fbpx
Таг: парламентарни избори

таг: парламентарни избори

Предвремените избори во Косово на 11 или 18 јуни

Предвремените парламентарни избори во Косово би можеле да се одржат на 11 или 18 јуни, но поголемиот број партии се согласни изборите да бидат на 11 јуни, рече претседателот на Косово, Хашим Тачи, откако денеска имаше одвоени средби со лидерите на политичките партии. Тој разговарал и со претседателката на Централната изборна комисија, Ваљдета Дака. Собранието на Косово вчера изгласа недоверба...

Тројца Македонци во трка за пратенички места во Албанија

На парламентарните избори во Албанија, кои ќе се одржат на 18 мај, за пратеничко место ќе се натпреваруваат и тројца етнички Македонци. Тие ќе си ги пробаат шансите во изборната единица во Корча. Еден од нив е Васил Стерјовски, генералниот секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), кој е добро познат активист за правата на Македонците во Албанија. Партијата...

Груевски – Лопатка: ВМРО-ДПМНЕ низ законска дебата ги искажува ставовите во парламентот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Виена се сретнал со шефот на парламентарната група на владејачката партија и поранешен секретар во министерството за надворешни работи на Австрија, Рајнхолд Лопатка. На средбата Груевски го запознал соговорникот со актуелната политичка состојба, со позициите и со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на нејзиното надминување. Груевски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, посочил дека најбрз и...

Протести во Келн против конвенцијата на ултрадесничарската АФД

Левичарските демонстранти се судрија со германската полиција во Келн, пред почетокот на партиската конвенција на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АФД), пренесува ХРТ. Во судирите, според телевизијата, повредени се двајца полицајци. Во текот на денот во Келн се очекува да се соберат околу 50.000 демонстранти, кои ќе протестираат против јанкењето на влијанието на АФД. Членовите на партијата, на конвенцијата треба да ја...

Љуљзим Баша не сака на избори, Еди Рама сака дијалог без „бесмислени услови“

Додека истекуваат последните рокови за регистрација на политичките субјекти за парламентарните избори во Албанија, опозицискиот блок останува непоколеблив за решението да не се регистрира за изборите. Денеска истекува последниот рок во кој партиите или коалициите мора да се пријават во Централната изборна комисија за да може да учествуваат на општите избори на 18 јуни. Парламентарниот бојкот од опозицијата сега се...

Тесна трка на парламентарните избори во Бугарија

Граѓаните на Бугарија денеска гласаат на предвремени парламентарни избори во тесна трка помеѓу поранешниот премиер Бојко Борисов, кој со оставка издејствува избори, и опозиционите социјалисти кои се за приближување кон Русија. На избирачките места кои се отворени во 7 часот наутро, ќе се гласа до 20 часот кога се очекуваат првите процени од исходот на изборите. Право на глас имаат...

Мартин Шулц е избран за нов претседател на германските социјалдемократи

Германската социјалдемократска партија (СПД) денеска одржа конвенција на која за нов претседател на партијата едногласно е избран поранешниот претседател на Европскиот парламент и актуелен кандидат за германски канцелар, Мартин Шулц, пренесува ХРТ. Новиот претседател на СПД е сè поголема закана за Ангела Меркел, која сè до неодамна имаше отворен пат до нов мандат, но последните анкети покажуваат дека таа и...

Германија го зголемува степенот на готовност од сајбер-напади во пресрет на изборите

Германија го зголемува степенот на готовност од сајбер-напади, бидејќи интернет-страниците на владата секојдневно се мета на вакви напади во пресрет на парламентарните избори закажани наесен. „Забележуваме напади на владините мрежи на дневно ниво“, изјавил за викенд-изданието на весникот „Велт“, претседателот на германската федерална канцеларија за информатичка безбедност (БСИ), Арне Шенбом, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Според него, БСИ е во...

Парламентарни избори во Холандија

Изборните места во Холандија се отворени утринава, а резултатите од овие парламентарни избори со нетрпение се очекуваат во Европа поради тоа што тие би можеле да бидат индикатор за силата на крајната десница пред изборите во Франција и во Германија, кои треба да се одржат во текот на годинава. Во анкетите пред изборите, најдобро котираше актуелниот премиер Марк Руте со својата...

Димитриев: Нови избори се единственото решение за излез од кризата

Техничкиот премиер Емил Димитириев, при денешната посета на Делчево, го повтори партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека предвремени парламентарни избори, кои би биле организирани заедно со локалните, се единствениот излез од политичката криза. Димитриев забележа дека постизборните дискусии, според него, длабоко задираат во уставното уредување, а не биле дел од предизборната кампања или многу малку се зборувало за тоа. - Сметам дека ваквите...

Ангела Меркел повторно ќе се кандидира за канцеларка

Конзервативната Христијанско-демократска унија (ХДУ) денеска и официјално ја именуваше својата лидерка, Ангела Меркел, за кандидат на претстојните парламентарни избори во септември. Меркел добила поддршка од 95 проценти од делегатите на конвенцијата на партијата во сојузната држава Мекленбург-Западна Померанија, која се смета за нејзина политичка база. Истражувањето на јавното мислење покажува дека Социјалдемократската партија би можела да претставува голем предизвик за актуелната...

Меркел и официјално кандидатка на конзервативците на изборите во Германија

Германската конзервативна партија денеска постигна договор канцеларката Ангела Меркел да биде номинирана како нејзина кандидатка на изборите на 24 септември, без разлика на спорот за приливот на мигранти, соопштија денеска учесници на состанокот. Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), сестринска партија на Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел (ЦДУ), претходно ја критикуваше канцеларката затоа што дозволила повеќе од милион бегалци да влезат во Германија...

Мандатари и број на пратеници во независна Македонија – историски и графички преглед

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, го доби петтиот по ред мандат за составување влада со парламентарна бројност од 51 пратеник во законодавниот дом. Ова нема да е првпат мандатот за формирање влада да го добие кандидат на партија која на избори освоила најголем број пратенички места, а нема мнозинство од вкупниот број...

Социјалдемократите победија на изборите во Романија

Социјалдемократската партија на Романија (ПСД) победила на парламентарните избори во земјата, покажуваат резултатите објавени утрово, по преброени 99 осто од гласовите, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. На изборите што вчера се одржаа во Романија, социјадемократите освоиле 46 отсто од гласовите, а Националната либерална партија на десниот центар е на второ место со повеќе од 20 отсто освоени гласови. Во...

Нишани ги закажа парламентарните избори во Албанија за 18 јуни 2017 година

Албанскиот претседател Бујар Нишани денеска со указ ги закажа парламентарните избори во државата за 18 јуни 2017 година. Граѓаните на изборите ќе треба да изберат 140 пратеници во новиот парламент, со мандат од четири години. Досега меѓународната задница никогаш ги нема оквалификувано изборите во Албанија како целосно слободни или фер. Овие избори се сметаат за особено важни, имајќи предвид дека Албанија...

Во Црна Гора денеска се одржуваат парламентарни избори

Во Црна Гора денеска се одржуваат редовни парламентарни избори, четврти од стекнувањето на независноста на земјата. На изборите учествуваат 17 листи, од кои треба да биде избран 81 пратеник. Процените се дека ова ќе бидат едни од најнеизвесните избори. Борба за продолжување на евроатланскиот пат или приближување кон Русија? Надворешната политика е во фокусот на изборните кампањи, како на власта така...

ВМРО-ДПМНЕ ги закажа изборите – на „Фејсбук“?

На социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска беше креирана посебна страница за настан закажан за 11 декември, наречена „Парламентарни избори 2016 година“. Официјалното мото на настанот е „Ова е твоја земја, ти одлучуваш“. Како организатор и домаќин на настанот се јавува ВМРО-ДПМНЕ, односно официјалната ФБ-страница на владејачката партија. На ФБ-страницата која е запишана како домаќин на настанот, објавени се настани и текстови за владејачката партија. Сите објави на страницата се...

СДСМ: Ќе направиме темелна ревизија на буџетот за 2017 година на кадрите на Груевски

Опозицискиот СДСМ порачува дека буџетот за 2017 година што го одобрија кадрите на Никола Груевски во Владата, доколку биде усвоен од мнозинството во Собранието, ќе претрпи темелна ревизија и ќе биде проектиран исклучиво според потребите на граѓаните на Република Македонија. „Нагласуваме дека владата што сега функционира е техничка и е формирана само за организирање и за спроведување на предвремените парламентарни избори....

Партијата на Путин убедливо победи на парламентарните избори во Русија

На парламентарните избори за 450 пратеници на Долниот дом на рускиот парламент убедливо победи партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин. Партијата освоила 54,3 отсто од гласовите, со што ќе добие апсолутно мнозинство во парламентот. Комунистичката партија освои 14,9 отсто, а Либерално-демократската партија - 15,1 отсто од гласовите. Фондот на јавно мислење соопшти дека другите партии што учествуваа со свои кандидати на...

Путин ги повика граѓаните на Русија в недела да гласаат на парламентарните избори

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика граѓаните на својата земја в недела да гласаат на парламентарните избори, јавуваат светските агенции. „Барам да одите да гласате и да го изразите својот став“, изјавил Путин во телевизиски говор, кој не бил најавен од Кремљ. Тој изјавил дека учеството на гласањето е задача на секој граѓанин на земјата. „Убеден сум дека без разлика на...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...