fbpx
Таг: Обединети нации

таг: Обединети нации

Гутереш ги повика граѓаните на двете земји заедно да го придвижат процесот напред

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во писмена изјава го поздрави договорот кој што го постигнаа Македонија и Грција за решение на спорот за името. Тој ги поздрави сите засегнати страни за нивната решеност да му стават крај на долготрајниот спор и за покажаното лидерство. Гутереш им честиташе на сите кои што конструктивно учествуваа во напорите што доведоа до...

Иванов до Нимиц: Сакаме решение за името кое нема да задира во идентитетот

Македонија ќе продолжи и понатаму конструктивно да учествува во процесот за изнаоѓање на решение на наметнатиот спор од страна на Грција, кое нема да задира во идентитетот на македонскиот народ и нема да го наруши достоинството на македонските граѓани, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на средбата со медијаторот Метју Нимиц. На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, била разгледана...

ОН: Нема друг збор за Трамп освен расист

Обединетите нации остро ја осудија и ја нарекоа расистичка изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој африканскиte земји и Хаити ги нарече „дупки“. -Ако тоа се потврди, во прашање е шокантна и срамна изјава на претседателот на САД. Нема друг збор кој би можел да се употреби освен „расист“ – рече на прес-конфренција портпаролот на ОН, Руперт Колвил. Трамп на состанок...

Трамп ја критикуваше Кина поради наводите дека ѝ дава нафта на Северна Кореја

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја критикуваше Кина во врска со објавените информации во медиумите дека нафта од кинеските бродови незаконски била префрлана во севернокорејски бродови на море, јавуваат светските агенции. Трамп на „Твитер“ наведе дека Кина е „фатена во прекршок“ и дека е „многу разочаран што Кина дозволува нафтата да стигне во Северна Кореја“. Американскиот претседател додаде...

Во нападите на арапската коалиција во Јемен убиени 109 цивили, соопшти ОН

Во воздушните напади на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен загинале 109 цивили за десет дена, соопшти денеска координаторот на Обединетите нации (ОН) за хуманитарни прашања, Џејми Мекголдрик, јавуваат светските агенции. Според него, меѓу жртвите се 54 лица кои биле убиени во воздушните напади на пазар во западната провинција Таиз, како и 14 лица од едно исто...

САД ги намалија средствата кои им ги доделуваат на ОН

САД соопштија дека го намалуваат придонесот во буџетот на Обединети нации за повеќе од 285 милиони долари за фискалната 2018-19 година. Намалувањето ќе се однесува на управувањето и поддршката на ОН. Американската амбасадорка при ОН, Ники Хејли вчера изјави дека „неефикасноста и претераното трошење на ОН се добро познати“ и додаде дека САД нема да дозволи да се искористува „великодушноста...

ОН усвои резолуција за Крим

Генералното Собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која остро се осудува кршењето на човековите права на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Резолуцијата, во Русија се наведува како „окупаторска сила“, ја поднесе Украина со поддршка од 30 земји и беше одобрена од 70 држави членки. Дваесет и шест земји, меѓу кои и Русија, Белорусија, Казахстан,...

Фицо: Балканот повторно гори, потребна му е европска перспектива

Важно е на некои држави од Балканот да им се понуди европска перспектива, изјави во Њујорк словачкиот премиер, Роберт Фицо по разговорите со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. - Балканот повторно гори, неопходна е европска перспектива. Во спротивно нервозата во регионот ќе продолжи да расте – рече Фицо. Тој со Гутереш разговарал и за словачкиот проект чија цел е да...

Ердоган ќе бара поништување на одлуката на Трамп за Ерусалим во ОН

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе покрене иницијатива во ОН да се поништи одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим како израелска престолнина. Ердоган рече дека Турција најпрво ќе побара поништување на одлуката на Советот за безбедност на ОН и оти ако тој обид не успее прашањето ќе го покрене пред Генералното собрание на ОН. Лидерите на муслиманските...

Нова рунда од мировните преговори за Сирија следната недела во Женева

Новиот круг од мировните преговори за решавање на ситуацијата во Сирија под покровителство на Обединетите нации (ОН) ќе се одржи во Женева на 28 ноември. Ова било потврдено на состанокот на членовите на сириската опозција во Саудиска Арабија, јавуваат светските агенции. За нов предводник на делегацијата на сириската опозиција е избран Насер ал Харири, кој го замени радикалниот Ријад Хиџаб,...

ОН бараат да се одблокира Јемен, на луѓето им се заканува глад

Обединетите нации ја повикаа коалицијата предвидена од Саудиска Арабија, која го запре доставувањето хуманитарна помош во Јемен, да ја оконча блокадата. ОН предупредуваат дека околу седум милиони луѓе може да бидат погодени од глад. - Доколку овие канали, кои значат живот, не бидат отворени, ќе биде катастрофално за луѓето кои се во регионот, погоден од најголемата хуманитарна криза – рече портпаролот на...

Русија стави вето на резолуцијата за Сирија

Русија стави вето на резолуцијата на Советот на безбедност на ОН, со која требаше да се продолжи мандатот на инспекторите што ги истражуваат хемиските напади што силите на сирискиот претседател Башар ал Асад ги извршија во април годинава. САД побараа да се гласа за нацрт-резолуција со која на експертите на ОН и на Организацијата за заштита од употреба на хемиско оружје...

ОН предупредуваат на забрзан напредок на вооружувањето на Северна Кореја

Јукија Амано, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија која е дел од Обединетите нации, изјави дека Северна Кореја бргу напредувала во развојот на вооружувањето. Амано рече дека тоа го покажала шестата нуклеарна проба што Северна Кореја ја изведе на 3 септември. Тој предупреди дека таа најсилна нуклеарна проба на Пјонгјанг претставува нова закана. - Сега е најважно меѓународната заедница да се...

Кина нареди затворање на севернокорејските компании поради санкциите на ОН

Кина нареди затворање на поголем дел од севернокорејски компании кои имаа бизниси во оваа земја, поради санкциите на Обединетите Нации кон Северна Кореја, јавуваат светските агенции. Фирмите во сопственост на севернокорејски комапнии и поединци мора да бидат затворни во рок од 120 дена од усвојувањето на санкциите, било наведено во одлуката на кинеското министерство за трговија. Кина е најголем трговски партнер на...

Заев: Наша цел е да ја вратиме демократијата и да ја забрзаме интеграцијата во НАТО и во ЕУ

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност на основните демократски вредности, добро владеење, владеење на правото и почитување на човековите права, рече премиерот Зоран Заев на обраќањето на 72. Генерално собрание на Обединетите нациии во Њујорк. Заев оцени дека освен прилагодувањата на глобално ниво, потребно е секоја земја да се посвети на решавање и на домашните прашања. „Ние надминавме длабока политичка и институционална...

Гутереш охрабрува за надминување на спорните прашања

„Македонија е еден од најпозитивните примери за меѓукултурен, меѓурелигиски и меѓуетнички соживот. Ја цениме улогата што ја има вашата држава во регионот како фактор што го помага разбирањето и дијалогот меѓу државите. Македонија има голема поддршка од Обединетите нации и таа ќе продолжи и во иднина“, порачал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на средбата со премиерот Зоран Заев...

Димитров со низа билатерални средби на маргините на ГС на ОН

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на првиот ден на маргините од генералната дебата на 72. сесија на Генералното собрание на Обединети нации остварил билатерални средби со заменик-министерот за надворешни работи на Мексико, Карлос де Гонзалес Иказа, со министерката за надворешни работи на Канада, Кристина Фриланд, министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, исо  министерката за надворешни работи...

На Глобалниот бизнис-форум на „Блумберг“, Заев ќе се сретне со Хан и со Могерини

Премиерот Зоран Заев, во рамките на активностите за време на Генералното собрание на ОН, денеска ќе учествува на Глобалниот бизнис-форум на „Блумберг“, на кој ќе учествуваат шефови на држави и на влади, како и претставници на најголемите светски компании, информираат од владината прес-служба. Во текот на денот, Заев ќе има средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, а...

САД има бројни воени опции против Северна Кореја, вели шефот на Пентагон

Соединетите Американски Држави имаат „бројни“ воени опции против Северна Кореја, од кои повеќето не би ја загрозиле Јужна Кореја, односно би го поштедиле Сеул од брутален контранапад, изјвил американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, јавуваат светските агенции. „Пастојат многу воени опции кои можеме да ги примениме, заедно со нашите сојузници, за одбрана на сојузниците и на нашите интереси“, изјавил шефот на...

Заев и Трамп се ракувале во седиштето на Обединетите нации

Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се сретнал и се ракувал со американскиот претседател Доналд Трамп. Заев на својата фејсбук-страница тој сподели фотографија од ракувањето со претседателот на САД, Трамп, и напиша дека тој дал поддршка за иницијативата на Трамп преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Во Њујорк сум...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...