петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: музеј | 40 резултати

Станот на Џими Хендрикс ќе стане музеј

октомври 30, 2015

Станот на третиот кат од зградата што се наоѓа до куќата на композиторот Георг Фридрих Хендл во 1968 година стана дом на Џими Хендрикс, а тоа беше времето на објавувањето на неговиот албум „Електрик лејдиленд“ (Electric Ladyland). Станот досега се користеше како работен простор на организацијата „Хендл хаус траст“, во чија сопственост се наоѓаат двата […]

Кари го подари шампионскиот дерс во музејот на Дражен Петровиќ

јуни 22, 2015

Кошаркарот на Голден Стејт ќе го подари дресот со кој настапуваше на годинешното финале во НБА во музејот на Дражен Петровиќ, со што ќе го исполни ветувањето што ѝ го дал на мајката на Дражен, Бисерка, пред повеќе од 20 години. – Ќе ми биде чест мојот дрес да се најде во музејот на легендарниот […]

Вработените во „Завод и музеј“ од Охрид не го поддржуваат протестот на Синдикатот за култура

април 16, 2015

НУ „Завод и музеј“ од Охрид, со соопштение испратено до медиумите, се огласи дека не го поддржува протестот на Синдикатот за култура. Во прилог се доставени и потписи на 26 вработени, заедно со директорката Тања Паскали-Бунташеска. „Врз основа на информациите од Министерството за култура, подготовките на новиот колектиовен договор во културата се во завршна фаза. […]

Украдени експонати од Спомен-куќата на Гоце Делчев во Битола

април 9, 2015

Вчера во битолската полиција била пријавена кражба на експонати од Музеј – Спомен-куќа на Гоце Делчев, на улицата Стево Патакот. Според полицијата, кражбата се случила во периодот од 3 до 8 април, кога непознат сторител насилно, преку влезната врата, провалил во музејот и одзел дел од експонатите, односно четири пиштоли, две пушки, две турски сабји […]

Уапсени 20 осомничени милитанти во Тунис

март 21, 2015

Повеќе од 20 лица се уапсени под сомневање дека се дел од милитантните борци што го извршија нападот врз музејот „Бардо“, во кој загинаа 23 лица, соопштија туниските власти. Нападот во музејот доведе до голема акција на силите за безбедност низ целата држава. – Уапсени се повеќе од 20 осомничени борци, меѓу кои има и 10 лица за […]

Деветмина уапсени поради вмешаност во терористичкиот напад во Тунис

март 19, 2015

Девет лица биле уапсени поради поврзаност со терористичкиот напад што вчера се случи во музеј во Тунис, а во кој загинаа 23 лица, од кои 20 странски туристи, јавува „Би-Би-Си“. Како што соопштиле туниските власти, четворица од уапсените биле директно поврзани со нападот, а другите петмина имале „врски со терористичката ќелија“. Одговорноста за нападот во […]

Тунис: 22 лица убиени во напад во музеј

март 19, 2015

Дваесет и двајца загинати, од кои 20 се странски туристи, е последниот биланс од вчерашниот напад во народниот музеј „Бордо“ во Тунис, соопшти туниското МНР. Тунискиот претседател Каид Есеби вети немилосрдна „војна против тероризмот“. – Сакам луѓето во Тунис да сфатат дека сме во војната против тероризмот и оти дивјачкото малцинство не нè плаши. Ќе […]

Пензионери од Скопје во организирана посета на Археолошкиот музеј

март 18, 2015

Пензионери од Скопје денеска организирано го посетија Археолошкиот музеј за да ги разгледаат артефактите и да се информираат за нивниот историјат од водичите во оваа национална установа, каде што беше и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и претседателот на Сојузот на пензионерите на Република Македонија, Драги Аргировски. – Пензионерите се овде денеска на нивна иницијатива […]

Почнува меѓународна конференција за новите пристапи во археологијата

јануари 23, 2015

Во Археолошкиот музеј на Македонија денеска почнува меѓународната конференција „Еден чекор понатаму: Мултидисциплинарен пристап во археологијата“(One step beyond: A Multidisciplinary approach in archaeology“), на која ќе бидат разменети новите и современи археолошки пристапи и методи и ќе бидат презентирани и претставени разни истражувања спроведени во Чешка, Србија, Турција и во Македонија. На конференцијата учествуваат археолози […]

Восочната фигура на Ванчо Михајлов предизвика големи реакции во Штип

декември 23, 2014

Бројни негативни реакции со барање да се отстрани восочната фигура на Ванчо Михајлов од новоотворениот музеј од Штип, предизвика видеозаписот со последното интервју на Михајлов. Контраверзниот лик, чија фигура е рамо до рамо со тие на Гоце Делчев и на Даме Груев во Музејот на ВМРО во Штип, во интервјуто на бугарски јазик жали што […]

Отворен Музејот на дејците на ВМРО во Штип

декември 20, 2014

Премиерот Никола Груевски денеска го посети Штип, каде присуствуваше на отварањето на Музејот на дејците на ВМРО од Штип и од Штипско и оствари работна посета на новиот далекувод на МЕПСО, кој ќе се протега од Штип до македонско-српската граница. – Ретко се наоѓаат вакви места во кои се родиле и вдомиле толку многу познати […]

Изложба „Млада Босна и сараевскиот атентат”

декември 12, 2014

Изложбата на архивски документи „Млада Босна и сараевскиот атентат“ е отворена во Музејот на Македонија. Поставката е подготвена од  Архивот на Република Српска во Бања Лука, по повод 100 години од Првата светска војна. Поставени се 38 паноа со 249 експонати, поделени во пет хронолошко­ тематски целини: Млада Босна, Подготвувачи и извршители на сараевскиот атентат, Сараевски атентат, Јулската криза […]

Како грчките студенти го видоа градот: Со грутка во грлото низ „Скопје 2014“

ноември 20, 2014

Ненадејниот наплив на млади грчки студенти кои гласно и љубопитно го разгледуваа и дисeцираа секој дел од центарот на градот, вчера во Скопје беше дел од научната екскурзија на група од 70 студенти од отсекот за балкански, словенски и источни студии при солунскиот Универзитет „Македонија“. Mладата Стела Трагуда и нејзиниот колега Стелјос Солемидис се одмараа […]

Грчки студенти во посета на Македонија

ноември 18, 2014

Студенти од солунскиот факултет „Македонија“ утре доаѓаат во посета и на предавања во Скопје. Околу 70 студенти од отсекот за балкански студии на факултетот, ќе присуствуваат на предавања на Факултетот за етнологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По предавањата е предвидена прошетка низ Скопје и посета на Музејот на македонската борба и жртвите од […]

Судот во Хаг ќе одлучува за сопственоста на Јени џамија во Битола

ноември 13, 2014

ИВЗ ќе бара од меѓународниот суд во Хаг да пресуди за сопственоста на Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола. ИВЗ ја тужи државата Република Македонија за да си го врати во владение овој верски објект. Заводот и музеј Битола, пак, најави дека џамијата за многу кратко време ќе стане музеј со […]

Од „ала франга“ до современа мода во Музеј на македонската борба

ноември 4, 2014

На 6 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во фоајето на Музејот на македонската борба, ќе се одржи модна ревија под наслов „Модните трендови и културата на живеење од „ала франга“ до современа мода“. Организатор на ревијата е НУ Музеј – Куманово, во соработка со  Музејот на македонската борба – Скопје. Преку фотографии и […]

Страна 2 од 2