ВМРО-ДПМНЕ е против воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија, изјави денеска на прес-конференција Илија Димовски, член на извршниот комитет на владејачката партија.

Тој рече дека евентуално изедначување на македонскиот и на албанскиот јазик на целата територија е апсолутно неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ.

Според Димовски, со најавите за воведување на двојазичност на цела територија на Македонија се напаѓа Уставот и уставното уредување на државата, целосно се излегува надвор од Уставот и од уставно загарантираните права на етничките заедници и почнува процес кој никој на крај не знае дали ќе заврши со федерализација или со целосно распарчување на Македонија.

– Уставот јасно вели дека на целата територија на Република Македонија службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо, а друг јазик што го говорат најмалку 20 проценти од граѓаните, исто така, е службен во единиците на локална самоуправа каде што тие живеат во мнозинство или значителен број. Социјалдемократскиот сојуз во очај почнува да тргува со националните и со државни интереси и прави огромна штета на Македонија. Ова го заговара СДСМ подолг период наназад. Зоран Заев со претставници на албанската дијаспора разговараше за федерализација, Љубомир Фрчковски јавно заговараше претседател на Владата Албанец, Стево Пендаровски бараше поддршка за избори во Приштина, а не во Македонија. Господа од Социјалдемократскиот сојуз, ваквата антимакедонска политика нема да ви помине. Вашите членови, како и целиот народ треба јасно да знаат во која насока имате намера да ја водите земјата. Вие сте подготвени да се откажете дури од идеалите и од сонот на генерации Македонци само за да дојдете на власт – рече Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...