Левичарските демонстранти се судрија со германската полиција во Келн, пред почетокот на партиската конвенција на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АФД), пренесува ХРТ. Во судирите, според телевизијата, повредени се двајца полицајци.

Во текот на денот во Келн се очекува да се соберат околу 50.000 демонстранти, кои ќе протестираат против јанкењето на влијанието на АФД.

Членовите на партијата, на конвенцијата треба да ја донесат програмата за следните парламентарни избори и да изберат ново раководство на партијата.

„Како една од водачите на партијата, уверена сум дека мораме да им покажеме на своите гласачи пред регионалните избори, а особено пред парламентарните, дека нашата партија се држи до реалните политички насоки. Не смееме да оставиме празен политички простор за ‘старите’ партии и за нивните прегласни поддржувачи кои само протестираат по улиците“, порачала Фрауке Петри од АФД.

Претставниците на АФД постојано го привлекуваат вниманието во јавноста со контроверзни изјави поврзни со германското минато, особено со периодот на нацизмот, како и со радикалните ставови поврзани со односот кон исламот и кон мигрантите.

Во Келн се распоредени околу 4.000 полицајци, што е најголема полициска акција во овој град од одржувањето на самитот на Г8 во 1999 година.