fbpx

Восочната фигура на Ванчо Михајлов предизвика големи реакции во Штип

-

Бројни негативни реакции со барање да се отстрани восочната фигура на Ванчо Михајлов од новоотворениот музеј од Штип, предизвика видеозаписот со последното интервју на Михајлов. Контраверзниот лик, чија фигура е рамо до рамо со тие на Гоце Делчев и на Даме Груев во Музејот на ВМРО во Штип, во интервјуто на бугарски јазик жали што не царува бугарштината во Македонија, поради што, како што вели, „не може да заспие“.

Во интервјуто, на прашањето дали чувствува вина за нешто во животот, Ванчо Михајлов, вели:

– Сите ние кои не успеавме да ја осигуриме бугариштината на Македонија, сите имаме извесна вина. Но, како што бугарското не царува во Македонија, не можам ни да заспијам кога ќе помислам на тоа. Толкави жртви, толку војни водеше Бугарија и на крај работите дојдоа до овде – вели Ванчо Михајлов во своето последно интервју.

Неговата фигура итно треба да се отстрани или, со неговиот речник, да се ликвидира, пишува еден штипјанец на социјалните мрежи. Друг порачува да не го воздигнуваме, „туку Бугарите да му прават восочни фигури“. Во дискусијата полемизира штипјанец, историчар по професија, која потсетува дека тој период од историјата е таков – замрсен.

„Да не сфатиме погрешно дека го воздигнувам Михајлов. Меѓутоа, едно е во јавноста, друго е во науката. Е, сега, што нашите историчари се такви! Нема да ме чуди утре и на Џемо Балистот да му кренат споменик и да кажа дека е дел од нашата историја“, напишал историчарот.

Со пари од Министерството за култура, во саботата беше отворен Музејот на ВМРО, каде се поставени документи, фотографии со 11 восочни фигури на истакнати штипјани. На отворањето премиерот Никола Груевски го смести Михајлов во групата на штипските војводи.

– Ваква легенда од денеска пишува уште една карактеристична куќа- музеј, која од едно место и во посебен автентичен стил, ќе раскажува за славните даскали од штипско – Гоце Делчев и Даме Груев, за многуте револуционери , кои потекнуваат или дејствуваат во Штип и во Штипско, како што се Јордан Цицонков, Славејко Арсов, Тодор Лазаров, Стојан Донев Тосев, Славчо Ковачев, Ванчо Михајлов – рече на отворањето на музејот, премиерот Груевски.

150.000 евра беа потрошени за восочните фигури, меѓу кои и таа на Ванчо Михајлов. Поставката концепциски ја подготвија историчарите Зоран Тодоровски, Вера Ачковска и Никола Жежов.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...