Таг: НЛБ Банка
таг: НЛБ Банка
За милионскиот грабеж во НЛБ, поднесени обвиненија против осум лица
Основното јавно обвинителство - Скопје до Основен суд Скопје 1 поднело обвиненија против осум лица, вработени во НЛБ, за кражбата на околу три милиони евра од трезорот на банката. Со обвиненијата се побарани и мерки за обезбедување присуство, односно за првите тројца обвинети е побарано продолжување на притворот, а за едно лице е определена мерка за претпазливост.
Обвинителството утврдило дека во...
Ограбен трезорот на НЛБ во Скопје, вработен однел 2 милиони франци и 270.000 евра
Вработен во НЛБ во Скопје од трезорот на банката вчера украл околу 2 милиони швајцарски франци и околу 270.000 евра. Случајот за „Мета“ го потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што информираат оттаму, кражбата вчера во 16.58 часот ја пријавил директор во банката.
Според информациите на МВР, 40-годишниот Б.С. од Скопје, вработен во банката, ги зел парите од трезорот,...
НЛБ ги намали каматните стапки на станбените кредити
Каматните стапки кај станбените кредити за приматели на плата се намалени до 0,6 процентни поени и почнуваат од 3,9 проценти фиксна каматна стапка за првите три години кај станбениот кредит „ризико“, информираат од НЛБ.
Оттаму велат дека станбените кредити се одобруваат без манипулативни трошоци, додека другите станбени кредити се одобруваат со 50 проценти пониски манипулативни трошоци.
Кај потрошувачките кредити, банката го...
ЕБОР и НЛБ ќе ги поддржуваат жените претприемачи со 300.000 евра
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Нова љубљанска банка (НЛБ), потпишаa договор за поддршка на жените претприемачи во Македонија.
ЕБОР ќе обезбеди три милиони евра кредит на НЛБ, за финансирање на мали и средни претпријатија, управувани од жени.
Програмата е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и на средните претпријатија (МСП) управувани од жени,...
НЛБ банка ги зголеми каматните стапки за кредитните картички
НЛБ банка ги зголеми каматните стапки за кредитните картички од 11,25 проценти на 12 проценти за постојните и новите клиенти.
„Ве информираме дека НЛБ Банка АД Скопје ги зголеми каматните стапки за кредитните картички „ виза класик“, „мастер кард стандард“ и „мастер кард лајт“, како и каматната стапка за дозволено пречекорување на трансакциска сметка за физички лица, од 11,25 проценти...
НЛБ Тутунска банка се преименува во НЛБ Банка
НЛБ Тутунска банка го смени официјалниот назив во НЛБ Банка, согласно Oдлуката за промена на назив усвоена од Годишното собрание на акционери на банката на 10 мај.
Промената на називот е во согласност со насоките на матичната банка од Словенија, чија цел е унифицирање и јакнење на брендот и поголема присутност на НЛБ Групацијата.
НЛБ Тутунска банка е основана во 1985...