четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Пеленица | 16 резултати

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

декември 10, 2020

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО, склучила договор со компанијата како најдобар понудувач, избран на меѓународен тендер. Во моментов во тек се подготовките на теренските активности, а санацијата на малата депонија […]

Малата депонија на линдан во ОХИС може да се чисти и до три години

јуни 11, 2020

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС е голем проект, со кој се очекува по повеќе од четири децении, да започне решавањето на една од најголемите историски еколошки жешки точки во земјава. Отпадниот пестицид, кој е последица на работењето на хемискиот капацитет, долги години стои несоодветно складиран во дворот на ОХИС и претставува голема […]

Кој и како ќе го чисти линданот од малата депонија во ОХИС ќе се знае до крајот на месецов

мај 8, 2020

До крајот на мај би требало конечно да се знае кој ќе го чисти линданот од малата депонија во кругот на некогашната фабрика ОХИС, изјави за „Мета.мк“ Насер Нуредини, министер за животна средина. „Деновиве зборував со претставникот на УНОПС (Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги) за нашиот регион и му ја изразив загриженоста и […]

Нема пари за анализи на депонијата на токсичен линдан кај Пеленица, ќе се бараат преку донатори

март 30, 2020

Испитувањето на почвата во локалитетот Пеленица кај Драчево, потенцијално складиште на опасен линдан од ОХИС, нема да започне оваа година. Во Министерството за животна средина велат дека немаат формирано буџет за анализи на локацијата, но се работи на тоа пари да се обезбедат преку донатори. Пеленица е четвртата депонија на отровната супстанца, откако, покрај двете веќе […]

Еден милион евра од буџетот за чистење на линданот во ОХИС

октомври 23, 2019

Владата донесе одлука да одвои еден милион евра од годинешниот буџет за чистење на малата депонија на канцероген линдан во кругот на поранешната хемиска фабрика ОХИС во Скопје. Овие средства се само мал дел од потребната инвестиција во справувањето со еколошката катастрофа, која се смета дека е најголемиот еколошки проблем во земјата. Во краткото објаснување […]

Чистењето на токсичниот линдан во ОХИС ќе ја дочека новата година

август 16, 2019

Доцни почетокот на процесот на чистење на малата депонија со линдан во кругот на некогашната фабрика ОХИС во Скопје. Сè уште не е објавен меѓународниот тендер за изнаоѓање компанија која ќе го реализира чистењето на првата од неколкуте депонии со опасниот хербицид линдан и одредувањето на методата со која тој ќе се елиминира или неутрализира […]

Рашковски: Ќе има тендер за чистење на линданот од малата депонија кај ОХИС, за Пеленица немам овластувања

јули 11, 2019

Наредниве денови ќе се објави тендерот за отстранување на линданот од малата депонија, информираат од кабинетот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како одговор на прашањето што е превземено од страна на работната група на чие чело е токму тој, за депониите на опасниот линдан од некогашната хемиска фабрика ОХИС. Во мај минатата година, […]

Токсичниот линдан во Пеленица доби жичана ограда, но без никакви ознаки, забрани или предупредувања

мај 20, 2019

Оградена е депонијата на линдан лоцирана во месноста Пеленица блиску до скопската населба Драчево. По потврдата од Министерството за животна средина нашата екипа беше на локацијата и таму навистина затекнавме ограда, но од обична жица, со жичана врата и катанец, без никакви ознаки за што станува збор или предупредувања и забрани. По повеќе од три […]

Објавен тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица

март 25, 2019

Министерство за животна средина и просторно планирање го објави тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица. Тендерот првично беше најавен за до крајот на 2018 година, а потоа за до крајот на јануари оваа година, па на 11 март, за конечно да биде објавен на 22 март. Проценетета вредност на тендерот, […]

Два метра висока ограда ќе добие депонијата со токсичен линдан во Пеленица, Драчево

февруари 11, 2019

Тендерот за оградување на депонијата со линдан во излетничкото место Пеленица во Драчево ќе биде објавен деновиве, а оградувањето ќе се направи во најбрз можен рок, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета“. Ана Петровска, државната секретарка во Министерството, вели дека спецификациите за оградата се готови и дека е прашање на […]

Оградата за депонијата со линдан во Пеленица ќе биде прва јавна набавка во 2019 на МЖСПП

јануари 4, 2019

Оградувањето на дивата депонија со високо токсичен и канцероген линдан во Пеленица, Драчево, ќе биде првата јавна набавка на Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа година, потврдуваат од таму за „Мета“. Иако првично беше најавено дека депонијата ќе се огради до крајот на годината што измина, тимот на „Мета“ вчера беше на […]

Детална анализа на дивата депонија со линдан во Драчево, бара градоначалникот Темелковски

декември 21, 2018

Притискаме да се испита дали има линдан во Пеленица, бидејќи не сакаме да остане дамка на тоа излетничко место, а уште помалку сакаме да имаме нетретирани хемикалии „во нашиот двор“, вели градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во разговор за „Мета“. Тој вели дека сите сознанија што ги има Општината се од разговори што се […]

Страна 1 од 1