fbpx
Таг: отпуштања

таг: отпуштања

Синдикатот e против трансфер на административците во приватниот сектор

Синдикатот на администрацијата на Република Северна Македонија се противи на идејата на Владата за трансфер на административците во приватниот сектор. Од друга страна, бизнис секторот бара најпрвин да се информира за кадарот што ќе им се понуди, а Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) продолжува со спроведување на планот, пишува „Порталб.мк.“ До крајот на 2019 година, треба да се...

Манчевски: Вработувањата во администрацијата ќе бидат транспарентни

Отпуштања од јавната администрација нема да има, а вработувања ќе има согласно потребите и процесот ќе биде транспарентен, одговори на новинарско прашање министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на промоцијата на проектот „Една точка на услуги“. Тој додаде дека, веќе има природен одлив од администрацијата, односно намален е бројот на вработени, а точниот број ќе се знае во март, кога...

Тевдовски: Mинималната нето-плата ќе се зголеми на 12.000 денари

„Новата влада, веднаш по формирањето, во консултации со социјалните партнери, ќе го пушти во собраниска процедура законот за зголемување на минималната плата“, најави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Тој додаде дека минималната нето-плата ќе се зголеми на 12.000 денари и ќе важи и за индустријата за текстил, облека и за кожа. „Тоа значи дека околу...

Европските кредитори бараат нови построги мерки за штедење од Грција

Грција ја очекуваат нови отпуштања во јавниот сектор и итна приватизација на државни компании доколку грчката влада се согласи на барањата на кредиторите за кои се преговара, пренесува весникот „Та неа“. Потенцијалниот договор со кој би се затворила втората проценка на сработеното од грчката влада, се оценува дека ќе донесе ново финансиско стегање на ременот за грчките граѓани. Според „Та...

„Шел“ отпушта 10.000 вработени

Нафтената компанија „Ројал дач шел“ потврди дека ќе затвори 10.000 работни места поради голем пад на профитот. Во четвртото тримесечје од минатата година, компанијата оствари заработувачка од 1,8 милијарди долари, додека во истиот период претходната година заработи 4,2 милијарди долари, пренесува „Би-Би-Си“. Вкупните приходи во 2015 година биле 10,7 милијарди долари, двојно помалку во однос на 2014 година, кога компанијата имала профит...

„Дојче банк“ со рекордна загуба од 6 милијарди евра, ќе отпушти 9.000 вработени

Најголемата германска банка „Дојче банк“, во третиот квартал евидентираше рекордни загуби поради високите судски трошоци, како и отпис на вредноста на т.н. нематеријален имот и удел во една од кинеските банки, пишува „Њујорк тајмс“. Во период од јули до септември, нето-загубата на „Дојче банк“ достигнал 6,01 милијарди евра во споредба со загубата од 94 милиони истиот период лани. Директорот на банката, Џон...