Почина поранешниот министер за здравство Милошевски

Поранешниот министер за здравство во коалициската Влада во 2001 година, професор Петар Милошевски, почина вчеравечер на 66-годишна возраст.

Милошевски беше универзитетски професор и долгогодишен директор на Институтот за фармакологија и за токсикологија при Медицинскиот факултет на УКИМ.
Погребот е утре, на Градските гробишта во Бутел.