САД има бројни воени опции против Северна Кореја, вели шефот на Пентагон

-

Соединетите Американски Држави имаат „бројни“ воени опции против Северна Кореја, од кои повеќето не би ја загрозиле Јужна Кореја, односно би го поштедиле Сеул од брутален контранапад, изјвил американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, јавуваат светските агенции.

„Пастојат многу воени опции кои можеме да ги примениме, заедно со нашите сојузници, за одбрана на сојузниците и на нашите интереси“, изјавил шефот на Пентагон во Вашингтон, без да прецизира за какви воени станува збор.

Инаку, и покрај зовриената реторика помеѓу САД и Северна Кореја, засега нема позиционирање на американски воени сили кои би упатиле на непосреден воен судир.

Матис изјавил дека верува во дипломатијата и санкциите со кои се врши притисок на Пјонјанг за запирање на нуклеарната програма.

Северна Кореја во текот на летото го изведе шестиот, најголем нуклеарен тест досега и лансираше неколку интерконтинентални балистички проектили, по што Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесе нов пакет санкации против Пјонгјанг.

САД најавија дека ќе го искористат Генералното собрание на ОН, кое заседава оваа недела во Њујорк, да побара целосна примена на меѓународните санкции против Северна Кореја.

Инаку, за време на Корејската војна, од 1950 до 1953 година, животите ги загубија 50.000 Американсци и милиони Корејци.

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...