fbpx
Таг: министер

таг: министер

Заменик-министерот за одбрана си поднесе оставка

Заменик-министер за одбрана на Република Македонија, Арбен Лабеништа, поднел оставка на својата функција. Лабеништа ја образложил оставката со тврдењето дека не сака да биде во влада со луѓе што со погрдни називи ги ословуваат Албанците. Во подолгиот напис, објавен на неговиот фејсбук-профил, тој наведува бројни причини за неговото целосно повлекување, а се засноваат на неговото незадоволство од начинот на кој ДУИ се...

Министерот за надворешни работи на Белгија во посета на Македонија

Заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Белгија, Дидие Рејндерс, во рамките на официјалната посета на Македонија, денеска ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Рејндерс, според најавите, ќе биде примен и од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Министерот за сообраќај на Италија поднесе оставка поради корупциски скандал

Оставка денеска поднесе италијанскиот министер за сообраќај и инфраструктура, Маурицио Лупи, поради, како што рече, политичка одговорност за местење тендерии. Против Лупи не е подигнато обвинение, ниту е покрената официјална истрага. Во корупцискиот скандал, вмешан е и синот на Лупи, кој од бизнисменот Стефан Пероти доби часовник „ролекс“ вреден 10.000 евра. Лупи посочи дека и нему му бил понуден часовник, но...

Груевски, мајсторот за упади

Кога ќе се спомене ненадејното појавување на премиерот Никола Груевски на прес-конференција, веднаш се помислува на неговата смислена тактика на „упади“. Тоа уште еднаш го покажа со последниот негов настап, во Владата на Република Македонија. Овој „упад“ се случи веднаш по објавувањето на четвртата „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, така што само еден час подоцна, Груевски, ненајавено и ненадејно, ги...

Средба на министерот Јолевски со амбасадорот на САД, Бејли

„Македонија и САД се две пријателски земји со исклучително развиена соработка на полето на одбраната. Оваа соработка претставува несомнена добивка за развојот на двете земји, но и за зацврстувањето на мирот, слободата и на безбедноста во регионот и во светот“, е заклучокот од денешната средба на министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и на амбасадорот на Соединетите Американски Држави во нашата...

Црногорскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Црногорскиот министер за надорешни работи и за евроинтеграции, Игор Лукшиќ, денеска е во официјална посета на Македонија. Тој ќе се сретне со својот македонски колега, Никола Попоски. Попоски и Лукшиќ ќе разговараат за досегашната билатерална и регионална соработка, а се очекува да бидат разменети мислења за европската перспектива на сите земји од регионот, како и за глобалните и за регионални...

Иванов денеска ќе се сретне со хрватскиот министер за одбрана

Министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ, денеска ќе има средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Хрватскиот министер за одбрана, кој од вчера престојува во посета на Македонија, се сретна со својот македонски колега Зоран Јолевски. Министерот Котромановиќ ги посети и Центарот за обука на пилоти и Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.

Министерот за одбара на Хрватска во посета на Македонија

Bо дводневна посета на Република Македонија ќе допатува Министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ, заедно со делегација од Министерството за одбрана. Тој ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски. Во рамките на посетата, министерот Котромановиќ ќе гi посети и Центарот за обука на пилоти и Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.

Адеми: Наставниците што штрајкуваат нема да земат плата

Наставниците што протестираат нема да добијат плата за јануари, рече од собраниската говорница денеска министерот за образование, Абдилаќим Адеми, одговарајќи на пратеничко прашање. - Во период на штрајк и кога се работи за нови барања врз основа на колективниот договор, член 54 алинеја 2, работодавецот е обврзан да исплаќа само придонеси за наставниците што се на штрајк. Наставниците не се информирани дека...

СОНК го одби предлогот на Адеми

Синдикатот за образование, наука и култура го одби предлогот на министерот за образование, Абдилаќим Адеми, прво да се прекине со штрајкот, па подоцна да се преговара. Оттаму велат дека ќе штрајкуват сè додека не почнат преговори со Министерството за образование. - За нас е неприфатлива понудата на министерот за образование за прекин на штрајкот и почнување на преговори. Таквата понуда...

Обработени само 4.670 барања од пријавени 40.000 за отпис на долговите

За отпис на долговите за социјално ранливите категории, досега се отпишани 427 милиони денари, за околу 4.670 барања. Од нив, 90 проценти се на лица приматели на социјална помош, истакнаа министерот за финасии, Зоран Ставрески, и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на денешната прес-конференција. Најголем дел од долговите се сметки за електрична енергија, односно 407, од вкупно...

Министерот за надворешни работи на Австрија во посета на Македонија

Денеска попладне, во дводневна посета на Македонија ќе пристигне министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц. Тој, според најавите, ќе има средби со премиерот Никола Груевски и со неговиот македонски колега Никола Попоски. Шефот на австриската дипломатија предвидено е да се сретне и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со потпретседателот на опозицискиот СДСМ, Радмила Шекеринска.

СДСМ: Кој ги чисти улиците од снег во Прилеп?

Директор на фирмата „Пела транс компани“, која неколку години по ред ги добива тендерите за одржување на улиците во Прилеп во зимски услови, е Бобан Синадиноски, близок роднина на министерот Миле Јанакиески, обвинува Миле Талевски, член на Советот на Општина Прилеп. - На интернет-страницата на електронскиот систем за јавни набавки, не можеме да најдеме објавен тендер за зимско одржување на улиците...

Почина поранешниот министер за здравство Милошевски

Поранешниот министер за здравство во коалициската Влада во 2001 година, професор Петар Милошевски, почина вчеравечер на 66-годишна возраст. Милошевски беше универзитетски професор и долгогодишен директор на Институтот за фармакологија и за токсикологија при Медицинскиот факултет на УКИМ. Погребот е утре, на Градските гробишта во Бутел.

Адеми в понеделник ќе се сретне со професорите

Покана до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, за средба в понеделник во хотелот „Александар палас“, денеска упати министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. „Водејќи се од принципите на транспарентност и на отвореност, како дел од дебатата за реформите што се спроведуваат во високото образование во Република Македонија и кои во својата суштина го имаат обезбедувањето на...

Најмногу интернет користат учениците и студентите

Министерот за информатичко општество за 2015 година најави повисок степен на развој на информатичкото општество во Македонија, подготовка на стратегија за креирање дигитална одржлива економија, многу повеќе услуги за граѓаните од институциите преку електронски едношалтерски систем, промени кај кабелскиот и кај телекомуникацискиот сектор. - Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 65 проценти...

Патниците преживеаја ноќен хорор на Пресека, министерот Јанакиески е незадоволен од „Македонија пат“!?

Не сум задоволен од работата на „Македонија пат“, но имам ветување од директорот дека во текот на утрешниот ден, патот од Извор и Пресека па сè до Ботун, кој е критичен, ќе биде прооден за сите возила. Ова синоќа во Охрид го рече министерот за транспорт и врски на Република Македоинија, Миле Јанакиески, откако и самиот од Скопје патувал...

Романија нема да го продолжи договорот со ММФ

Не гледам причина за продолжување на договорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со Романија, изјави романскиот министер за финансии. Според него, нема да се продолжи сегашниот договор, кој истекува кон крајот на септември следната година. Валков вели дека нов договор со ММФ не е приоритет и дека Романија е доволно стабилна да се справи без да добива насоки.  

Министерот за култура и спорт на Босна и Херцеговина во посета на Македонија

Министерот за култура и спорт на Босна и Херцеговина, Салмир Каплан, кој е во посета на Македонија, денеска ќе се сретне со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На средбата ќе се разговара за соработката во областа на културата меѓу двете земји. По средбата, тие ќе го посетат Турбето на крал Кзи, споменик на културата од османлискиот период, кој во изминатиот...

Тачи: Србија де факто го признала Косово

Србија де факто го признала Косово, изјави косовскиот заменик-премиер и министер за надворешни работи, Хашим Тачи. - Тоа де факто се случува на сите нивоа. Институциите на Косово ја контролираат целата држава и ние де јуре немаме присуство на Србија на Косово. Србите од северот се дел од Владата и од Парламентот. Освен тоа Косово е признато од 108 држави...

Акција за мерење на крвен притисок и гликемија утре во Градски парк

Специјалистите по семејна медицина утре ќе одржат акција наменета за граѓаните за мерење на крвен притисок, гликемија, пикфлоуметрија и давање на совети за здрави животни навики, соопшти Здружението на...