среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Мендух Тачи | 63 резултати

Касами и Села ќе му дадат потписи на Заев за мандат, Ахмети тактизира и чека материјали

9 февруари 2017

Еврокомесарот за проширување и добросеседска политика, Јоханес Хан, ги заврши средбите со лидерите на политичките партии што имаат мандати во Собранието, Беса, Алијанса за Албанците, ДПА и ДУИ, на кои било разговарано за ставовите на партиите околу формирањето на новата влада. Потпретседателот на Беса, Африм Гаши, по средбата изјави дека тие се подготвени да ги додат […]

Мендух Тачи си поднесе оставка од функцијата претседател на ДПА

22 декември 2016

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, доцна попладнево преку својот официјален фејсбук-профил соопшти дека си поднел неотповиклива оставка од функцијата претседател на партијата. „Драги пријатели, само што ја напишав мојата неотповиклива оставка од функцијата претседател на партијата. Со ДПА до вонредниот конгрес колективно ќе раководи управниот совет, а дополнително ќе биде определен […]

Ахмети, Тачи, Касами и Села на постизборна средба со албанскиот премиер Рама

14 декември 2016

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со лидерите на албанските партии во Македонија, односно со претседателите на Движењето Беса и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијдин Села, а за денеска се закажани средби и со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Средбите на Рама со лидерите на четирите […]

Тачи ги повика МВР и ДИК што побргу да реагираат на изборните нерегуларности

11 декември 2016

Претседател на ДПА, Мендух Тачи, откако гласаше на гласачко место 1.961/1 во градинката „Младост“ во Тетово, денеска рече дека полека се создава клима на добри избори. Тој изрази надеж дека до затворањето на избирачките места нема да има некои поголеми проблеми. – Една добра вест досега е што во Зајас, Осломеј и во Кичево 1,5 […]

Тачи порача дека глас даден за ДПА е глас за промени

9 декември 2016

Гласот даден за ДПА на 11 декември е глас за промени, порача лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на завршниот митинг на партијата во Куманово. – Го барам вашиот глас да се избориме против злото и криминалот што го направи ДУИ во овие години на владеење. Го барам гласот на граѓаните за да бидеме помоќни во […]

Тачи: Во Тетово ќе вложиме 300 милиони евра и ќе го решиме проблемот со загадувањето

8 декември 2016

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на митингот во Тетово изјави дека за лошата состојба на Албанците виновни биле неговите политички противници од ДУИ. Тој побара Албанците на следните избори да го дадат гласот за ДПА, партија која нема да отстапи од нејзината платформа, која гарантира економска еднаквост на Албанците. – Ние ќе победиме на овие […]

Груевски презафатен да излезе на ТВ-дуел на МТВ и на „Телма“

7 декември 2016

Лидерите на четирите најголеми политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, нема да имаат предизборно телевизиско соочување. Вакви ТВ-дуели помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА беа закажани на неколку телевизии, но беа и откажани поради, како што соопштиле дел од лидерите, презафатеност. Изборно соочување помеѓу лидерите на четирите најголеми […]

Тачи: Албанците неправедно западнаа во долгови кои изнесуваат 1,7 милијарди долари

6 декември 2016

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг во Гостивар, изјави дека владејачката ДУИ воопшто не се грижела за интересите на Албанците и затоа, според него, целиот бизнис во Гостивар го воделе Македонци. – Нашата програма е вистинската, која се грижи за интересите на Албанците во Македонија. Ќе спроведеме закони за амнестија за сите долгови на […]

Тачи: Нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО

3 декември 2016

Европската Унија и НАТО се насоката по која треба да се движат Албанците во Македонија, порача лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица шест, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг на партијата во селото Слатино, Тетовско. Тој, во својот говор пред насобраните граѓани, ја обвини ДУИ дека иако е 13 години на власт, […]

Нема да правиме дупки во буџетот и ќе работиме домаќински, порача Тачи

2 декември 2016

На митингот кој ДПА го одржа во Желино, лидерот Мендух Тачи порача дека само со платформата која ја нуди ДПА, ќе се подобри статусот на Албанците. – Со оваа платформа, сакаме да се спречат агресијата и неоправданото казнување на Албанците – изјави Тачи. Тој додаде дека ако ДПА дојде на власт, ќе работи домаќински и […]

Тачи: Со заменик-премиер Албанец до целосна рамноправност

30 ноември 2016

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг кој неговата партија го одржа во Тетово, побара граѓаните да гласаат за ДПА, која ќе обезбеди целосна рамноправност на Албанците. Според Тачи, само со заменик-премиер Албанец, што е дел од програмата и од платформата на ДПА, албанскиот народ во Македонија нема да биде дискриминиран. – Од нашата […]

Тачи: Во идната влада ќе бараме да има само еден вицепремиер, но со право на вето

29 ноември 2016

Лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица 6, Мендух Тачи, вечерва на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско, порача дека ќе бараат во идната влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на владата. Тој истакна дека на овие избори имаат програма која се разликува од […]

Тачи: ДУИ ни донесе насилство, крв и затвори

27 ноември 2016

ДПА синоќа одржа митинг во Куманово, каде лидерот на партијата, Мендух Тачи, го обвини претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека на народот му донел само насилство. – Се залагаме и за закон за амнестија што ќе го донесеме за да не лежат во затвор сите осуденици од монтираните политички случаи. Такви ги има многу зошто ДУИ […]

Тачи: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да можат да ги повторат изборните нерегуларности

25 ноември 2016

„Изборите ќе бидат ставени под рендген, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема да можат да ги повторуваат нерегуларностите од минатите избори“, изјави денеска лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по неговата средба со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во седиштето на Европската Унија во Скопје. Тачи по средбата изјави дека со европратениците […]

Закони за фискална и за амнестија на затворениците Албанци, најави лидерот на ДПА

24 ноември 2016

Донесување на закон за фискална амнестија со кој сите Албанци ќе бидат ослободени од долговите кон државата и закон за амнестија на затворениците Албанци, најави лидерот на ДПА и носител на кандидатската листа за пратеници во шестата изборна единица, Мендух Тачи, на вечерашниот собир во гостиварското село Вруток. – Ова е многу важно и затоа […]

Тачи: Се залагаме да имаме заменик-премиер Албанец

23 ноември 2016

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, од предизборниот митинг кој неговата партија го одржа во Челопек, општина Брвеница, рече дека ДПА постојано инсистира на решавање на етничкото прашање во земјава, сè со цел да ја зачува нејзината стабилност и безбедност. – Некои велат дека нашата платформа не е модерна, дека го третира етничкото […]

Партиите го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

20 ноември 2016

Партиите денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, во согласност со одредбите на Изборниот законик. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, истакна дека изборите кои се фер, демократски и ги почитуваат принципите на демократијата и на доброто владеење, придонесуваат за демократски развој на општеството. – Сите учесници во изборите со своите активности го […]

Хашим Тачи е прогласен за почесен доктор на науки на ДУТ

14 октомври 2016

Со одлука на Сенатот на Државниот универзитет Тетово, косовскиот претседател Хашим Тачи вечерва беше прогласен за почесен доктор на науки. Титулата му ја додели ректорот на Универзитетот во Тетово, Вулнет Амети, каде по тој повод се одржа свечена церемонија. Тачи изјави дека е горд на признанието, за кое, како што рече, биле заслужни сите Албанци од […]

Хан утре ќе се сретне со обвинети, обвинители и со политичари на црни листи

13 октомври 2016

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утре доаѓа во Скопје, каде, според најавената агенда, ќе има средби со лидерите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, специјалната јавна обвинителка и со претставници на невладиниот сектор. За разлика од претходните средби, интересно е што овојпат ќе разговара со лица за кои […]

Почна лидерската средба во Клуб на пратеници

31 август 2016

Со доцнење од 40 минути, почна лидерската средба во Клубот на пратеници помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пристигна последен и сакајќи да ги избегне новинарите, во клубот влезе од задната врата. Него го дочека Александар Ѓеорѓиев, кој е портпарол на Владата. На средбата, […]

Страна 2 од 3